Спорт
Баскијците без шанса кај Барса

Фудбалерите на Барселоа повторно се на врвот од табелата во шпанското првенство откако во 30-то коло пред своите гледачи убедливо го совладаа Атлетико Билбао
Барселона лесно дојде до предноста од 4:0 по што рутинирано го заврши мечот. Покрај стандардниот Лионел Меси кој го постигна последниот гол за каталонците во 66. минута, мечот најдобро го искористија двајцата фудбалери кои се борат за статусот првотимци, Бојан Кркиќ со двата гола во 41. и 58. минута и Жофрен Суарез со чиј гол во 26. минута домаќините поведоа. За Атлетик Билбао, голот во 71. минута го постигна Маркел Сусаета.Барселона сега има три бода повеќе од Реал кој утре ќе го одигра мечот од ова коло со Расинг во Сантандер.Во вториот меч кој е одигран во сабота, Реал Сарагоса со 2:0 ја совлада Малага, а подоцна играат Севиља-Тенерифе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Игор Стефановски-Иџе викендов ќе вози на Рампа да Фалпера во Португалија

Летечкиот Македонец, Игор Стефановски Иџе во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки (еHC), овој викенд ќе ја вози третата трка. Ќе вози на патеката Рампа Да Фалепра во португалската Брага. За него оваа патека е добро позната, шампионски освојувана.
Стефановски по првите две трки во ФИА Европскиот шампионат на ридски патеки е трето место во генерален пласман од сите натпреварувачи.
„Со силна возбуда, сакам да најавам дека очекувам добра трка. Посакувам да постигнеме одличен резултат. Патеката Рампа Да Фалпера добро ја познавам. Двапати бев на подиум и тоа на првата позиција. Моите очекувања и овојпат се слични, да триумфираме. Би сакал да истакнам дека ова е патека на која брзината на некои делови надминува и повеќе од 240 км, што е голем и силен предизвик за сите натпреварувачи. И пред оваа трка, би сакал да се заблагодарам на мојот неверојатен тим, тимот на Ферари, моите спонзори, и секако, до сите Вас кои ни давате безрезервна поддршка, вели Иџе.
Стефановски и годинава се трка со автомобилскиот ѕвер од Ферари 488 B8, специјално дизајниран за овие патеки.
Спорт
Аморим: Откако дојдов, најлоши сме во Англија

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа против Атлетик Билбао вечерва во 21:00 часот. Во првиот натпревар, „црвените ѓаволи“ победија со 0:3 и со една нога зачекорија во финалето.
Пред натпреварот, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, се обрати на прес-конференцијата.
„Откако пристигнав, ние сме најлошиот тим во Премиер лигата во однос на резултатите. Мислам дека би можеле да бидеме најлошиот тим во Премиер лигата досега, кој освоил европски трофеј. Оваа сезона беше разочарување, најлошата во последните 50 години“, рече португалскиот тренер, а по него следеше неговиот играч Алехандро Гарначо.
„Знаеме дека не ја вршиме најдобрата работа во Премиер лигата. Ќе се однесуваме како да не сме победиле во првиот натпревар. Ако ја освоиме Лига Европа, ќе одиме директно во Лигата на шампионите и ќе можеме да ја започнеме следната сезона со подобар менталитет“, рече напаѓачот на Јунајтед, Гарначо.
И покрај тоа што имаат огромна предност, работата на „црвените ѓаволи“ дополнително ќе им биде олеснета бидејќи Атлетик има сериозни проблеми. Тренерот Ернесто Валверде за дуелот на „Олд Трафорд“ нема да смета на браќата Вилијамс, Инаки и Нико, односно Ојан Сансет.
Спорт
Педри: Ова не е првпат Марчинијак да нè оштети

Барселона и Интер во вторник вечерта го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето.
Големо внимание покрај она што го прикажаа фудбалерите на двата тима, на стадионот „Џузепе Меаца“ привлече и полскиот судија Шимон Марчинијак.
Играчите, тренерот, навивачите и каталонските медиуми на Барселона се жалат на неговото судење.
Ѕвездата на Барселона, Педри, се огласи и ја повика УЕФА да го истражи овој натпревар.
„Ова не е прв пат овој судија да нè оштети. УЕФА треба да започне истрага. Секоја ситуација што беше 50-50 одеше во корист на Интер. Некои работи не ги разбирам и тешко ми е да ги објаснам“, рече Педри.
Неговите тврдења беа повторени во изјава за медиумите од тренерот на Барселона, Ханси Флик, но тој не побара истрага.
Но ништо нема да се промени. На 31 мај, Интер ќе го игра финалето на Лигата на шампионите во Минхен против ПСЖ.
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ потсети дека односот меѓу полскиот судија Марцињак и Реал Мадрид е „пријателски“, а тие извлекоа и видео на кое тој има торба со логото на кралскиот клуб во соблекувалната.
Марчинијак го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа година за Реал.