Контакт

Книги

Романот „Дваесет и првиот" ќе биде објавен во Црна Гора

Објавено пред

Наскоро, во издание на Црногорското друштво на независните писатели (“CDNK”) од печат треба да излезе наградениот роман „Дваесет и првиот” на нашиот автор Томислав Османли.

dobivaj vesti na viber

Ова произлегува од „Одлуката за софинансирање програми од значење за остварувањето на јавниот интерес во областа на културно-уметничко творештво во 2013. година”, службен акт на Министерството за култура на Црна Гора.

Меѓу единаесетте наслови чие софинансирање го презема Министерството, се наоѓа и преводот на македонскиот роман „Дваесет и првиот” кој во 2010 година беше прогласен за Роман на годината на конкурсот на „Утрински весник”.

Суптилниот превод на црногорски јазик, со чувство за разликите во стилот и дијалектните форми на говорот својствени за оваа книжевна творба, го изработи Марина Маркоска. Уредник на изданието на книгоиздателството “CDNK” е книжевниот автор Милорад Поповиќ.

Инаку, минатата година црногорското книжевно списание „Ars” кое во секој број фокусира по еден автор, го претстави македонскиот автор Томислав Османли токму со одломка од романот „Дваесет и првиот”. Потоа, книгоиздателството “CDNK” го стави нашиот роман на својата издавачка програма барајќи и добивајќи финансиска поддршка од ресорното министерство. Во иницирањето и реализирањето на проектот од исклучително значење беше поддршката на Здружението на Црногорците во Македонија и активноста на неговиот претседател Мирослав Орландиќ ангажиран на македонско-црногорските културни поврзувања и комуникации.

Романот „Дваесет и првиот” е преведен и на српски јазик, и е подготвен за печат и во реномираната белградска издавачка куќа „Стубови културе” во која инаку се објавуваат најеминентните српски автори, при што книгата на Османли е првиот прифатен наслов на македонски автор.

Проектот на објавата на македонскиот роман и во Белград, инаку поддржан од преведувачката мрежа „Традуки”, за сега е ставен во мирување поради егзистенцијалната финансиска криза со која се соочува белградското книгоиздателство.

Веста за финансиската поддршка на наградениот македонски роман и неговото скорешно објавување во Црна Гора, доаѓа по информациите за суперлативите кои „Дваесет и првиот” на Османли, по минатогодишната загрепска промоција на хрватското издание во превод на Проф. Д-р Борислав Павловски, се’ уште ги добива како од страна на квалификуваното хрватско читателство, посебно од страна на хрватската книжевна критика./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Книги

Промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори

Објавено пред

На 29 април во 18 часот во Студентскиот културен центар ќе се одржи промоција на книгите „Историја на човештвото“ од Џани Родари и „Визуализација на современата македонска книжевност“ од група автори.

dobivaj vesti na viber

Двете изданија се резултат на соработката меѓу студентите и наставниот и соработничкиот кадар од Факултетот за ликовни уметности, Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ и Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Издавањето на книгите е поддржано од Инситутот „Данте Алигиери“ во Скопје, Здружението Данте Алигиери во Рим и Министерството за култура и туризам.

Прикажи повеќе...

Книги

Книгата „Мајсторот“ од Димитар Башевски објавена во Софија

Објавено пред

Во издание на издавачката куќа „Изида“ од Софија, деновиве е објавена книгата раскази мајсторот од Димитар Башевски. Тоа е трета книга од Башевски објавена во Бугарија. Претходно објавени се неговите романи „Бунар“ и „Круг“. Преводот на книгата „Мајсторот“ од македонски на бугарски јазик е на Тања Попова.

dobivaj vesti na viber

Во текстот кон објавената книга се вели дека „Димитар Башевски го води читателот на книжевно патување низ длабоките слоеви на човечките емоции и вечните потраги. Со екстремна леснотија и чувство за јазични нијанси, авторот слика живописни слики на љубов, страст и копнеж кои се испреплетени со огромните прашања за смислата на животот и човечкото место во светот“.

