Македонија
Берзански извештај – Блок трансакција на Алкалоид

Македонската берза денеска оствари промет од 29 милиони денари, од кои пет беа од блок трансакција со акциите на Алкалоид
Македонската берза денеска оствари промет од 29 милиони денари, од кои пет беа од блок трансакција со акциите на Алкалоид.
При блок трансакцијата се постигна просечна цена од 4.844,00 денари, а истргуваната количината изнесуваше 1.059 акции. Со оваа трансакција се изврши купопродажба а 0,07% од вкупниот број на акции издадени од Алкалоид.
На официјалниот пазар прометот изнесуваше 28.832.868,51 денари.
Прометот на редовниот пазар изнесуваше 427.200,00 денари при 16 реализирани трансакции.
Индексот МБИ-10 порасна за 0,44% и го покачи нивото на 2.482,14 индексни поени. МБИД се намали за 1,13%, намалувајќи ја вредноста на 2.189,38 индексни поени. ОМБ оствари минимално намалување од 0,01% со вредност од 102,35 индексни поени.
Акција со најголем промет на официјалниот пазар беше Реплек, со промет од 18.696.000,00 денари, кој се реализира преку една трансакција преку која беа истргувани 410 акции што беше и вкупна истргувана количина. Просечната цена изнесуваше 45.600,00 денари и загуби 2,98% од вредноста споредено со претходното тргување.
Алкалоид со вкупен промет од 6.433.591,00 денари беше акција со втор промет по обем од официјалниот пазар. Остварена беше просечна цена од 4.511,40 денари, а порастот изнесуваше 2,23%. Вкупно се истргуваа 1.348 акции.
Државната обврзница од старото девизно штедење оствари промет од 1.167.053,94 денари при истргувани 20.954 обврзници. Просечната цена изнесуваше 91,06% од номиналната вредност, при што се оствари намалување од 0,56%.
Од редовниот пазар, најтргувана беше акцијата на Македонски Телеком со промет од 272.420,00 денари. Остварена беше просечна цена од 360,82 денари, додека намалувањето изнесуваше 0,74%. Вкупно се истргуваа 755 акции.
Со акцијата на ПОЛИ МЗТ Скопје се оствари промет од 116.000,00 денари при истргувани 29 акции. Просечната цена која беше без промена изнесуваше 4.000,00 по акција.
Пет најтргувани хартии од вредност
1. Реплек Скопје
2. Алкалоид Скопје
3. Р.Македонија – Девизни влогови
4. Комерцијална Банка Скопје
5. Гранит Скопје
Хартии од вредност со најголем пораст
1. Охрид Скопје 6,98%
2. Алкалоид Скопје 2,23%
3. Стопанска Банка Битола 1,49%
4. ТТК Банка Скопје 0,96%
5. Р.Македонија – Денационализација 08 0,96%
Хартии од вредност со најголем пад
1. Арцелормиттал (ЦРМ) Скопје 10,53%
2. Реплек Скопје 2,98%
3. Комуна Скопје 0,87%
4. Македонски Телеком Скопје 0,74%
5. Р.Македонија – Девизни влогови 0,56%
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
ДИК: Навреме отворени сите избирачки места, гласањето се одвива без проблем

Државната изборна комисија извести дека денес навремено се отворени сите избирачки места и процесот на гласање се спроведува без проблем.
На Локалните избори 2025 во Северна Македонија право на глас имаат 1.832.415 граѓани.
Се гласа за вкупно 309 кандидати за градоначалници и 576 листи за членови на општинските совети со вкупно 10 490 кандидати.
Гласањето на локалните избори започна во 7:00 часот и ќе трае непрекинато до 19:00 часот. Ако гласањето биде прекинато подолго од еден час, тоа ќе продолжи за онолку време колку што траел прекинот, но не подолго од три часа.
Македонија
Претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне намалување на облачноста

Претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Во западните планински региони ќе има услови за слаб дожд. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб, долж Повардарието умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.
Во Скопје, претпладне променливо облачно со сончеви периоди. Попладне облачноста ќе се намали. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе достигне до 18 степени
Македонија
Сообраќајот низ државата се одвива непречено, по влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.