Свет
Запленети близу 1,5 тони кокаин на Мартиник
Француската царина соопшти дека запленила рекордна количина од 1,39 тони кокаин на една едрилица, која пловела во близина на островото Мартиник.
Француската царина соопшти дека запленила рекордна количина од 1,39 тони кокаин на една едрилица, која пловела во близина на островото Мартиник.
„Вредноста на заплениот кокаин изнесува над 83 милиони евра“, се вели во соопштението, во кое се прецизира дека станува збор за најголема заплена на кокаин од страна на француските власти.
Како што пренесоа локалните медиуми, пратката била наменета за европскиот пазар. /крај/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
Втората црна кутија е пронајдена на местото на несреќата во близина на градот Актау во западен Казахстан, според окружниот сообраќаен обвинител Мангистау Абилајбек Ордабаев.
„Во авионот се пронајдени две црни кутии. Тие ќе бидат предадени на одделот за истрага на воздушни несреќи, а потоа ќе бидат прегледани“, рече тој на прес-конференцијата, пренесува Казинформ.
Според него, од повредените се земени изјави и се идентификувани сите сведоци, а се испитува и видеото од радио врската меѓу диспечерот и екипажот.
Свет
Лавров: Центрите за одлучување во Киев може да бидат цел на руски удари
Центрите за одлучување во Киев може да бидат директно цел на руски напади, во зависност од заканите кои доаѓаат, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, додавајќи дека Москва никогаш не напаѓа цивилни цели.
„Ние избираме цели за уништување на територијата на Украина само врз основа на заканите за Руската Федерација. Тоа може да бидат воени објекти, претпријатија од одбранбената индустрија, центри за одлучување во Киев, но одговорот на цивилните цели не е наше правило. Тоа се методите на нацистите кои се населиле во Киев со поддршка на Западот и на оние кои ги снабдуваат со оружје за уништување на цивилната инфраструктура и цивилите“, изјави Лавров пред домашните и странските новинари, пренесува ТАСС.
Лавров го привлече вниманието на фактот дека Киев секојдневно напаѓа „очигледно цивилни цели“ со беспилотни летала и западни проектили.
Свет
НАТО повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа
НАТО во Брисел повика на целосна истрага за причините за авионската несреќа во Казахстан.
„Нашите мисли и молитви се со семејствата и жртвите на летот Ј28243 на Азербејџан ерлајнс“, рече портпаролката на НАТО, Фарах Дахлалах.
На повредените во несреќата им посакуваме брзо закрепнување и повикуваме на целосна истрага“, додаде таа.
Our thoughts and prayers are with the families and victims of #AzerbaijanAirlines flight #J28243. We wish those injured in the crash a speedy recovery and call for a full investigation.
— NATO Spokesperson Farah Dakhlallah (@NATOpress) December 26, 2024