Димитар Башевски е автор на дваесеттина книги проза и поезија. Добитник е на највисоките книжевни и општествени награди во земјата. Неговите книги се преведувани и објавувани на повеќе европски јазици.

Прикажи повеќе...

Книги

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Објавено пред

Комисијата за доделување на наградите на Македонската асоцијација на издавачи за периодот меѓу два саема, по разгледувањето на апликациите и на примероците од книгите доставени од издавачите, на состанокот на 15.04.2024 г. донесе одлуки за доделување на наградите на МАИ меѓу двата саема во мај 2023 и април 2024 година.

dobivaj vesti na viber

Признание за најдобра едиција, при што основен критериум бил уредничкиот пристап, концептот на едицијата и унифицираниот изглед/дизајн, со 1. место наградена е едицијата „ПРОаЗА“ („Или-или“), со 2. место едицијата „Бранови“ („Антолог“) и со 3. место едицијата „Современи класици“ („Арс ламина“).

Признание за најдобар оригинален дизајн на корица добија „Не кажувам“ од Петар Андоновски, дизајнирана од Марко Трпески („Полица“), „Базирано врз речиси вистинити настани“ од Ѕвездан Георгиевски, дизајнирана од Наталија Лукомска („Бегемот“) и „Кабинет на чуда со ѕидови од огледала“ од Владимир Јанковски, дизајнирана од Марко Трпески („Антолог“).

Признание за најдобро ликовно-графички уредено издание добија „Варшава го исцртува Скопје“ од Кинга Нетман-Мултановска; автор на дизајнот: Петер Личковски („Бегемот“), „Костимот во Македонија од појавата на фотографијата до денес“ од Зорка Тодорова Младеновиќ; графичко уредување на „Арс ламина“ и „Гени, мени, сени“ од Владимир Лукаш (текст и илустрации), со графичко уредување на „Супрема“.

Признание за оригинални целосно илустрирани книги за деца (сликовници) добија „Си беше еднаш – Најубавите бајки на сите времиња“ (прир. Оливера Ќорвезироска, со илустрации на Наталија Лукомска) („Арс ламина “), „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“) и „Рокчето“ од Никола Маџиров, со илустрации на Анета Илиевска („Арс ламина“).

Во категоријата најкреативно издание каде влегуваат оригинални изданија за возрасни или за деца, кои се издвојуваат по својата нестандардност, признанија добија „Момчето од зборови / Девојчето од ноти“ од Катерина Николовска („Чудна шума“), „Шарени ириси“ од Јована Матевска Атанасова, со илустрации на Симонида Филипова Китановска („Арс ламина“) и „Мојата прва библиотека“ од Деспина Мукоска („Арс ламина“).

Признанието за автор на годината го доби Лидија Димковска („Три“).

 

Прикажи повеќе...

Најново

Топ52 минути

(Видео) Кузеска: Власта ги покачи платите на функционерите за 200 евра

Срамно и дрско – народoт едвај преживува, а власта ги покачува само платите на функционерите, обвини Богданка Кузеска, портпаролка на...

Македонија1 час

Студентите ќе добијат по 250 евра за набавка на електронски уреди од септември, најави Мицкоски

Премиерот, Христијан Мицкоски денес изјави дека Владата планира ученички стипендии за наредната година, а во однос на новинарското прашање за...

Македонија2 часа

Тошковски најави поголема набавка на униформи за полицијата од онаа за специјалците: Спорната набавка е законска, но немаше доволно критериуми во тендерот

На нов тендер Министерството за внатрешни работи ќе бара униформи за 6.000 полицајци, најави денес министерот за внатрешни работи Панче...

Македонија3 часа

Стојанче Ангелов ќе зема повисока плата: Владата одобрила покачување

По измената на коефициентот за пресметка на плата, одлука објавена во Службен весник, се зголемува и платата на директорот на...

