Економија
СБ: Сиромаштијата на рекорден минимум

Бројот на сиромашни луѓе во државите во развој падна на рекорден минимум помеѓу 2005 и 2008 година, кога во тие држави стапката на сиромашно население изнесуваше 22 отсто, се наведува во извештајот на Светска банка.
Бројот на сиромашни луѓе во државите во развој падна на рекорден минимум помеѓу 2005 и 2008 година, кога во тие држави стапката на сиромашно население изнесуваше 22 отсто, се наведува во извештајот на Светска банка.Во истражувањето биле опфатени по 850 домаќинства во 130 држави во светот, а под терминот сиромаштија се подразбира едно лице да живее со помалку од 1,25 долари на ден.Студијата покажала дека 1,29 милијарди лица, или 22 отсто од популацијата на земјите во развој, биле сиромашни во 2008 година, што претставува намалување од 1981 година, кога за сиромашни се сметале 1,94 милијарди лица.„Целокупниот свет во развој оствари значителен напредок во борбата против екстремната сиромаштија, но 663 милиони лица кои ја пречекорија линијата на сиромаштијата се уште се сиромашни според стандардите на државите со средни и високи приходи“, изјави шефот на истражувачкиот тим, Мартин Равалион.Најголем пад на сиромаштијата по региони источна бележи Азија и Пацификот, вклучувајќи ја и Кина, каде што во 2008 година 14 отсто од населението било сиромашно, додека во 1981 година тој процент изнесувал 77 отсто.Стапката на сиромаштија во јужна Азија падна од 61 на 32,5 отсто од 1981 година до 2008 година.Во латинска Америка и на Карибите бројот на сиромашните е намален на 6,5 отсто, од 14 отсто евидентирани во 1981 година.На Блискиот исток и во северна Африка бројот на сиромашни изнесува 8,6 милиони, или 3,3 отсто од популацијата, додека во 1981 година сиромашни биле 16, милиони лица.Бројот на сиромашни во Европа и централна Азија достигна кулминација во 1999 година, кога сиромашни биле близу четири отсто од жителите, но сега тој процент е сведен на 0,5 отсто.Најмал пад на сиромаштијата има во субсахарска Африка, каде што стапката од 51 отсто во 1981 година се намалила само до 47 отсто, колку што биле сиромашни во 2008 година. /крај/по/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Mint Visa не е само картичка, тоа е „да“ кога другите ти велат „подоцна“

Во свет каде што сè е итно, а парите секогаш „на пат“, Mint Visa е тука – веднаш.
Со неа не чекаш зелено светло. Го стартуваш сам.
🔓 Од 3.000 до 300.000 денари – достапни кога ќе ти затребаат.
📲 Цел процес дигитален, преку One ID. Без шалтери. Без нервоза.
🧾 Без непотребни документи. Со јасни услови.
Со Mint Visa, не прашуваш дали можеш – знаеш дека можеш.
• Купуваш онлајн без нервоза.
• Резервираш патување без дилема.
• Плаќаш било каде – без објаснувања.
Во Mint Credit не глумиме магија.
Ние сме тука да направиме парите да работат за тебе – не обратно.
Mint Visa е нашиот најнов начин да ти кажеме:
Животот не треба да се одложува. Ни твоите планови.
Аплицирај денес. Јави се на 📞 15 107, или директно преку платформата на Mint Credit.
ПР
Економија
Исплатени 177.533.000 денари кон 1.636 лица за предадени јагне и јаре

Денеска се исплатија 177.533.000 денари кон 1.636 лица, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за развојот на сточарството во Македонија.
Реализирана е исплата на дополнителни директни плаќања од подмерки 2.8 и 2.10 за предадено јагне и/или јаре од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделски стопанства одгледувачи на овци и кози и се корисници од подмерка 2.8 и 2.10 кои имаат предадено јагне и/или јаре во регистриран кланичен капацитет во период од 26 декември 2023 година до 25 декември 2024 година.
Економија
Николоски потпиша договор за грант-средства со Европската банка за обнова во висина од 350 илјaди евра

Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски го потпиша Договорот за грант средства со Европската банка за обнова и развој во висина од 350 илјaди евра наменети за техничка помош за изработка на Национална стратегија за полнење електрични возила и инфраструктура, извести Министерството за транспорт.
„Националната стратегија за полнење на електрични возила и инфраструктура, прва од овој вид во Македонија, ќе овозможи стратешки пристап кон развојот на патната инфраструктура за поддршка на воведувањето на електрични возила во патната мрежа.
Во овој момент во тек е постапката за избор на Консултант (се очекува крај на јули, почеток на август да се избере) кој ќе има задача во две фази да креира:
Подготовка на Стратегија за електрични возила; Акциски план со приоритетни активности и рокови кои треба да бидат одобрени од Владата, преку Министерството за транспорт и Европската банка за обнова и развој.
Покрај Консултанот, во изработката на Статегијата и Акцискиот план ќе бидат вклучени домашни и меѓународни експерти од области на експертиза за електрични возила, енергетската ефикасност, транспортот и екологијата“, се додава во соопштението.