Компании
New man’s business accelerator е домаќин на Pioneers of the Balkans во Mакедонија
NewMan’s Business Accelerator на 18ти август 2015 (вторник) ќе биде домаќин на Pioneers of the Balkans – уникатна Start-Up програма организирана од страна на Pioneers во име на Светска банка.
Во новите простории на NewMan’s Business Accelerator со почеток во 19:00 часот ќе биде организирана средба со локалната стартап заедница со цел промоција на програмата, идентификување и поддршка на најдобрите старт-ап тимови од земјата. На средбата организирана во ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ексклузивно ќе присуствува извршиот менаџер на Pioneers од Австрија, Мриус Штарке, како и проектниот менаџер на програмата Јанко Милуновиќ.
Pioneers of the Balkans е инвестициска програма подржана од Светска Банка со цел да ги раздвижи активностите на регионалната стартап сцена и да им помогне на идните претприемачи од балканскиот регион да ја однесат нивната идеја на наредното ниво преку: Бесплатно знаење, алатки и вештини, Бесплатен влез (1 ден) на Belgrade Venture Forum во ноември 2015, Директни контакти со повеќе од 100 интернационални инвеститори, Можност 50те финалисти да се натпреваруваат за 200.000 евра инвестиција, Специјална можност за Pre-Silicon Valley валидација од страна на NewMan’s Business Accelerator за 50-те финалисти.
Програмата е наменета за сите иновативни старт-апи, outsourcing компании со сопствени иновативни производи или студенти со наредни идеи. Она што ни е потребно е претприемачки дух, ентузијазам и се разбира – одлична бизнис која има шанса да го освои светот. ЊуМенс Бизнис Акцелераторот ќе земе значајна улога во овој настан преку вклучување на свои ментори при подготовката на избраните стартапи за полуфиналето и финалето на програмата.
Апликациите траат најдоцна до 31.08.2015 на http://pioneersofthebalkans.io/
Сите што се заинтересирани а имаат дополнителни прашања или им е потребна помош околу апликацијата можат да го контактираат тимот на NewMan’s Business Accelerator-от или да дојдат на разговор на Женевска 17б, Тафталиџе, Скопје. Телефони за контакт: 072 252 245 или 072 220 484./крај/мф/би
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
БРАКО на АНАНАС: медицинскиот мебел на БРАКО отсега и со онлајн продажба на Ананас
Дел од програмата на медицински мебел на БРАКО отсега ќе може да се купи на сајтот за онлајн тргување Ананас. На сајтот се изложени производи кои се од домашно македонско производство и кои досега беа достапни за купување директно oд капацитетите во фабриката во Велес.
На овој начин, со партнерството со популарниот сајт за онлајн продажба Ананас, се излегува во пресрет на приватни лица и помали правни субјекти од областа на здравството и козметологијата да можат набават опрема за лично користење и за обавување на својата дејност, на начин кој е во тек со светските трендови на купување.
На сајтот се достапни кревет за медицински преглед, столчиња за медицински преглед, медицински паравани, рефлектори, сталаци, отомани за физиотерапија и масажа, сервисни колички и други производи.
Палетата на БРАКО која ќе биде достапна на Ананас во иднина ќе се проширува и ќе биде од корист особено за постари лица и лица кои се соочуваат со одредени физички здравствени попречености и на кои им се потребни помагала за олеснување на секојдневното функционирање, дома и надвор од домот.
Сите големи нарачки на медицински мебел и натаму се возможни во директен контакт со производителот БРАКО.
(ПР)
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)
Економија
Креативен пристап на MINT Fintech Group на eCommerce конференцијата
На 13 ноември, MINT Fintech Group беше значајна поддршка на eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер, настан кој ги собра водечките професионалци и ентузијасти од светот на е-трговијата. Оваа конференција се истакна како платформа за најновите трендови и иновации, овозможувајќи им на учесниците непроценливо искуство за вмрежување и размена на знаења.
Во својот корнер, MINT понуди уникатен пристап, спојувајќи ја финтек индустријата со релаксирачки активности, меѓу кои и масажа во соработка со My Spa.
„Ова е наш начин да го направиме искуството на посетителите подинамично и поопуштено,“ истакна претставник на MINT Fintech Group. „Реакциите беа исклучително позитивни, а редиците за масажа зборуваа сами за себе, сепак ова се личности чија професија е најчесто поврзана со долгочасовно седење, па оттука и нашата идеја да бидеме корисни.“
MINT Fintech Group и понатаму останува посветен на својата визија за поддршка на дигиталната економија и креирање нови можности за развој и соработка во финтек индустријата.
(ПР)