Свет
Сомнителна пошта во американската амбасада во Франција
Двајца вработени во американската амбасада во Париз беа упатени на медицински преглед откако во петок отвориле сомнителна пошта, но според првичните резултати нема никаква опасност за нивното здравје, јавува Асошиејтед Прес.
Двајца вработени во американската амбасада во Париз беа упатени на медицински преглед откако во петок отвориле сомнителна пошта, но според првичните резултати нема никаква опасност за нивното здравје, јавува Асошиејтед Прес. „Нема индиции дека пликото содржело нешто опасно или отровно“, изјави Пол Патин портпарол на амбасадата. „Нема индикации дека некој е во опасност или е повреден“, вели Патин. Претставници на полицијата во Париз изјавија дека вработените не се чувствувале добро откако дошле во контакт со сомнителната пошта. Нема информации од каде пристигнало писмото во амбасадата, ниту што било сомнително за него. Не е познат ниту идентитетот на вработените. Сомнителната пошта се испитува од страна на двајца хемиски експерти. Амбасадата не беше затворена по инцидентот. /крај/ап/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Папата го предупредува Трамп додека тој го крши молчењето за „спиралата на насилство“
Папата го повика Доналд Трамп да ја запре „спиралата на насилство“ на Блискиот Исток „пред да стане непоправлива бездна!“
Папата Лав XIV му испрати силна порака на американскиот претседател додека зборуваше во Ватикан во неделата.
„Со длабока загриженост го следам она што се случува на Блискиот Исток и во Иран во текот на ова бурно време“, истакна Папата во својот говор.
Свет
Едно лице загина, а 32 се повредени во Кувајт
Министерството за здравство на Кувајт соопшти дека едно лице е убиено, а 32 се ранети „поради актуелните случувања во регионот“.
Повредените се лекуваат во болницата Ал-Адан, соопшти Министерството.
Свет
Масовно пукање во Америка, најмалку тројца мртви
Најмалку три лица се убиени, а 14 повредени во масовно пукање што се случи денеска во бар во Остин, Тексас, соопшти полицијата. Сите 14 повредени се однесени во болница, а тројца се во критична состојба.
Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е убиен на местото на настанот во размена на оган со полицајците.
Властите сè уште не го објавија идентитетот на напаѓачот ниту коментираа за можен мотив за нападот.

