Свет
НАТО по Лисабон: Што натаму?
Експертите се убедени дека принципот на отворена врата останува исто како и транспарентноста на Алијансата
Самитот во Лисабон беше крстопат за Алијансата, заклучија говорниците на конференција во организацијата на Центарот за стратешки и меѓународни истражувања од Вашингтон 2011-та ќе биде година на транзицијата за НАТО во Aвганистан, кога Алијансата ќе започне да ја префрла одговорноста за безбедноста на авганистанските безбедносни сили, со претходно внимателно разгледување на состојбата, пред евентуални дополнителни чекори за понатамошно повлекување, резимираа американски и странски одбрамбени стручњаци. Претседателот Обама ја зацрта 2014-та како година на целосно заминување од Авганистан. Неуспехот и колапсот на Авганистан е пораз за меѓународната заедница, која, пак, нема алтернатива освен да продолжи со задачата за стабилизирање на земјата и зајакнување на демократските капацитети, сметаат учесниците.Мишел Флорној, која во Пентагон е потсекретарка за политика, во перспективата на проширувањето на Алијансата по самитот во Лисабон не ја спомена Македонија, но затоа вели: „Вратите остануваат отворени. Не верувам дека некој смета оти Русија има некакво право на вето врз процесот. Се работи за транспарентен процес. Вратите остануваат отворени за сите земји кои ги исполнуваат критериумите“, изјави Флорној. За односите со Русија, соговорниците истакнаа дека треба да се градат врз база на партнерство, а не соперништво, и се надеваат на поголема вклученост на руски војници во меѓународните мировни мисии. ЈБ/лк
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Се бараат оставки поради трагедијата во Домот за пензионери
Голем број граѓани на Тузла денеска излегоа на улиците на градот и одржаа протест, изразувајќи го своето незадоволство поради трагедиите и скандалите што го погодија Тузланскиот кантон.
Пожарот што избувна во вторникот во Домот за пензионери во Тузла однесе 13 животи, а 12 пациенти сè уште се наоѓаат во болница. Како што беше утврдено, жртвите починале од труење со јаглерод моноксид.
Една седмица претходно, Тузланскиот кантон го потресе случајот со подведување малолетнички, за што се осомничени полициски службеник и еден професор. Нивното подведување траело неколку месеци во текот на минатата и оваа година.
Присутните граѓани од Тузла, но и оние кои допатуваа од други градови на Босна и Херцеговина, денеска побараа оставки од надлежните.
Свет
Три девојки планирале терористички напад во Париз
Девојки на возраст од 18, 19 и 21 година, беа уапсени и обвинети за терористичка завера и планирање напад во Париз, соопштија денеска истражните органи.
Како што е наведено, тие неколку недели планирале насилен терористички напад врз кафуле или концертна сала во Париз, јави РТЛ.
Апсењето и обвинението против трите жени е резултат на истрагата на Националното обвинителство за борба против тероризмот, која беше успешно завршена пред 10-годишнината од смртоносниот терористички напад на 13 ноември 2015 година во Париз.
Свет
Се запали магацин за парфеми во Турција, загинаа шест лица
Најмалку шест лица загинаа, а две се повредени во пожар што утрово избувна во магацин за парфеми во градот Диловаси, во северозападниот дел на Турција.
Според снимките што ги емитуваше турскиот канал НТВ, изгореле два ката од зградата во која се наоѓале магацинот и работилницата за производство на парфеми.
Засега нема информации за тоа што го предизвикало пожарот.