Македонија4 часа

Во „Пониква“ не можеш ниту на одмор да одиш, а не пак да третираш сериозни медицински состојби: Филипче од Кочани со критики до власта

Претседателот на СДСМ Венко Филипче од Кочани, со критики до актуелната власт за како што рече, неспособноста да се справи...

Македонија4 часа

Изготвил лажни одобренија за градење, трошел повеќе од дозволеното за репрезентација и ненаменски трошел пари предвидени за гориво, кривична за градоначалникот на Росоман

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе кривична пријава против С.Н во својство на Градоначалник на Општина...

Македонија4 часа

Оваа учебна година направивме многу, обезбедивме учебници, ги зголемивме платите на наставниците и тие ќе продoлжат да растат: Јаневска за крајот на учебната година

На основците и средношколците што денес ја завршуваат учебната година им честитам на напорната работа и заслужениот успех. Пред вас...

Македонија4 часа

Власта системски го отстранува албанскиот јазик од јавната сфера, велат од ДУИ

Уставниот суд е во завршна фаза на подготовки за укинување на Законот за употреба на јазиците, истакнуваат од ДУИ. Од...

Македонија5 часа

Ниту повредените, ниту семејствата на починатите не се сами, Кочани е наш приоритет, велат од Владата

Трагедијата во Кочани во која животот во загубија 62 млади лица е од невидени размери, велат од Владата и додаваат...

Македонија5 часа

Цените повторно растат, а Владата реши да ги покачи платите само на функционерите, велат од СДСМ

Македонија повторно се соочува со огромен раст на цените и инфлацијата, а Владата реши да ги покачи платите на функционерите....

Свет5 часа

Орбан: Дипломатите мора да ја преземат контролата од генералите, оваа војна не може да се добие

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека на Украина ѝ е потребно примирје, преговори и мир, како и дека „дипломатите треба...

Свет6 часа

(Видео) „Останете во засолништата“ погодена породилна болница во Одеса, Киев со часови под силен руски напад

Русија изврши силен напад со беспилотни летала врз украинскиот главен град, изјави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодена...

Свет6 часа

Трамп: Непочитувањето нема да се толерира, ќе удриме посилно од кога било

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека учесниците на протестот во Лос Анџелес „имаат тенденција да плукаат во лице“ на членовите...

Свет19 часа

Руте: Русија би можела да не нападне во рок од пет години

Русија би можела да започне напад врз НАТО во рок од пет години, предупреди шефот на воената алијанса, Марк Руте,...

Македонија21 час

(Видео) Тренчевска: Хаосот во здравството не може да го среди министер информатичар

Владата, наместо да гради систем што треба да се грижи за здравјето на граѓаните, создава систем што го става во...

Македонија21 час

Aлиу нов министер за здравство

Попладнево пратениците во Собранието го избраа Азир Алиу за нов министер за здравство. Алиу кој доаѓа од редовите на коалицијата...

Македонија21 час

Даночна измама, перење пари, злосторничко здружување: кривични за 23 физички и 15 правни лица од Струмица, го оштетиле државниот буџет за над 94 милиони евра

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал криминал, во соработка со Оддел за криминалистичка полиција, Управата за финансиска полиција...

Македонија22 часа

Обвинителството не докажа дека таткото на Вања го сторил делото, освен нечија перцепција дека бил чуден, нема доказ дека е вмешан, вели адвокатот Туфегџиќ

По денешното судење за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и пензионерот Панче Жежовски, Владимир Туфегџиќ, адвокатот на таткото на убиената...

Македонија1 ден

Приведен бизнисменот Ристо Крмзов, осомничен за финансиски криминал

Полицијата утрово го привела Ристо Крмзов, бизнисмен од Струмица, за кого минатата година во септември беше отворена предистрага за финансиски...

Економија1 ден

Се зголемува цената на дизелот

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...