Свет
Русија ја запре испораката на нафта кон Белорусија
Русија во недела ја запре испораката на нафта за Белорусија, откако двете страни не постигнаа договор околу условите за испорака на нафта за 2010 година
Русија во недела ја запре испораката на нафта за Белорусија, откако двете страни не постигнаа договор околу условите за испорака на нафта за 2010 година.
Русија се закани дека ќе се повтори несогласувањето со Белорусија од пред три години кога беше прекинато доставувањето на нафта кон речиси сите европски држави.
Преговорите помеѓу Русија и Белорусија започнаа во саботата а продолжија денеска, изјави Игор Дјомин портпарол на рускиот нафтен монопол Транспорт.
Европските политичари жестоко ја критикуваа Русија за злоупотребата на моќта како најголем извозник на гас и нафта и за заплашувањето на соседните држави со прекин на доток на нафта .
Двете најголеми белоруски рафинерии Нафтан и Мозур имаат резерви на нафта за уште само една недела , што е приближно 450 000 тони.
Белорусија добива околу 400 000 барели нафта дневно од Русија преку нафтоводот Дружба кој според капацитетот на транзит е еден од најсилните нафтоводи во светот/крај/ројт/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.
Свет
Зеленски: Русија ја нападна Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети, повредени се и деца
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија ја нападнала Украина од полноќ со повеќе од 450 дронови и 45 различни видови ракети.
– Во тек е спасувачка операција во Дњепар. Русија ноќеска го гранатираше градот, погодена е станбена зграда. Досега е познато дека се повредени 11 лица, вклучувајќи деца. За жал, едно лице почина. За жал, едно лице почина и во регионот Харков, има жртви во регионот Киев и Полтава, информира Зеленски во објава на Фејсбук.
Според него, руските сили ги нападнале и регионите Дњепропетровск, Кировоград, Николаев, Суми и Чернихив.
– Целите на терористите се непроменети, обичниот живот, станбените згради, нашата енергија, инфраструктурата. Прашањето е во ресурсите за убивање, за парите – потребни се санкции за да се лиши Русија од можноста да ја продолжи војната што ја почна и што се влече. Ги цениме сите чекори што нашите партнери веќе ги презедоа, но руските напади покажуваат дека притисокот мора да биде посилен, нагласи Зеленски.
Свет
Жена во Хрватска го уби мажот со нож
Рано утрово во Селница Шќитарјевска во близина на Велика Горица, Хрватска, 40-годишна жена убила 52-годишен член на семејството, соопшти полицијата.
Според првичните информации, мажот најверојатно бил убиен со остар предмет. Како што неофицијално пренесе Индекс.хр, жртвата бил сопругот.
Осомничената е под надзор на полицијата, а на местото на настанот во тек е истрага која ќе ги утврди околностите за ова тешко кривично дело.

