Економија
На Волстрит цените на акциите се зголемија во слабото тргување

На Волстрит во четвртокот цените на акциите пораснаа, благодарејќи на податоците кои покажуваат заздравување на американскиот пазар на трудот, па така индексот S&P 500 има шанси годината да ја заврши во позитивното подрачје.
На Волстрит во четвртокот цените на акциите пораснаа, благодарејќи на податоците кои покажуваат заздравување на американскиот пазар на трудот, па така индексот S&P 500 има шанси годината да ја заврши во позитивното подрачје.Индексот Dow Jones зајакна за 0,51 отсто на 12.169 поени, S&P 500 за 0,83 отсто на 1.254 поени, додека индексот Nasdaq се зголеми за 0,83 отсто на 2,599 индексни поени. Доброто расположени на инвеститорите дојде благодарејќи на зајакнувањето на американскиот пазар на трудот. Минатата седмица бројот на првите барања за помош за невработените паднал за четири илјади на 364 илјади што е најниско ниво за последните три ипол години. Охрабри, исто така, и податокот дека расположението на потрошувачите во САД во декември го достигнало највисокото ниво во последните шест месеци.„Заздравува пазарот на трудот, а падна и цените на бензините, па на граѓаните им остануваат повеќе пари за потрошувачката, на што укажува и добрата празнична шопинг сезона. Тоа ги поддржува тезите за јакнење на стопанството, па така стапката на неговиот раст во последниот годинешен квартал би можела да биде поголема отколку што се очекуваше пред само еден месец“, вели за Reuters Џим Мекдоналд, стратег во компанијата „Northern Trust Global Investment“.По серијата добри макроекономски податоци последните денови, повеќето економисти проценуваат дека растот на американското стопанство во актуелното тримесечје би можел да достигне и 3 отсто, што би претставувало негов најголем раст од 3,8-процентниот во пролетта 2010 година. Поради тоа инвеститорите не беа во четвртокот разочарани ниту од објавениот конечен податок за растот на домашниот БДП во изминатиот квартал за 1,8 а не како што беше претходната процена за 2.0 отсто.Благодарејќи на надежите за забрзување на растот на БДП-то, во четвртокот најмногу зајакнаа акциите во категориите кои се најчувствителни на стопанските движења. Така S&P индексот на финансискиот сектор скокна за 2,1 отсто, додека енергетскиот сектор зајакна за 1,1 а рударскиот за 0,9 отсто.Поттикнат од тоа индексот S&P 500 порасна трет ден по ред, па е на добар пат годината да ја заврши со добивка. Индексот Nasdaq, пак, уште е во минус во споредба со почетокот на годинава, а Dow Jones е во плус. На Волстрит, Америкен сток Ексџејнџ и Насдак, во четвртокот сопствениците ги разменија само 5,8 милијарди акции , додека минатогодишниот дневен просек изнесуваше 8,4 милијарди акции. Меѓутоа, аналитичарите предупредуваат дека овој раст на цените на акциите пред крајот на годината не значи и зголемување на процената за идната година, бидејќи најголемите проблеми коишто го притискаат пазарот, како што е европската должничка криза и забавувањето ан растот на најголемите светски стопанства, не се решени.„Идната година на пазарите ќе се води војна меѓу добрите макроекономски податоци од САД и изгледите за рас на стопанствата на земјите во развој, од една страна, и европската должничка криза, од друга страна“, вели Мекдоналд.И на европските берзи цените на акциите во четвртокот го завршија во позитива тргувањето. Индексот на берзата во Лондон FTSE 100 зајакна за 1,25 отсто на 5.456 поени, индексот на франфуртската берза DAX за 1,05 отсто на 5.852 поени а индексот на париската берза CAC 40 за 1,36 отсто на 3.071 индексен поен./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.