Свет
Не извезувавме гориво во '98-та

Акционерското друштво „Макпетрол“ вчера енергично демантираше дека во 1998 година извезувало нафтени деривати во која било земја.
„МАКПЕТРОЛ“ ТВРДИ
Емил Зафировски
Акционерското друштво „Макпетрол“ вчера енергично демантираше дека во 1998 година извезувало нафтени деривати во која било земја. Според соопштението што стаса во „Време“, компанијата воопшто не извезувала нафтени деривати и ги нарекува „злонамерно извртување на фактите“ царинските документи што ги поседува нашиот весник. Од Царинската управа ни шепнаа дека е можно некој да ги злоупотребил имињата на фирмите што се заведени како извозници, а раководствата на тие фирми воопшто да не знаеле за тоа.
„Категорички ги демантираме наодите подвлекувајќи дека во тој период ‘Макпетрол’ не извезувал нафтени деривати на ниту еден пазар во светот. Споменувањето на ‘Макпетрол’ во контекст на матни извозни зделки го сметаме за плод на нечија болна фантазија и за злонамерно извртување на фактите. Истовремено ‘Макпетрол’ го подвлекува својот интерес до крај да се разоткријат сите сомнителни зделки во нафтениот бизнис во Македонија“, пишува во соопштението.
„Време“ минатата недела објави дека во 1998 година, според податоци заведени во извештај на Царинската управа под број 4200, кој се однесува за период од 1.1.1997 до 31.12.1998 година, Македонија била најголем извозник на нафта во светот. Според истиот извештај, Македонија извезувала големи количества нафта во САД, Русија, Кувајт, Саудиска Арабија, Германија, Грција, Хрватска, Франција, Холандија и уште во стотина други држави. Во тој извештај како извозници на нафтени деривати се заведени рафинеријата „Окта“ и „Макпетрол“.
Извори од Царинската управа нагласуваат дека станува збор за фиктивен извоз на нафта што потоа се шверцувала во Македонија, Србија и на Косово. Изворите не ја исклучуваат и можноста оној кој ги подготвувал царинските декларации да ги злоупотребил имињата на фирмите што се заведени како извозници на нафтените деривати, односно тие воопшто да не знаеле за тоа.
Станува збор за царински декларации според кои Македонија, во 1997 и 1998 година, периодот на ембаргото кон Југославија, извезла 980 илјади тони нафта во вредност од 1,13 милијарди долари, пари што воопшто не поминале преку Народна банка на Македонија.
– Доколку Македонија извезувала нафта во други земји, наплатата задолжително оди преку НБМ – велат изворите од Царинската управа.
НБМ завчера соопшти дека во 1998 година не била извршена ниту една наплата за извоз на нафтени деривати.
Во Царинската управа вчера изјавија дека ги проверуваат информациите и дека наскоро ќе излезат со официјален став.
Македонија важи за земја што е директно зависна од увоз на нафта и на нафтени деривати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Објавена првата фотографија по апсењето на убиецот на Чарли Кирк

Медиумите ја објавија првата фотографија од 22-годишниот Тајлер Робинсон, осомничен за убиството на американскиот активист Чарли Кирк.
Гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, претходно денес потврди дека клучна улога во неговото апсење имал неговиот татко.
Семејството изјавило и дека последниве години тој станал политички поангажиран, а непосредно пред доаѓањето на Кирк во Јута зборувал против неговите ставови.
Истражителите откриле и пораки меѓу Робинсон и неговиот цимер, во кои се споменува оружје, оставање пушка во грмушка и гравирани куршуми. Робинсон, наводно, рекол и дека морал да ја смени облеката.
Свет
Трамп: Губам трпение со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека му снемува трпение со рускиот лидер Владимир Путин поради неговиот неуспех да ја заврши војната во Украина.
Во интервју за „Фокс њуз“, Трамп потсети дека имал добар однос со Путин, но нагласи дека ситуацијата станува сè понеприфатлива.
Како можни мерки ги наведе санкциите кон руските банки и нафтената индустрија, додавајќи дека за тоа е потребно и учество на европските држави. Притоа истакна дека веќе презел сериозни чекори – меѓу нив и воведувањето педесетпроцентни царини на извозот од Индија, земја која е еден од најголемите купувачи на руска нафта.
Свет
Убиецот го критикувал Кирк на вечера, на куршумите изгравирал „Еј фашист“ и „Бела чао“

ФБИ и гувернерот на Јута, Спенсер Кокс, потврдија дека уапсен е 22-годишниот Тајлер Робинсон за убиството на Чарли Кирк.
Клучна трага дало семејство кое пријавило признание од Робинсон.
Видео снимките покажале дека на 10 септември пристигнал на местото со „Доџ Челинџер“. Уапсен е на 12 септември во облека што одговара на видеото.
Семејството кажало дека бил „политички поактивен“ и зборувал против Кирк на вечера пред неговото доаѓање во Јута.
Во пораки со цимерот се споменувале наводен заговор, промена на облека и куршуми со гравирани пораки („Еј фашисто! Фати!“, „Бела чао…“, „Ако го читаш ова, си геј“, „OWO. Што е ова?“).