Македонија
Вељаноски го прифаќа предлогот на Иванов за формирање на експертска комисија
Претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски го прифати предлогот на претседателот на државата, Ѓорге Иванов за формирање на независна експертска комисија за околностите и настаните кои се случија на 24 декември.
„Добро е иницијативите за разрешување на актуелните политичките случувања да почиваат на добрата волја и да бидат комплементарни со нашите востановени парламентарни приоди и постапувања за политичките спорови и инциденти кои не можеле да се разрешат по пат на редовен парламентарен политички дијалог. И во оваа прилика би сакал да ја повторам и потенцирам мојата убеденост дека Република Македонија има политички и парламентарен капацитет да ги надмине сите политички несогласувања“ се вели во одговорот на Вељаноски.
Писмото со иницијативата на претседателот Иванов беше испратено до претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, до премиерот и претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и до лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски.
Според Иванов, претседател на Комисијата би го предложил токму претседателот на државата, но би бил избран со консензус. Тој предлага во Комисијата да членуваат уште пет експерти, еден предложен од претседателот, еден од владејачкото мнозинство, двајца од опозицијата и еден странски експерт, без право на глас, коj би бил предложен од претседателот на Собранието.
СДСМ не го прифати предлогот Иванов и лидерот на оваа партија, Бранко Црвенковски го оцени како уште еден обид на актуелната власт да се одложи соочувањето со сопствената одговорност.
„Во редовите на опозицијата постои искрена политичка волја за „заеднички да ги утврдиме и реализираме сите предуслови за слободни и фер предвремени избори како прв неопходен чекор за нормализирање на односите и враќање на демократијата во земјата“ пишува Црвенковски. /крај/со/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Кисела Вода
Од ЕВН Македонија АД информираат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улиците Китка, Солунска Глава, Сердарот покрај каналот и Јустинијан Први, општина Кисела Вода.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 09.00 до 00.00 часот.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, во вечерните часови повремен дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Во вечерните часови и во текот на ноќта во северните делови ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 11 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, во вечерните часови и во текот на ноќта ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на серија влажни воздушни бранови од утре во вечерните часови до понеделник следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни и во текот на 24 часа се очекува да наврне поголема количина дожд (над 30 l/m²).

