Спорт
Србија може да биде исфрлена од квалификациите за Еуро 2010
Европската фудбалска федерација УЕФА, претпладнево соопшти, дека најитно ќе биде покрената истрага и дисциплинска постапка против сите одговорни за прекинот на натпреварот од квалификациите за пласман на Еуро 2012, Италија-Србија
. Во моментот кога ќе бидат комплетирани извештаите на судиите и делегатот на натпреварот, независна комисија на УЕФА и дисциплинската комисија на организацијата ќе расправаат околу санкциите за сите одговорни. Од УЕФА наведуваат дека ќе биде применет и членот 14 од Дисциплинскиот правилник, според кој, одговорните можат да бидат казнети, од играње на натпревари пред празни трибини, до исфрлање од натпреварувањето кое е во тек, како и од следните натпреварувања кои се во организација на УЕФА. Сигурно е дека Србија ќе добие драстична казна, но во УЕФА се размислува да биде казнет и организаторот, Фудбалскиот сојуз на Италија. На челниците на УЕФА не им е јасно како еден национален сојуз кој конкурираше за организација на ЕП во 2016, не е во можност да организира еден квалификациски натпревар и да се справи со 500 хулигани. УЕФА поставува прашање, што работело обезбедувањето кога на стадионот хулиганите успеале да внесат ножеви, метални шипки, топовски удари и факели. Планирано е првиот состанок на комисијата да биде одржан на 28 октомври.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Познати се 34 учесници на СП, вечерва ќе бидат познати уште пет од Европа
За првиот Мундијал во историјата со 48 репрезентации останаа уште 14 слободни места. Вечерва, од европската зона, уште пет селекции ќе изборат пласман на Светското првенство во Канада, САД и Мексико.
Седум европски репрезентации: Англија, Франција, Хрватска, Норвешка, Германија, Холандија и Португалија го обезбедија своето место на планетарната смотра.
Вечерва се закажани последните десет натпревари од десеттото коло, по што ќе добиеме уште пет победници на групите. Репрезентацијата на Македонија игра во Велс и се бори за второто место на табелата во Ј групата. Нереално е да се очекува Белгија да биде поразена од аутсајдерот Лихтенштајн. На Белгијците им е потребен еден бод за да го обезбедат првото место.
Во слична ситуација Швајцарија и Шпанија во групите Б и Е. Двете репрезентации имаат исклучително добра гол разлика и чудот ќе биде потребно Косово и Турција да дојдат до првите места во овие групи.
Ситуацијата е поинаква во групите Ц и Х, таму ќе се води директна борба за првото место, но мала предност имаат репрезентациите на Австрија и Данска.
На Австрија и е потребен бод во дуелот на домашен терен против Босна и Херцеговина. Исто така, Данска, со бод на жешкиот терен во Глазгов, против Шкотска ќе се пласира на Мундијалот.
Сите натпревари вечерва ќе започнат во 20.45 часот.
Списокот на репрезентации со обезбеден пласман на СП:

Спорт
„Шумарите“ ја одредија цената за Елиот Андерсон
Газдата на фудбалскиот клуб Нотингем Форест, Евангелос Маринакис, ја одреди цената за најдобриот играч, Елиот Андерсон.
Англискиот репрезентативец може да го напушти клубот, само соколку некој за неговите услуги е подготвен да плати 100.000.000 фунти, односно 113.000.000 евра.
Андерсотн е клучен за играта на Нотингем Форест, има најмногу допири, најмногу комплетирани додавања, најмногу додавања во последната третина, најмногу освоени топки, дуели и дриблинзи како централен играч од средниот ред.
Комплименти за неговата игра подели и селекторот на Англија, Томас Тухел.
„Тој е еден од најдобрите играчи од средниот ред во Премиер лигата, затоа е со нас и затоа е стартер. Андерсон е клучен играч за нас“, рече Тухел пред натпреварот со Албанија во квалификациите за Светското првенство.
Елито Андерсон има 23 години, минатата година потпиша го продолжи договорот со Форест до 2029 година без откупна клаузула, што на клубот му овозможува да ја одреди цена, доколку тој изрази желба да замине.
Според шпекулациите, сериозен интерес за Андерсон покажува Манчестер јунајтед. Рубен Аморим е во потрага по фудбалер кој ќе го замени во стартниот состав ветеранот Касемиро.
Спорт
(Видео) Контроверзи и тензична атмосфера на трибините во Подгорица
Тензична атмосфера го одбележа натпреварот меѓу Црна Гора и Хрватска во Подгорица.
„Коцкестите“ славеа по големиот пресврт (3:2), а во регионалните медиуми, повеќе се зборува за навивачите отколку за играчите.
Гостинските навивачи, извикуваа „За дом спремни“ (усташки поздрав од периодот на Втората светска војна) и „Убиј го Србинот“, додека Црногорците ги придружуваа таквите извици со свирежи.
Тие не застанаа тука, па Црногорците потоа возвратија со „Усташи, четници, заедно бегавте“.
Имаше и транспаренти, па „Торцида“ постави еден со натпис „Се слушаат вресоци од Дубровник, пу..те к.р четници, нема прошка“.
Ова најверојатно е одговор на транспарентот на црногорските навивачи, кој го развиорија на „Максимир“ и со кој бараа прошка за опсадата на Дубровник во војната во поранешна Југославија.
Ustaše, četnici,
zajedno ste bježali. pic.twitter.com/gMbymRHExe— efikasnareakcijanadležnihinstitucija (@MilosPrelevic) November 17, 2025

