Контакт

Политика

Ѓорчев: Шеќеринска знаела што сè се случува во СЕП

Објавено пред

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска знаела што сè се случува во Секретаријатот за европски прашања, изјави во среда членот на ИК на ВМРО Владимир Ѓорчев.

dobivaj vesti na viber

„Радмила Шеќеринска, како Заменик Претседател на Владата на Република Македонија, лично, со свој потпис, од ден 01.12.2005 година, во Секретаријатот ја вработува сестрата на својот сопруг, Лира Секуловска и од истиот ден ја назначува за Раководител на Сектор за општи работи и буџет”, вели Ѓорчев.

Тој додава дека сестрата на сопругот на Шеќеринска добила задача да се грижи за финансиите во институција раководена од Шеќеринска. Поголема дрскост од ова во Македонија се нема случено.

„Дополнително, но и уште пофрапантно, само два месеци подоцна, сестрата на сопругот на Шеќеринска, Лира Секуловска, од страна на Секретаријатот добива целосно овластување за реализација на средствата за дури четири жиро сметки за донации во Секретаријатот за европски прашања. Шеќеринскa, покрај братучеди имала и золва која требало да ја згрижи”, рече Ѓорчев.

Според него, станува збор за класичен пример на непотизам и тоа поврзан со раководење со пари на Секретаријатот и пари од странска помош за Македонија.

„Очигледно Радмила Шеќеринска во секторот со кој раководела го претворила во свој пашалук. Си вработувала најблиски роднини на најзначајните позиции, а како што видовме и од претходно објавените документи, средствата од странските донации завршувале во џебовите и на сметките на нејзините најблиски роднини и братучеди”, додава членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ја праша Шеќеринска колку средства од 4-те жиро сметки за донации со кои што управувала сестрата на нејзиниот сопруг завршиле на сметките на фирмите на роднините на нејзиното семејството или на сметки на фирми на роднини на раководството на СДСМ?

„Јавноста знае дека најмалку 800.000 денари од странска донација завршиле во џебот на фирмата на братучедите на Шеќеринска. Уште колку пари се исплатени во време кога Радмила Шеќеринска била вицепремиер, а сестрата на нејзиниот сопруг била раководител на Секторот за општи правни работи и Буџет?”, праша Ѓорчев.

Според него, Радмила Шеќеринска и функционерите од највиското раководство на СДСМ, своите позиции на државни функции во минатото ги користеле исклучиво само за лично и семејно богатење преку воспоставување на мрежа од најблиски роднини на најодговорни позиции. /крај/со/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија44 минути

Василевска: ДУИ си вработи луѓе кои не одат на работа, а земаат плата, затоа глумат политичка жртва

Негативната селекција и позитивната дискриминација се два главни проблеми со кои македонското општество мора да се справи доколку сака вистински...

Топ3 часа

„БМВ“ удри во мопед, еден малолетник е тешко повреден, а другиот полесно

Еден малолетник е тешко повреден, додека друг добил полесни повреди откако во нив удрило „бмв“ додека тие биле на мопед....

Регион4 часа

Балканот ќе биде како под вршник, летото ќе биде пеколно, сушно и со екстремни бури

Балканот ова лето ќе се соочи со рекордно високи температури и екстремни временски услови. Долгорочните прогнози најавуваат топло лето и...

Свет5 часа

Во Сирија се случува масакр, над 1.000 лица се убиени за 48 часа

Повеќе од 1.000 луѓе, меѓу кои 745 цивили, се убиени во дводневните судири меѓу сириските безбедносни сили и борците лојални...

Македонија6 часа

Николоски: Стево троши си ја пензијата и не туку дели „ум“ на светските лидери

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, жестоко го нападна поранешниот претседател Стево Пендаровски, обвинувајќи го дека по десет месеци молк, сега...

Македонија7 часа

Утрото ќе биде студено, а денот со пролетни температури до 23 степени

Денешното утро ќе биде студено, но преку ден се очекува сончево и топло време со мала до умерена облачност. Ќе...

Свет21 час

Падна договор во Германија, Мерц ќе прави влада со партијата на Шолц

Германските конзервативци (ЦДУ/ЦСУ) и Социјалдемократската партија (СПД) ги завршија прелиминарните разговори за формирање коалициска влада, соопштија денеска партиските лидери. „Имаме...

Скопје21 час

Марш за женски права во Скопје, жените бараат крај на дискриминацијата

Денеска во Скопје се одржа марш организиран од Платформата за родова еднаквост, со слоганот „Нека јадат ружи!“. Поводот беше Меѓународниот...

Свет23 часа

Жестока караница меѓу Маск и Рубио во Белата куќа, Трамп ја смирил тензијата

На последниот состанок на кабинетот свикан од американскиот претседател Доналд Трамп, дојде до жесток конфликт меѓу државниот секретар Марко Рубио...

Топ23 часа

Ужас во Скопје: Вонбрачен партнер фрлил жена и деца од возило кои 3 дена по ред ги тепал

39-годишна жена и нејзините две малолетни деца се здобиле со тешки телесни повреди во Аеродром, откако биле исфрлени од возило,...

Македонија1 ден

Мицкоски од Свети Николе: По 7 години пустош, конечно Македонија се гради

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Свети Николе порача дека Македонија влегува во фаза на обновување и развој, нагласувајќи дека по...

Свет1 ден

Трамп повлекува 35.000 војници од важна европска земја

Доналд Трамп размислува да ги повлече американските војници од Германија и да ги прераспореди во Источна Европа, со акцент на...

Свет1 ден

(Видео) Фицо: Значи, вие признавте дека тоа е закана за целата ЕУ

Земјите членки на Европската унија признаа дека прекинот на транзитот на гас преку Украина е проблем кој претставува закана за...

Топ1 ден

18-годишен возач пренесен во Скопје со сериозни повреди

18-годишниот Е.Е. од прилепското село Дебреште, управувајќи патничко возило „мерцедес“ на регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, излетал од патот...

Македонија1 ден

СДСМ: „Грозје не сум пробал“ но „донеси папаја и манго“, Мицкоски се однесува како султан

Опозициската СДСМ и денеска остро ги критикуваше одлуките на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, потврдувајќи дека се работи за „најлажаната“ влада...

Топ1 ден

Стоматолог уценуван со видео клип за 5.000 евра од двајца напаѓачи

Основното јавно обвинителство во Скопје го истражува случајот на изнуда што се случил на 29 јануари, кога двајца осомничени, еден...

Македонија1 ден

СДСМ: Таравари преку „Ѓока” ќе им наплаќа паркинг на пациентите како да се во шопинг мол!

Вчерашните изјави на министерот за здравство, Арбен Таравари, и премиерот Христијан Мицкоски, го потврдија тоа што СДСМ го тврди –...

Македонија1 ден

Сончев викенд пред нас, време е за прошетки и уживање

Утрово температурите се пониски, но преку денот се очекува сончево и топло време со слаб до умерен јужен ветер. Минималните...

Свет2 дена

Македонија нема да испраќа војници во Украина

Северна Македонија во овој момент не е подготвена да испрати војници во Украина како дел од воена мировна мисија која...

Свет2 дена

Зеленски не планира да му се извини на Трамп за расправијата во Овалната соба

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, нема да му се извини на претседателот на САД Доналд Трамп по нивниот корисен разговор во...