Регион
Во Варна протести против војната во Украина
Повеќе од 400 луѓе се собраа во саботата пред зградата на локалната администрација во бугарскиот црноморски пристанишен град Варна во организација на опозициската Бугарска социјалистичка партија (БСП) на протестот против војната во Украина.
Учесниците на манифестацијата истакнаа пароли како „Не за војната во Украина“ и „Санкциите го уништуваат туризмот во Варна“. Групата скандирала „Сакаме мир“, „Не за санкциите на Јужен поток“, пренесуваат бугарските медиуми.
Сличен протест во организација на БСП се одржа и во главниот град Софија во вторникот, пред зградата на администрацијата на бугарскиот претседател. Демонстрантите протестираа против евентуално учество на Бугарија, којашто е членка на НАТО и Европската унија, во воена поддршка на прозападните власти во Киев. Исто така, бараа „запирање на антируската политика“ којашто се води во земјата.
Исто така, беше потпишана и петиција до премиерот Бојко Борисов неговата влада да преземе итни мерки за заштитата на бугарското малцинство во Украина, и да се заложи пред меѓународните институции за укинување на европските санкции против Русија, коишто според нив имаат голем негативен ефект врз бугарската економија, и особено врз туризмот во Варна, како и да се преземат меѓународни напори за да се натера Москва да го преиспита своето решение да ја промени трасата на „Јужен поток“ и гасоводот да минува низ Бугарија.
Русија кон крајот на минатата година го објави запирањето на проектот за гасоводот „Јужен поток“, кој требаше да минува под Црното Море и на територијата на Европската унија да излегува во Бугарија, и преку него да испорачува гас за неа и Унгарија, како и за другите две членки на ЕУ, Австрија и Италија. Москва за пропаѓањето на проектот го обвини Брисел, поради „неконструктивниот став“ и политички пречки, откако ЕК бараше усогласување со европското законодавство.
Наместо тоа, руската страна одлучи да гради гасовод преку Турција во близина на границата со Грција, за снабдување на потрошувачите во јужна Европа. И покрај притисоците врз Софија да ја намали зависноста од руските енергенси, германската канцеларка Ангела Меркел го советуваше бугарскиот премиер Бојко Борисов да преговара со Москва за заживување на проектот „Јужен поток“, но Москва е јасна дека тој проект е напуштен./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Бахамите го признаа Косово
Бахамите официјално ја признаа Република Косово како независна и суверена држава, соопшти косовската претседателка Вјоса Османи.
Османи го потпишала договорoт на Бахамите со премиерот Филип Брејв Дејвис. На социјалната мрежа „Икс“ беше објавено заедничко соопштение во кое се наведува дека двете земји воспоставиле дипломатски односи, кои стапуваат на сила со денот на потпишување на заедничкото комунике, во согласност со меѓународното право и Виенската конвенција за дипломатски односи од 1961 година.
Bahamas recognizes the Republic of Kosovo as a sovereign and independent state! 🇽🇰 🇧🇸
We just signed our bilateral agreement with Prime Minister @honphilipedavis. On behalf of the people of Kosovo, I extend my sincere gratitude for this decision of historic significance!
Full… pic.twitter.com/a9LLtW2BW7
— Vjosa Osmani (@VjosaOsmaniPRKS) December 19, 2025
Во соопштението се наведува дека Бахамите и Косово ја потврдиле посветеноста на целите и принципите на Повелбата на Обединетите нации и изразиле намера да развиваат соработка во области од заемен интерес, како што се трговијата, туризмот, образованието, културата, технологијата и јавниот сектор.
Двете земји изразиле очекување за воспоставување топло и продуктивно партнерство.
Годинава, независноста на Косово ја признаа и Сирија, Судан и Кенија.
depositphotos
Регион
Путин првпат зборуваше за НИС: Верувам дека Белград ќе ги исполни своите обврски
Рускиот претседател Владимир Путин повеќе од две децении одржува годишна прес-конференција, на која ги презентира своите политички ставови и анализи на јавноста во Русија и во странство.
За време на конференцијата, новинар од Србија го потсети рускиот претседател дека Нафтената индустрија на Србија (НИС), заедничко вложување меѓу Русија и Србија, ги трпи последиците од западните санкции. Тој го праша Путин како ја коментира оваа ситуација?
„Што се однесува до НИС, притисокот од западните санкции продолжува, а ова е показател за политичка моќ. Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски, а двете земји ќе спроведат многубројни други проекти“, рече Путин не сакајќи да се продлабочува на оваа тема.
Претходно денес, рускиот претседател изјави за „Спутник“ дека знае што се случува со компанијата НИС и дека се надева оти ќе се најде заедничко решение.
„Знаеме што се случува со компанијата НИС. Имаме меѓудржавен договор и претпоставуваме дека пријателското српско раководство ќе го земе ова предвид. Имаме идеја за насоката во која сакаме да се движиме заедно. Работиме на тоа и се надевам дека ќе го најдеме потребното решение“, рече рускиот претседател.
Тој исто така рече дека без оглед на надворешната аспирација за подобрување на односите, притисокот со санкции ќе продолжи како начин за покажување сила, пренесува „Раша тудеј“.
„Москва претпоставува дека Белград ќе ги исполни своите обврски и дека Русија и Србија ќе спроведат многубројни други заеднички проекти“, рече тој.
НИС е под санкции на САД од почетокот на октомври поради мнозинската руска сопственост, што значително го комплицира работењето на една од најважните компании за функционирање на целата српска економија.
Рускиот „Газпромнефт“ е мнозински сопственик на НИС, а рускиот претседател рече дека земјата инвестирала повеќе од три милијарди долари во компанијата.
фото/депозитфотос
Регион
E-пошта со безбедносни закани во училиштата во Словенија: учениците итно евакуирани
Неколку основни и средни училишта низ Словенија денес добија е-пошта со безбедносни закани, а некои беа евакуирани како мерка на претпазливост, објави полицијата.
Главната полициска управа на Љубљана изјави дека реагирала веднаш по приемот на заканувачки пораки, собрала информации и ги спровела сите потребни мерки за да ја осигура безбедноста на учениците и персоналот, објави СТА.
Досега собраните податоци укажуваат дека станува збор за генерички закани, без конкретна оперативна опасност.
Полицијата процени дека ситуацијата носи мал ризик и дека нема потреба од дополнителен аларм.
Министерот за образование беше информиран за инцидентот, пишуваат медиумите.
Фото: депозитфотос

