Свет
Нови 15 жртви во судирите во Сирија
Во синоќешните судири на северот од Сирија меѓу безбедносните сили и дезертираните војници кои преминаа на страна на опозицијата, загинале 12 војници и пребези и тројца цивили
Во синоќешните судири на северот од Сирија меѓу безбедносните сили и дезертираните војници кои преминаа на страна на опозицијата, загинале 12 војници и пребези и тројца цивили, соопштија во саботата Сирискиот центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон, кој се повикува на свои активисти во земјата.Опозициските сириски активисти тврдат дека судирите стануваат поинтензивни имајќи го предвид фактот дека демонстрантите коишто сега во терминологија при известувањето за ситуацијата во Сирија се нарекуваат востаници , се почесто се судираат со припадниците на безбедносните сили кои сега се нарекуваат – лојални на претседателот Башар ел-Асад, кој се обидува да ги задуши осуммесечните протести со кои се бара негово заминување од власта. Сирискиот центар за мониторинг и заштита на човековите права со седиште во Лондон јави дека последните судири се случиле во северниот град Идлиб, во близина на границата со Турција.Во четвртокот Високата комесарка на Обединетите нации за човекови права (ОХЦХР) Нави Пилај денеска изјави дека бројот на убиените во деветмесечните антивладини протести во Сирија „далеку надминал“ четири илјади.Во масовните антивладини протести коишто ја зафатија Сирија од средината на март годинава, загинале 4.700 лица, јави во вторникот радиото „Сава“ повикувајќи се на соопштението на опозициската организација Координативниот совет на сириската револуција.Според оваа групација, меѓу загинатите во судирите меѓу приврзаниците на опозицијата и силите на сириската армија и полиција, се и 255 деца и 116 жени.Пред две седмици, сириската опозиција дистрибуираше податоци за 4.100 убиени во протестите коишто во континуитет траат од март 2011 година.Сириската власти тврдат дека станува збор за повеќе 1.500 загинати од двете страни, од кои повеќе од 1.100 се припадници на безбедносните служби кои се цел на „терористички групи уфрлени од надвор“.Минатиот викенд турскиот весник Milliyet пишуваше дека Франција ги испратила своите инструктори во северен Либан и во Турција, каде што се наоѓаат камповите на ткн Слободна сириска армија, група составени претежно од дезертери од регуларната армија, каде што ќе ги опремат и ќе ги обучат сириските бунтовници за поефикасна борба против сириската армија и силите за безбедност.Во написот на весникот, исто така, се тврди дека владите на Франција, Британија и на Турција „постигнале договор за испраќање на оружје за бунтовниците во Сирија“. Весникот додава и дека најголемата група вооружени дисиденти се наоѓа во турската провинција Хатај, во близина на границата со Сирија.Во Сирија, изминатите осум месеци не престануваат анти-владините протести, кои започнаа на југ од државата во градот Дерa’a, а потоа се проширија и во другите региони. Оттогаш секојдневни се извештаите за смртта на луѓе во Сирија, и цивили и униформирани лица.Бунтот во Сирија започна во средината на март, откако во пограничниот град со Јордан, Дера’a беше уапсена група ученици кои испишувале анти-владини слогани по ѕидовите. Жителите на градот масовно излегоа на улиците барајќи ослободување на момчињата. Подоцна протести се одржаа и во неколку други региони на земјата, особено во градовите Латакија, Баниас, Хомс, Хама и во некои предградија од главниот град Дамаск.Асад се обиде да ги смири демонстрантите, укинувајќи ја 50-годишната вонредна состојба, но апсењата без налог продолжија и покрај укинувањето на таквиот закон. Протестите во Сирија продолжија и покрај тоа што сириските власти објавија план за реформи, меѓу кои беше и укинувањето на воената состојба од страна на претседателот Башар ел-Асад, воведена во 1963 г.На почетокот од август претседателот ал-Асад донесе акт за воспоставување повеќепартиски политички систем во земјата. Со овој акт се дозволува формирање политички партии коишто ќе делуваат заедно со партијата Баат, која на власт се наоѓа од 1963 година, со уставен статус „лидер на државата и општеството“. Овој декрет тогаш беше донесен само неколку часови откако Советот за безбедност на Обединетите нации го засили притисокот врз сириските власти, осудувајќи го режимот на Асад поради „кршење на човековите права и употреба на сила врз цивили“./крај/ро/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Форбс: Богатството на Илон Маск порасна на 677 милијарди долари
Илон Маск стана првата личност чија нето вредност надмина 600 милијарди долари, според пресметките на списанието Форбс објавени во понеделник. Зголемувањето на богатството на Маск беше поттикнато од неодамнешната продажба на акции во вселенската компанија на Маск, SpaceX. Форбс ја искористи цената утврдена во трансакциите за да процени повисока вкупна вредност за компанијата, што пак ја зголеми пресметката на уделот на Маск.
