Спорт
Падна снег за Олимпијадата, Вон повредена
Во Ванкувер заврна снег, па организаторите на Зимската олимпијада можат да здивнат, но американската скијачка Линдзи Вон е повредена, што може да ја спречи фаворитката во спуст да се натпреварува
Два дена пред почетокот на Олимпијадата во Канада, снегулкита почнаа да паѓаат на планината Сајпрес, каде ќе се одржуват натпреварите во скијање слободен стил и санка, пренесува Ројтерс.Снегот дојде и на високите падини на планината Вистлер, за алпските дисциплини, но се појави и магла што го отежнува првиот ден од тренингот за мажи во спуст.Временските прилики не се проблем кај женските натпреварувачки, туку можното отсуство на најдобрата скијачка сезонава, Линдзи Вон, која се очекува да го освои златото во спуст. Вон се повредила минатата недела на тренинзите во Австрија.„Таква болка при повреда до сега не сум почувствувала“, изјави 25-годишната фаворитка.Сепак, незиниот лекарски тим вели дека таа најверојатно ќе може денеска да тренира и дека најверојатно ќе настапува на трката во недела. Американката е носител на осум од 11 медали во Супер Г на Светските купови во спуст. Нејзиното отсуство од Олимписките игри би било забележително, коментираат светските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лапорта: Реал Мадрид страда од хроничен „Барселонитис“
Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, возврати на навредата од Флорентино Перез, велејќи дека Реал Мадрид страда од „акутен барселонитис“.
Првиот човек на Барса верува дека нападите поврзани со „аферата Негреира“ се само доказ за опсесијата на Реал, кој, според него, е повеќе загрижен за Барселона отколку за сопствените проблеми.
Вербалната војна меѓу двата шпански фудбалски гиганти достигна ново ниво. Само неколку дена откако претседателот на Реал, Флорентино Перез, во жесток говор пред членовите на клубот, го опиша „случајот Негреира“ како најголем скандал во историјата на фудбалот, Лапорта возврати со саркастичен контранапад.
Односот меѓу клубовите, до неодамна обележан со сојуз околу проектот на Европската суперлига, се чини дека е целосно нарушен.
По говорот на Перез во кој ги нападна Барселона, Ла Лига, Шпанската фудбалска федерација (RFEF) и медиумите, Лапорта им ја понуди својата медицинска проценка на ситуацијата на новинарите.
Првиот човек на „Блауграна“ посочи дека неуморното фокусирање на Реал Мадрид на правните проблеми на Барселона е симптом на подлабок психолошки проблем. Наместо да биде заплашен од приватната тужба на Реал Мадрид за „аферата Негреира“, Лапорта тврди дека опсесијата сега се претворила во нешто хронично.
„Порано беше Барселонитис, но сега е акутен Барселонитис“, рече Лапорта. „Гледам дека Барселонитис е во сржта на навивачите на Реал Мадрид“.
На прашањето зошто верува дека во Реал зазеле толку агресивен став, Лапорта ги отфрли правните аргументи и посочи на менталната состојба на неговите ривали.
„Прашајте ги нив“, одговори тој. „Она што го гледам е дека тие имаат акутен Барселонитис, а тоа ни одговара совршено“.
Според него, бучавата што доаѓа од „Бернабеу“ е всушност позитивен сигнал за неговиот клуб. Тој тврди дека ако Реал Мадрид ги поминува своите состаноци анализирајќи ја историјата и правните битки на Барселона, игнорирајќи ги сопствените проблеми.
Foto/ depositphotos
Спорт
Усман Дембеле е најдобриот фудбалер во светот за 2025 година
Фудбалерот на Пари Сен Жермен и француската репрезентација, Усман Дембеле ја освои наградата на ФИФА „Најдобар“ за најдобар фудбалер во 2025 година.
Дембеле оваа година со ПСЖ ја освои Лигата на шампионите, првенството, Купот на Франција и Суперкупот на Франција. Наградата му ја врачи претседателот на ФИФА, Џани Инфантино.
Главни конкуренти на Дембеле беа Килијан Мбапе и Ламин Јамал.
Во женска конкуренција, Аитана Бонмати од Барселона ја освои наградата за најдобра фудбалерка.
ФИФА го избра Луис Енрике од ПСЖ за најдобар тренер. Во женска конкуренција, наградата ѝ припадна на Холанѓанката Сарина Вигман, која како тренер оваа година ги предводеше фудбалерите на Англија до титулата европски шампион.
Во најдобриот тим во машка конкуренција беа: Џанлуиџи Донарума, Нуно Мендес, Вирџил ван Дајк, Вилијан Пачо, Ашраф Хакими, Родри, Витиња, Џуд Белингам, Кол Палмер, Ламин Јамал и Усман Дембеле.
Најдобар голман во изборот на ФИФА е Џиџи Донарума, а наградата „Ференц Пушкаш“ за најубав гол му припадна на Сантијаго Монтиел.
Најдобрите во изборот на ФИФА ги избраа капитените на националните тимови, селекторите, новинарите, како и навивачите на официјалната веб-страница на ФИФА.
Спорт
Мбапе од ПСЖ ќе наплати 61.000.000 евра
Килијан Мбапе го доби судскиот спорт со поранешниот клуб, ПСЖ. Клубот ќе мора на Мбапе да му исплати 61.000.000 евра.
Килијан Мбапе во ПСЖ пристугна во 2018 година од Монако, за сума од 180.000.000 евра. Овој трансфер е вториот најскап во историјата на фудбалот. Според меѓу клубот и фудбалерот настана кога, Мбапе во летото 2024 година реши како слободен играч да се пресели во Реал Мадрид.
Откако замина побара клубот да му ги исплати платите и договор за верност. Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Келаифи, лут на својот поранешен играч, покрена контра тужба.
На крајот, сè заврши на многу грд начин. Мбапе побара дури 263.000.000 евра пред судот. ПСЖ побара 440.000.000 од поранешниот играч. Секако, ниедна страна не можеше да добие толку многу, но ПСЖ сепак ќе мора да плати.
„Оваа пресуда потврдува дека преземените обврски мора да се почитуваат. Тоа е едноставна вистина: дури и во професионалната фудбалска индустрија, трудовото право важи за сите. Г-дин Мбапе, од своја страна, ги почитуваше сите договорни обврски седум години, до последниот ден. Тој направи сè што можеше за да избегне судење, дури и јаповлече жалбата за вознемирување за да ја смири ситуацијата. Сè на сè, тој побара да му се исплаќаат само платите и бонусите за повеќе од 18 месеци“, беше задоволен. адвокатот на Мбапе, Фредерик Касеро.
По сето ова, ПСЖ ќе мора да ја објави оваа пресуда во целост на веб-страницата на клубот и да ја чува таму еден месец.
Мбапе во дресот на ПСЖ одигра 308 натпревари, постигна 256 гола и забележа 110 асистенции.
Foto/ depositphotos

