Свет
Кина повикува да се задушуваат домашните нереди во зачеток

Кина мора да изнајде нови начини за смирување на изблиците на јавно незадоволство, изјави во понеделникто началникот на домашната безбедност Жу Јонгканг, пренесува Reuters
Жу Јонгканг на својот персонал му рекол дека треба „да се прилагодат кон новите трендови и императиви во економскиот и општествениот развој“. „Трудете се да ги задушите конфликтите и немирите уште додека се во ембрионална фаза“, ја пренесуваат изјавата на Жу државните медиуми. Во текот на викендот, кинеските полицајци и цензори покажаа дека Комунистичката партија нема зошто да се плаши од протестите чија цел е да ги пресликаат народните немири на Блискиот исток, кои го отстранија од власт египетскиот претседател Хосни Мубарак и му се закануваат на либискиот диктатор Муамер ел-Гадафи. Полицијата во неделата разбрка неколку десетици луѓе, кои се собраа во центарот на пекинг и на Шангај, по повиците упатени од кинески сајтови регистрирани во странство, за собири налик на „Јасминовата револуција“. Полицајците и новинарите ги имаше во поголем број од оние кои учествуваа на протестите и случајните минувачи кои се затекнале на плоштадот. „Не мислам дека ова некогаш беше сериозен план. Повеќе беше налик на претстава или божемни протести. Јас воопшто не бев вклучен во организацијата и се чини дека полицијата едноставно ги апсеше сите на кои се сети“, вели Суи Веипинг, академик од Пекинг на која не и било дозволено да го напушти својот дом во неделата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Се урна покрив на супермаркет во Германија, двајца се тешко повредени

Две лица се тешко повредени, а уште двајца се со полесни повреди при делумно уривање на покрив на супермаркет во Лаухринген, Југозападна Германија, во близина на границата со Швајцарија, соопшти полицијата, пренесува ДПА.
Инцидентот се случил вчера околу 17:45 часот по локално време во делот на супермаркетот каде се наоѓала контролната сала, во квартот Валдшут.
Причините за уривањето се уште се истражуваат, а не е познато колку купувачи биле во продавницата во моментот на несреќата.
Свет
Руските сили извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу загинатите е и бебе

Руските сили ноќеска извршија нов масовен напад врз повеќе региони во Украина, меѓу кои и главниот град Киев, каде е погодена главната зграда на украинската влада. Во нападот, како што соопштија утрово украинските власти, убиени се три лица, меѓу кои и едно бебе.
Според извештатите, Киев бил цел на напади со беспилотни летала и ракети истрелани од Русија, а покрај убиените, во нападот се повредени и 18 лица, а десетици згради биле опожарени.
Ова е првпат зграда на украинската влада да биде оштетена во руски напад од почетокот на војната.
Свет
Зеленски тврди дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави синоќа дека речиси 60 проценти од оружјето што го користи украинската армија се произведува во Украина. Тој, во своето редовно вечерно обраќање до нацијата, додаде дека ова претставува надминување на целта што ја поставил пред два месеца.
– За време на војната, Украина стигна до тоа речиси 60 проценти од оружјето што е во рацете на нашите војници да биде украинско производство, рече Зеленски во видеообраќањето.
– И тоа се моќни оружја, со низа модернизации, нагласи тој.
Зеленски и други украински претставници со месеци го истакнуваат напредокот во домашното производство на оружје како клучен фактор за идната одбрана на земјата.
Во обраќањето тој се осврна и на заедничкиот проект за производство на оружје со Данска. Во јули, Зеленски го повика новото владино раководство да обезбеди најмалку 50 проценти од оружјето за армијата да се произведува во Украина.
Тогаш тој наведе дека украинското производство обезбедува околу половина од оружјето на армијата – највисоко ниво од прогласувањето на независноста на земјата во 1991 година.