Контакт

Надворешна политика

Груевски и Орбан за унапредување на економската соработка меѓу двете држави

Објавено пред

Зголемување на билатералната економска соработка, можностите за превенција и минимизирање на заканите од глобалниот тероризам и механизмите за справување со предизвиците и ефектите од мигрантската криза беа дел од темите на средбата на македонскиот и унгарскиот премиер, Никола Груевски и Виктор Орбан, што се одржа во петокот во Будимпешта.
 

dobivaj vesti na viber

Зголемување на билатералната економска соработка, можностите за превенција и минимизирање на заканите од глобалниот тероризам и механизмите за справување со предизвиците и ефектите од мигрантската криза беа дел од темите на средбата на македонскиот и унгарскиот премиер, Никола Груевски и Виктор Орбан, што се одржа во петокот во Будимпешта.

 

 

Како што соопшти прес службата на македонската влада, на средбата станало збор и за интеграциите на Република Македонија во Европската Унија и НАТО.

 

Од страна на двајцата премиери биле поздравени одличните политички односи кои постојат помеѓу двете земји во сите сфери од взаемен интерес, кои се карактеризираат со континуиран и интензивен дијалог на највисоко ниво.

 

Беше истакната заложбата за унапредување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите, за што двајцата премиери ги истакнаа активностите што двете влади ги прават во тој контекст. Заеднички се констатираше дека има простор за зголемување на обемот на трговската размена и потенцијалот за инвестирање.

 

„Со оглед на нагласената економска димензија на посетата, најмногу простор во разговорот посветивме на можностите за дополнително интензивирање и продлабочувањето на билатералната економска соработка и на напорите што двете влади треба да ги направат во тој контекст. Се согласивме дека трендот на развој на економската соработка во последните години е позитивен, ветувачки, но и дека ни претстои уште доста работа, и има уште многу простор за интензивирање на економската соработка, и во смисла на поголема трговска размена и во смисла на повеќе инвестиции“, изјави Груевски.

 

Унгарскиот премиер Виктор Орбан на прес-конференцијата даде позитивна оценка за економските политики кои ги спроведува Република Македонија, истакнувајќи дека е потребно зголемување на економската соработка помеѓу двете земји.

 

„Европската Унија може да ја смета Македонија како една од најстабилните држави на Балканот. Од година во година нашата економска активност во Македонија се подобрува, но тоа се уште е под потенцијалите кои постојат во соработката помеѓу двете држави и се надеваме дека седницата на унгарско-македонскиот економски комитет на крајот на годинава ќе даде поттик за економската соработка, бидејќи знаеме дека политиката придонесува за соработка помеѓу бизнисмените на двете држави“, изјави Орбан.

 

Двајцата премиери разговараа и за европската интеграција на Република Македонија во светло на неодамна објавениот Извештај на Европската Kомисија и фактот дека веќе седум години по ред Македонија чека подготвена да ги отпочне пристапните преговори со ЕУ.

 

Премиерот Груевски истакна благодарност за поддршката која Република Унгарија ја овозможува за интеграција на нашата земја во Европската Унија и во НАТО.

 

„На денешната средба нагласив дека исклучително ја цениме и сме благодарни за отворената поддршка од Унгарија за членство на Македонија во ЕУ и НАТО. Унгарија е еден од нашите најголеми подржувачи за членство во НАТО и ЕУ и тоа е видливо на сите значајни настани каде што се зборува за Република Македонија, и тоа е нешто што ние високо го цениме и очекуваме заедно со нашите напори и заедно со напорите на другите наши пријатели во иднина да даде позитивен резултат“, изјави премиерот Груевски.

 

Тој истакна и дека Република Македонија ќе остане посветена на спроведување на преостанатите клучни реформски приоритети.

 

Премиерот на Унгарија Виктор Орбан истакна дека поддршката за реализацијата на европските и евроатланските интеграции на Република Македонија ќе продолжи и понатаму.

 

„Членството на Македонија во НАТО и во Европската Унија е севкупен европски интерес и покрај тоа што за сите нас е познат спорот кој цел овој процес го блокира. Унгарија отсекогаш била против тоа да вакви блокади успешно функционираат, наше мислење е дека перформансите на една држава треба да се проценат врз основа на заслугите и еден постоечки политички спор помеѓу една држава членка на ЕУ и една кандидатка за членка во ЕУ не смее да го попречи редот на преговорите кои се врз основа на заслуги. А Македонија има голем број на значајни заслуги гледајќи ги изминатите неколку години, спремна е да влезе како член во Европската Унија, има значаен економски раст, а некаде и го надминува европскиот просек, значи Европската Унија има потреба од оваа држава“, изјави премиерот Орбан.

 

Тој додаде дека интерес на Унгарија е сите држави на балканската територија помеѓу Унгарија и Грција да бидат членки на НАТО и на Европската Унија.

 

Соговорниците разменија погледи и информации поврзани со најголемата закана на денешницата – тероризмот, при што од двете страни беше осуден грозоморниот терористички напад во Париз. Беше потенцирано дека за поефикасна превенција и минимизирање на терористичките закани е потребна континуирана и сеопфатна акција на глобално ниво, за која двете земји даваат силна поддршка.

 

Мигрантската криза и последиците од неа врз Македонија, Унгарија и останатите земји од регинот, кои се наоѓаат на мигрантската рута, но и врз целиот европски континент, исто така беа тема на разговор на двајцата премиери.

 

Тие констатираа дека по одлуките на европските земји за обезбедување на проток на мигранти само и исклучиво од земји кои се загрозени од воени конфликти, се создава нова ситуација која создава нови предизвици за кои се потребни механизми за надминување на предизвиците. 

 

„Го запознав премиерот Орбан, дека мигрантската криза предизвикува огромен притисок врз човечките, материјалните и финансиските капацитети на Република Македонија. Сите надлежни државни институции вложуваат огромни напори за хуман и достоинствен третман и премин за мигрантите и бегалците. Повикуваме на интензивирање на координацијата со институциите на ЕУ, зголемена присутност на терен особено на македонско-грчката граница“, изјави Груевски.

 

Орбан истакна дека Унгарија дава поддршка на Македонија за справување со овој предизвик.

 

„На принципиелни основи разговаравме за кризата со мигрантите со која се соочуваат двете земји, при што разменивме информации за фактичката состојба на терен и предизвиците со кои се соочуваме“, изјави Орбан. /крај/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ3 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија5 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија6 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија6 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ6 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија6 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија6 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет8 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа9 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет10 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет10 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет10 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет11 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа11 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија21 час

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет21 час

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет24 часа

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...

Економија1 ден

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука...