Свет
Демонстрантите во Бахреин го заземаа централниот плоштад
Илјадници антивладини демонстранти во Бахреин успеаја да влезат на плоштадот „Перл“ во престолнината Манама, кој е центар на протестите изминативе неколку дена, јавува BBCТешко вооружената специјалната полиција, која го чуваше плоштадот, најпрвин испука солзавец и стрелаше со боева муниција кон демонстрантите кои надоаѓаа од сите страни, но веднаш потоа се повлече од плоштадот. Нема информации за повредени или загинати демонстранти. Армијата, која го чуваше плоштадот од првите судири во четвртокот, беше претходно повлечена од улиците на Манама. Принцот-престолонаследник на Бахреин во текот на целиот ден одржува состаноци со претставници на политичките партии. Демонстрантите, претежно припадници на шиитското мнозинство во земјата со која владее сунитско кралско семејство, се бесни поради насилниот однос на силите за безбедност кон демонстрантите. Вчера преку 50 луѓе беа повредени кога армијата острела солзавец врз демонстрантите, кои протестираа по погребот на четворицата загинати во полициската акција за разбивање на демонстрациите во четвртокот наутро. Претходно беа убиени уште двајца демонстранти. Бахреин е една од неколкуте арапски земји кои ги зафати бранот на продемократски демонстрации, поттикнати од успешните демонстрации за соборување на повеќедецениските претседатели на Тунис и на Египет. /крај/bbc/сс/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

