Свет
Самаранч бил агент на советското КГБ
Поранешниот претседател на Меѓународниот олимписки комитет бил еден од тајните агенти на поранешната советска тајна служба која му помогнала да додје до оваа функција
Ова сензационално откритие е дел од содржината на книгата „КГБ игра шах“ од Владимир Попов кој сега живее во Канада, кој едно време бил во врвот на ова злогласна советска тајна служба. Делови од книгата биле обајвени во гермнаски и норвешки медиуми. Попов тврди дека Хуан Антонио Самаранч бил помогнат да стане претседател на МОК, во замаена да стане ткн. „спортски генерал“ на КГБ.Оваа понуда според Попов, дошла во времто која Самаранч бил амбасадор на Шпанија во Москва од 1977 до 1980 г. Тогаш тој бил обвинет за шврец со антиквитети, накит и слики од СССР, иако имал допломатски имунитет. Како штое анведено, Самарнач избрал да соработува како таен агент, отколку да биде во центарот на дипломатски меѓународен скандал. Кога станал агент, Самаранч веќе бил потпретседател на МОК, а КГБ му ги обезбедил гласовите од претставниците на националните олимписки комитетите на источноевропските држави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Лавров: Америка го распарчува светот
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека САД го „распарчуваат“ светот со своите постапки кон Венецуела и Иран.
Лавров рече дека САД го фрагментираат меѓународниот систем со преземање на она што тој го нарече нелегална операција за соборување на венецуелскиот лидер Николас Мадуро и со закана кон Иран со напад.
„Зборуваме за грубо кршење на меѓународното право“, рече Лавров за операцијата на САД за апсење на Мадуро. Тој додаде дека Русија останува посветена на своите договори со Венецуела, руски сојузник.
Лавров посочи дека САД го оштетуваат сопствениот имиџ со напуштање на принципите што ги промовираа толку долго. „Нашите американски колеги изгледаат несигурно кога дејствуваат на овој начин“, предупреди Лавров на прес-конференција со својот намибиски колега во Москва.
Запрашан за извештајот на Блумберг дека претставникот на Белата куќа Стив Виткоф и зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, сакаат да ја посетат Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин, Лавров истакна дека Путин постојано повторува дека е отворен за сериозни мировни разговори во Украина.
„Би било корисно ако Вашингтон ја информираше Москва за најновите мировни предлози за Украина“, истакна Лавров.
Свет
„Последиците би биле невидени кога би се загрозил суверенитетот на сојузниците“, предупреди Макрон
Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени, изјави францускиот претседател Емануел Макрон на денешната седница на кабинетот, алудирајќи на напорите на американскиот претседател Доналд Трамп да ја преземе контролата врз арктичката територија.
„Не ги потценуваме изјавите за Гренланд“, рече Макрон, според портпаролката на владата Мод Брежон.
„Доколку суверенитетот на една европска земја и нејзините сојузници биде загрозен, последиците би биле невидени. Франција ја следи ситуацијата многу внимателно и ќе дејствува во целосна солидарност со Данска и нејзиниот суверенитет“, додаде тој.
Претходно во текот на денот, претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави дека постои силна врска меѓу ЕУ и Гренланд и дека народот на Гренланд може да смета на поддршката на ЕУ.
Министрите за надворешни работи на Данска и Гренланд ќе се сретнат подоцна денес во Белата куќа со потпретседателот на САД, Џеј Ди Венс, по неколкунеделните закани од претседателот Доналд Трамп против Гренланд, автономна територија во рамките на Данска.
Свет
Јапонската премиерка ќе го распушти парламентот и ќе свика предвремени избори
Јапонската премиерка Санае Такаичи планира да го распушти парламентот следната недела и да свика предвремени општи избори, изјави во среда генералниот секретар на нејзината владејачка партија.
Според информиран извор и домашни медиуми, Такаичи размислува за одржување на изборите на 8 февруари. „Мораме да побараме нов мандат“, изјави Шуничи Сузуки, генерален секретар на Либерално-демократската партија, за новинарите по состанокот со премиерот во среда.
Како прва жена премиер во Јапонија, Такаичи сака да го искористи порастот на јавната поддршка за нејзината влада откако ја презеде функцијата во октомври за дополнително да го зајакне своето парламентарно мнозинство.
Сузуки рече дека изборите ќе им овозможат на гласачите да одлучат за новата коалиција на Либерално-демократската партија со десничарската Јапонска партија за иновации (ЈИП), позната како Ишин. Минатата година, Такаичи ја прекина соработката со долгогодишниот коалициски партнер Комеита.
„Една од причините за распуштањето на парламентот е тоа што претходните избори беа одржани под владите на Либерално-демократската партија и Комеита; јавноста сè уште не го дала својот став за промената на нашиот коалициски партнер“, рече Сузуки.

