Македонија
Во велешко засадени 50 илјади дрвца

Во седмата акција „Ден на дрвото“ засадени се повеќе од 50 илјади садници во близина на автопатот Велес – Градско
Успешна е седмата акција „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“. Засадени се повеќе од 50 илјади дврца, багрем, јавор и јасен. Надлежните во Ш.С. Бабуна се одлучија да се пошумува на парцела од 23 хектари во близина на автопатот Велес – Градско.„Оваа година акцијата е да се пошумуваат локалните и регионалните патишта и затоа ние се одлучивме за оваа локација која сметаме дека е поволна за засадување„ вели Гоце Петрушевски директор на Шумското стопанство Бабуна.И покрај лошото време граѓаните се одзваа на јавниот повик. На пошумувањето со првите автобуси дојдоа повеќе од 500 велешани, најмногу од средните и основните училишта, но и претставници на еколошките друштва, локалната самоуправа и велешките фирми.„Пријатно сум изненаден од фактот што граѓаните се повеќе ја прифаќаат оваа иницијатива и се одзиваат на поканата. Тоа е добар знак кој покажува дека се грижиме за животната среднина“, вели Ненад Коциќ претседател на ЕД „Вила Зора“„Секоја година доаѓам на ваквите акции. Досега насадив околу 40 дрва за што сметам дека е доволно ,но сепак малку ме загрижува односот на дел од советниците оти денеска тука се присутни само седум“, вели претседателот на Советот, Славчо Чадиев.Градоначалникот Горан Петров учествувајки на шестата по ред манифестација „Ден на дрвото –засади ја својата иднина“ ја најави и скорешната акција на засадување на дрвја во градскиот парк.„Со невладината „Ден на дрвото“, сме во преговори да ни дадат висока вегетација ,која ќе да посадиме во паркот како дел од активностите за негова ревирализација„вели градоначалникот Петров.Освен на големата парцела ,претставници на шумското стопанство днеска засадуваа дврца и покрај патиштата како дел од Националната акција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими Ристо Дурловски, претседател на организацијата „Обединети Македонци во Канада“.
На средбата, таа уште еднаш ја потврди својата определба за формирање на Совет за дијаспора, како политички исчекор во соработката меѓу државата и дијаспората. Во Советот, претседателката гледа институционален одговор на потребата од засилена и продлабочена комуникација со нашите иселеници во сите области.
Дурловски истакна дека примарна цел на Организацијата останува да биде промоцијата и заштитата на правата на Македонците во Канада, како и нивната интеграција во канадското демократско општество. За него, македонските корени се силна мотивација за поддршка на македонските национални интереси.
Соговорниците се согласија дека бројната македонска дијаспора може да биде фактор на зајакнување на канадско-македонските политички, економски, културни и други односи.
Македонија
Од утре авионско и терестрично прскање против комарци во Скопје

Градот Скопје ги известува граѓаните дека утре ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16 септември терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива на 12.09.2025 (петок) и на 13.09.2025 (сабота), во раните утрински часови.
2. Терестричната дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци и ларви од комарци ќе се одвива од 16.09.2025 (вторник) до 19.06.2025 (петок), во период од 22.00 до 03.00 часот, наредниот ден
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни, додаваат од Градот Скопје.
Исто така се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
Македонија
Зголемена фреквенција на возила на Табановце за излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Табановце за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30 минути.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, додаваат од АМСМ.