Само неколку часа претходно, Форбс ја процени нето вредноста на Маск на околу 500 милијарди долари. Богатството на Маск е првенствено поврзано со неговите удели во производителот на електрични автомобили Tesla и SpaceX. За разлика од Tesla, SpaceX е во приватна сопственост, што значи дека цената на неговите акции не се одредува на берзата.
Во такви случаи, проценките се базираат на рунди на финансирање или продажба на акции од страна на вработените и можат значително да се разликуваат од конечната пазарна вредност. Врз основа на цената по која вработените можеа да ги продадат своите акции, Форбс ја пресмета вкупната вредност на SpaceX на 800 милијарди долари, што е зголемување од претходната проценка од 400 милијарди долари.
Со оглед на тоа што Маск поседува приближно 40 проценти од SpaceX, ревидираната проценка на Форбс ја зголеми неговата проценета нето вредност на 677 милијарди долари.
Европа
(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија
Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако Вашингтон му понуди на Киев безбедносни гаранции по моделот на НАТО. Трамп, исто така, изрази увереност дека Москва ќе прифати таков договор, објави „Ле Монд“.
Трамп откри дека имал „многу долги и многу добри“ разговори со својот украински колега Володимир Зеленски, како и со лидерите на НАТО и европските земји како што се Велика Британија, Франција и Германија.
„Се обидуваме да го разработиме тоа и мислам дека сега сме поблиску“, им рече Трамп на новинарите во Овалната соба. „Имавме бројни разговори со претседателот Путин на Русија и мислам дека сега сме поблиску од кога било досега, па ќе видиме што можеме да направиме“.
REPORTER: An Article 5-like deal seems to be emerging without NATO membership for Ukraine. If such a security guarantee is offered, what incentive is there for Ukraine to give up any sort of territory?
US PRESIDENT TRUMP: Well, they've already lost the territory, you know, to be… pic.twitter.com/99sx8a6f03
— Status-6 (Military & Conflict News) (@Archer83Able) December 15, 2025
На прашањето дали неодамна разговарал директно со Владимир Путин, Трамп одговори остро: „да, разговарав“, без да навлегува во детали.
Сепак, Трамп се чини дека сугерираше дека во замена за безбедносни гаранции, Украина ќе мора да се согласи да отстапи делови од источниот регион Донбас што сè уште се контролирани од Киев – можност што Зеленски претходно силно ја отфрли.
На прашањето каков поттик ќе има Украина за да се откаже од територија, Трамп одговори: „Па, искрено, тие веќе изгубија територија“.
Тој додаде дека Европа, која и покрај противењето на Русија повторно предложи испраќање мултинационални мировни сили, ќе биде „голем дел“ од секоја безбедносна гаранција.
Регион
Маж ја избол до смрт партнерката на улица во Србија
Страшно злосторство го потресе вчера Лесковац во Србија, каде што 64-годишен маж, Р.Д., е осомничен дека ја избол до смрт својата 53-годишна партнерка. Убиството, како што соопшти Полициската управа во Лесковац, се случило околу 16:30 часот, пишува Н1 Србија.
Според полицијата, жената починала на местото на настанот од повеќекратни убодни рани. Припадници на Министерството за внатрешни работи брзо интервенирале и го уапсиле осомничениот кратко време по злосторството.
Истрагата е во тек
Р. Д. е обвинет за кривично дело убиство. Со наредба на Вишиот јавен обвинител, му е одредена мерка притвор до 48 часа, по што ќе биде донесен на распит во Вишото јавно обвинителство во Лесковац со кривична пријава.

