Македонија
Груевски по телефон разговарал со Црвенковски
Премиерот Никола Груевски телефонски го информирал претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски, за содржината на средбата со грчкиот премиер, Јоргос Папандреу, како и дека нема елементи за лидерска средба
„На барање на премиерот Никола Груевски денеска е остварен неколкуминутен телефонски разговор со претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија Бранко Црвенковски. Премиерот Груевски го информираше претседателот на СДСМ Црвенковски за содржината на разговорите од средбата со грчкиот премиер.Според информациите на премиерот Груевски, целта на средбата била за меѓусебно запознавање на двајцата премиери. Од страна на Груевски е информирано и дека не постојат нови елементи кои би биле повод за свикување лидерска средба.Претседателот Црвенковски му препушти на премирот Груевски сам да оцени кога ќе бидат создадени услови за лидерска средба“, се вели во соопштението од Социјалдемократскиот сојуз.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја денеска дел од Илинден и Центар
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:00 до 13:00 часот, корисниците од улицата 8, улицата 18, општина Илинден;
· во периодот од 08:30 до 12:30 часот, корисниците од Хотел Буши, дел од улицата Самоилова, дел од улицата Јоаким Крчовски, дел од улицата Прохор Пчински, дел од улицата Алберт Станиќ, општина Центар.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на улицата 8 -ма Ударна Бригада 39, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, вклучително и објектот на Амбасадата на Р.Италија, општина Центар.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Наутро ведро и студено, во текот на денот сончево
Наутро ведро и студено, а во текот на денот сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и со слаб северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на стабилно и суво време со постудени утра и со услови за утринска магла по одделни котлини. Во текот на денот ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

