Спорт
ЈАР и Франција пред испаѓање
Домаќинот на Мундијалот, Јужна Африка, денеска го игра последниот натпревар во групата А, на стадионот „Фри стејт“ во Блумфонтејн,против Французите. Сепак, се зависи од вториот меч, Уругвај-Мексико, кои можеби нема да дозволат Франција или ЈАР да се пробијат понатаму
За Јужноасфриканците тоа може да биде и последниот на ова Светско првенство, а исто така и за Франција. Двете екипи бркаат висок резултат, со надеж дека можеби на вториот натпревар меѓу Мексико и Уругвај резултатот нема да биде нерешен. По лошите резултати од претходните две кола, по реми и пораз, денешните ривали себеси се доведоа во безизлезна ситуација. „Галските петли“ пак, од завчера одбија да тренираат во знак на протест поради праќањето на Никлас Анелка дома. Патрис Евра се расправал со тренерот за време на тренингот, по што ја изгубил контролата и јафрлил акредитацијата. Сепак, како што пренесуваат агенциите, на вчерашниот тренинг на “триколорите“ се поминало мирно. Чиста енигма е како Рејмон Доменек ќе се спротивстави на домаќинот денеска, но сигурно е дека Тери Анри, овојпат ќе игра. Затоа пка, Жереми Тулалан мора да седи на клупата заради два жолти картони во претходните натпревари. „Фокуситани сме на тоа да го победиме противникот со што поголема разлика. Ќе се потрудиме да постигнеме што повеќе голови со надеж дека на вториот натпревар нема да заврши нерешено. Важно е дека имаме уште шанси“, вели селекторот Рајмон Доменек.Слично е расположението и меѓу фудбалерите на Јужна Африка. По убедливиот пораз од Уругвај со 3:0, на удар се најде селекторот Карлос Алберто Переира. „Не можеме да чекаме грешка на противникот, ќе мора да нападнеме, со што преземаме ризик“, вели Переира. Во неговата репрезентација нема да може да игра голманот Куне, кој заработи црвен картон против Уругвај, а ќе го замени Жозеф. Во почетната постава треба да биде и Сибија, кој ќе го замени Дијашва, кој поради картони нема да може да настапи. Во вториот натвревар од групата А, на стадионот „Ројал Бофокенг“ во Рустенбург со почеток во 16 часот, силите ќе ги измерат Мексико и Уругвај, на кои доволно им е реми за осминафинале. Многумина предвидуваат дека Мексико и Уругвај нема ништо да ризикуваат и дека ќе играат реми, но напаѓачот на Мексико, Катемок Бланко, вели дека такви калкулации не го интересираат. Чесноста е на испит, а и ФИФА најави дека будно ќе го следи овој натпревар.„Мексико нема да игра нерешено. Дел од нашиот менталитет е секогаш да одиме на победа, а останатит тимови не не интересираат“, тврди Бланко. Уругвајците пак се доста самоуверени. „Мексико е незгоден противнник, но на СП нема лесни противници.Долго не сме примиле гол, што не направи самоуверени. Ако одиме понатаму, тогаш се е можно, вели дефанзивецот на Уругвај, Диего Годин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Норвежанката Ана Одине освои златен медал откако скокна пред Ника Превц
Норвешката ски-скокачка Ана Одине Стрем го освои златниот медал на Зимските олимписки игри откако скокна пред Ника Превц и Нозоми Марујама. Во обете серии Норвежанката беше подобра од својата конкуренција и заслужено стигна до злато.
По првата серија, Норвежанката Ана Одине Стрем беше прва со скок од 100 метри и 136,9 поени, пред Словенката Ника Превц која собра 135,9 поени со должина од 98 метри, додека Јапонката Нозоми Марујама беше трета со скок од 97 метри и 135,7 поени. Четврта беше Норвежанката Ејурин Марија Квандал (99,5 м/131,9 поени).
Фото: ЕПА
Спорт
Дејвис отпишан, доби лоши вести и во својот нов клуб
Антони Дејвис (32) само три дена откако беше отпуштен од Далас Маверикс, дозна нови лоши вести. Новиот играч на Вашингтон Визардс нема да игра за тој клуб до крајот на сезоната.
Дејвис има проблеми со раката и препоните, а Вашингтон одлучи да не го форсира неговото враќање во последниот дел од сезоната.
Ова е преодна сезона за Визардс бидејќи се само претпоследни во Источната конференција.
Дејвис има важечки договор за следната сезона, вреден околу 58 милиони долари, како и опција за играч за сезоната 2027/28.
Клучен играч на новиот тим на Визардс е Треј Јанг. Дејвис е одличен играч, но речиси уништен од повреди на прагот на неговиот 33-ти роденден. Ќе биде надвор од игра до крајот на сезоната и мора да докаже дека тимот треба да се гради околу него.
Фото: Депозитотос
Спорт
Манчестер Јунајтед со четврта победа во низа
Во денешниот прв натпревар од 25-то коло од англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед го победи Тотенхем со 2-0 на Олд Трафорд.
Натпреварот беше нерешен до 30-тата минута, кога гостите останаа со играч помалку.
Ромеро силно го шутна глуждот на Касемиро, што му донесе црвен картон. Домашните брзо го искористија дополнителниот играч. Осум минути подоцна, тој изведе корнер-акција, а Мбеумо постигна гол со прецизен удар од десет метри за 1-0.
Во остатокот од натпреварот, Манчестер Јунајтед имаше многу можности да избега на два гола разлика и со тоа да го прекине израмнувањето, но до 81-вата минута беше минимално 1-0.
Потоа Бруно Фернандеш погоди кон мрежата на противникот и ги постави конечните 2-0.
Манчестер Јунајтед остана четврти со четвртата победа по ред, но се доближи до Манчестер Сити и Астон Вила во бодови.
Фото: Деспозитфотос

