Македонија
Фото: Почнуваат карневалските лудории

Со дефилето на маски, во Вевчани денеска започнува еден од најстарите карневали во Европа. Оваа традиција вевчанци ја негуваат четиринаесет века. За овој ден, велат тие, живее секој вевчанец, јавува Ohridnews.
Со дефилето на маски, во Вевчани денеска започнува еден од најстарите карневали во Европа. Оваа традиција вевчанци ја негуваат четиринаесет века. За овој ден, велат тие, живее секој вевчанец, јавува Ohridnews.
-Кај да си за Василица дома да си, ќе кажат вевчанци.
И годинава Вевчани ќе биде отворен театар под маски. Покрај традиционалните зетот и невестата, глупавиот август, музичарите и други маски, вевчанци од горно и долно маало подготвуваат разни креации, а вообичаено само на нив својствен начин тие ќе го искажат мислењето на народот за актуелните состојби во државата.
Иако често се на тапет, неизбежен декор во Вевчани ќе бидат политичарите, а гости ќе има од сите краеви на земјата, но и од странство.
Загревањето за карневалот започна синоќа со рок хепенинг, а веселата атмосфера денеска ќе се пренесе низ сите вевчански куќи и ќе заврши длабоко во ноќта со посета на познатите вевчански извори.
Карневалска атмосфера денеска владее и во охридското село Куратица.
Карневалот започнува попладне во 17:00 часот со палење на василичарскиот оган и посета на сите домови во селото. Во најава вчера низ охридските улици продефилираа маскирани млади, а организаторот упати покана до охриѓани да го посетат карневалот на кој се очекуваат неколку илјади гости.
Главната манифестација, дефилето под маски, ќе се одржи утре. За посетителите обезбедени се околу 1000 литри вино и 400 литри ракија, а манифестацијата ќе биде збогатена со настап на групата Маестрал од Битола и Елена Велевска./крај/ohridnews/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Изгасанат е пожарот пред Пинтија, под контрола се пожарите во „Дрисла“ и Трубарево, активен е пожарот на Кожуф

Рано утрово пред четири часот изби тежок пожар во сервис за возила пред Пинтија (над Стаклара во местото наречено Каменик) во кој имаше повеќе автомобили, уље и други запаливи предмети, информира утрово директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Тој додаде дека БППЗ Скопје веднаш излегле на лице место и со 8 возила после тешка борба со огнот, пожарот бил изгаснат пред 6.00 часот.
Според последните информации од ЦУК до 07:00 часот утрово на територијата на Р.С.Македонија има вкупно 13 пожари на отворен простор, од кои 1 е активен, под контрола се 2 пожари, а изгаснати се 10 пожари.
Активни: 1
1. Општина Гевгелија: Кожуф планина кај с. Петрово (приземен пожар, лисна маса);
ПОД КОНТРОЛА: 2
1. Општина Студеничани: Депонија Дрисла (ѓубре);
2. Општина Гази Баба: с. Трубарево (електричен отпад);
Изгаснати: 10
1. Општина Пробиштип: нас. Калниште – с. Добрево (висока дабова шума и нискостеблеста вегетација);
2. Општина Кочани: м.в. Царев Врв, Осоговски Планини (ниска вегетација и стрништа);
3. Општина Шуто Оризари: ул. Нов Живот (ѓубре);
4. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков (ѓубриште);
5. Општина Студеничани: с. Горна Количани (ниска вегетација);
6. Општина Врапчиште: с. Неготино (ниска вегетација);
7. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
8. Општина Демир Хисар: Грејшки Пат (ниска вегетација);
9. Општина Куманово: градски гробишта (ниска вегетација);
10. Општина Липково: с. Оризаре (стрниште).
Македонија
Мицкоски треба да одговара за ширење страв и паника, по признанието на Тошковски дека нема центри на моќ зад пожарите, велат од СДСМ

Панче Тошковски во интервју призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се подметне пожарот во Трубарево и дека нема странски и домашни центри на моќ кои ја палат Македонија. Ова признание на Тошковски e директент демант на изјавите на Мицкоски, велат од СДСМ.
„Дополнително, признанието на Тошковски е потврда дека Христијан Мицкоски ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба со цел да ја покрие сопствената неспособност.
Ова е потврда и дека Мицкоски без основа ширел страв и паника во јавноста.
По ова признание на Тошковски, Христијан Мицкоски треба да одговара за предизвикување страв и ширење паника во јавноста без да се базираат на било какви факти и докази.
Ваква злоупотреба на безбедносната состојба само за да си го спасува рејтингот ниеден премиер не се осмелил да прави“.
Оваа влада и овој премиер, оценуваат во СДСМ, се опасност по граѓаните, по нивниот живот, по здравјето, но се опасност и по институциите кои ги множат со нула и по државата во целина.
Македонија
Без вода делови од Центар и Чаир

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, соопшти дека, денеска поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-200 мм, на ул. Бајрам Шабани бр. 7, од 09:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Бајрам Шабани, Челопек, Чаирска, Јајце и Ордан Чопела. (Општина Чаир)
· Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од фи-80 мм мм, на ул. Коле Неделковски бр. 59, од 08:00 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Коле Неделковски и Киро Крстевски -Платник. (Општина Центар)