Европа
Фридрих: Германија нема да фрла пари во грчката дупка без дно
Германија нема да фрла пари во грчката дупка без дно, а трпението со оваа земја е сѐ потенко пред парламентарните избори на 17-ти јуни, рече во саботата германскиот министер за надворешни работи Ханс-Петер Фридрих.
Ханс-Петер Фридрих, кого многумина го сметаат за најтврдокорниот член на владата на германската канцеларка Ангела Меркел, во разговорт за весникот Leipziger Volkszeitung вели дека на Германија, најголемата европска економија и најголемиот донатор на средства во спасувањето на Грција, и’ е мило да и’ помогне на оваа земја, но и дека за возврат очекува дека ќе се почитуваат преземените обврски.
„Не сме расположени да фрламе пари во дупка без дно. Секој кој од нас сака солидарност, мора да прифати дека ние за возврат очекуваме одредено ниво на сериозност и одредено ниво на одговорност“, рекол Фридрих.
Фридрих, министер од редовите на Христијанско-социјалната унија (CSU) беше првиот германски министер кој уште во февруари годинава ја повика Грција да ја напушти еврозоната. Иако неговите нови изјави очигледно се наменети на смирувањето на германската јавност којашто е загрижена од ситуацијата во Грција, веројатно ќе ги отвори старите рани во односите меѓу Берлин и Атина.
Германскиот министер за финансии, Волфганг Шојбле, исто така, пред неколку месеци ја нарече Грција „дупка без дно“, но тоа повеќе не го повтори по огорченоста што неговата изјава ја предизвика во Атина.
Грција беше принудена да закаже повторување на предвремените парламентарни избори откако на 6-ти мај ниедна политичка партија не освои доволно мнозинство во парламентот за да може да формира влада. Грчките партии се поделени меѓу поддржувачите и противниците на жестоките мерки за штедење, чиешто спроведување е услов којшто го поставија Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Грција во замена за новиот пакет финансиска помош од 130 милијарди евра и бришењето на долговите кај приватните кредитори коишто ги имаат во своите портфолија грчките дражавни обврзници, што достигна до 105 милијарда евра.
Јирген Фитчен, номиниран за претседател на извршниот одбор на најголемата германска комерцијална банка Deutsche Bank во петокот изјави дека Грција е пример на „пропадната држава“.
„Грција е единствената земја којашто, според мое мислење, можеме да ја наречеме пропадната. Тое е корумпирана земја, нејзиното политичко лидерство е корумпирано“, рече Фитчен.
И јавното мнение во Германија сѐ повеќе се свртува против останувањето на Грција во еврозоната. Анкетата на телевизијата ZDF објавена во петокот покажа дека само 31 отсто од испитаниците сакаат Атина да остане во зоната на единствента европска валута.
Но вообичаено, контроверзниот левичарски нобеловец за книжевност, Гинтер Грас во саботата во весникот Sueddeutsche Zeitung објави поема под наслов „Европска срамота“ во која го осудува начинот на кој Европа се однесува кон Грција./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украина почнува да го користи американскиот систем „Темпест“
Украина очигледно го распоредила најновиот американски противвоздушен ракетен систем „Темпест“ со краток дострел. Откритието доаѓа од видео објавено од Командата на воздухопловните сили на Украина на почетокот на оваа година, за кое аналитичарите велат дека го прикажува системот во акција.
Командата на воздухопловните сили на Украина го објави видеото како дел од својата новогодишна порака, на кое се гледа одбивањето на воздушен напад без никаква официјална најава или идентификација на новото оружје. Сепак, украинската аналитичка група „Водохраи“ подоцна објави дека видеото всушност го прикажува системот „Темпест“ како пресретнува руски дрон за време на ноќен напад.
Американската одбранбена компанија V2X ја претстави платформата „Темпест“ на изложбата на Здружението на армијата на Соединетите Американски Држави (AUSA) во октомври 2025 година, но трансферот на системот во Украина не е јавно објавен. Противвоздушниот ракетен систем „Темпест“ е дизајниран да се справи со беспилотни летала, хеликоптери и авиони што летаат ниско во сите временски услови.
Европа
Русија изврши уште еден голем напад со дронови во текот на ноќта
Русија изврши голем напад врз Украина преку ноќ со 156 ударни дронови од типот „Шахед“, „Гербера“ и други. Од вкупниот број, околу 110 летала беа дронови камикази од типот „Шахед“, информираше Командата на украинските воздухопловни сили, како што објави „Украинска правда“.
Според прелиминарните податоци објавени до 8 часот наутро, украинските сили за воздушна одбрана успеале да соборат или електронски да блокираат 135 руски ударни дронови. Одбраната дејствувала на широка област, опфаќајќи ги северните, јужните, источните и централните делови на земјата.
И покрај високата стапка на пресретнување, регистрирани се 16 погодоци на ударните дронови на вкупно 11 локации. Покрај тоа, остатоците од соборените дронови паднале на две места.
Воздухопловните сили, противвоздушните ракетни единици, средствата за електронско војување, единиците за беспилотни системи и мобилните противпожарни групи на украинските одбранбени сили учествувале во одбивањето на воздушниот напад. Властите предупредуваат дека нападот сè уште е во тек и дека неколку руски дронови сè уште се во украинскиот воздушен простор.
Европа
Туристи заглавија во Финска поради екстремно ниските температури
Илјадници туристи останаа заробени во северна Финска откако екстремно ниските температури ги приземјија авионите и принудно откажаа летови.
Температурите на аеродромот Китила во Лапонија паднаа на рекордно ниско ниво од -37°C во недела наутро, предизвикувајќи прекини во воздушниот сообраќај, објави Скај њуз.
Арктичкиот студ го погодува аеродромот со денови, што ги прави операциите на аеродромот, вклучително и клучното одмрзнување на авионите, речиси невозможни. Сепак, постои надеж за блокираните британски туристи, со летови до Манчестер и Лондон закажани за понеделник попладне. Успехот на тие летови останува неизвесен бидејќи метеоролозите предвидуваат дека температурите сепак ќе бидат околу -28°C.
Иако жителите на финска Лапонија се навикнати на сурови зими, овогодинешниот студен бран, кој погоди големи области на северна, централна и источна Европа, беше поинтензивен отколку во претходните години. Обилните снежни врнежи, силните ветрови и заледените патишта го направија патувањето опасно низ овој дел од континентот.
Во Германија, патниците со железнички превоз доживеаја големи доцнења и откажувања во неделата откако националниот оператор „Дојче Бан“ ги запре сите услуги на северот од земјата. Властите во Северна Рајна-Вестфалија, најнаселената покраина во Германија, објавија дека сите училишта ќе бидат затворени во понеделник поради ниските температури, а наставата ќе се одржува преку интернет.
Во балтичките земји Естонија и Литванија, возачите беа повикани да ги одложат сите непотребни патувања поради прогнозираните снежни бури. Соседна Латвија, исто така, издаде предупредување за снег за западниот дел од земјата.

