Здравје
Во САД на 116-годишна возраст почина најстарата жена на Земјата

Најстарата жителка на планетата, според Gerontology Research Group, Американската Џералин Тејли, почина во САД на 116-годишна возраст, објавија во четвртокот американските медиуми.
Џералин Тејли починала во својот дом во предградие на Детроит, во сојузната држава Мичиген. Според нејзината ќерка Телма Холовеј, долговечната жена неодамна била хоспитализирана поради проблеми со белите дробови, но подоцна била пуштена дома.
Тејли е родена во градот Монтроз, во државата Џорџија, а во Мичиген се преселила во 1930-те години. Нејзиниот сопруг, исто така, долговечен, живеел 95 години. Тејли во интервјуата велеше дека никогаш не пушела и не консумирала алкохол, но никогаш не правела нешто специјално за да го продолжи животниот век. Во едно интервју за локалниот весник Detroit Free Press таа рече дека не ја знае тајната на својата долговечност. „Сé е во рацете на Господ. Јас едноставно живеам и не можам да сторам ништо повеќе“, рече.
Тејли стана најстарата личност на Земјата на 7-ми април годинава по смртта, само неколку дена откако ја понесе титулата најстара личност на светот, на Американката Гертруд Вивер, којашто на 4-ти јули би го прославила 117-от роденден. Вивер, пак, насловот најстарата личност на светот го стекна на 1-ви април, откако во Осака на 117 години почина Јапонката Мисао Окаве.
Во моментов, според податоците на меѓународната геронтолошка служба Gerontology Research Group, најстара личност на планетата е Американката Сузан Џонс, од њујоршки Бруклин, којашто во јули годинава ќе наполни 116 години.
Меѓутоа кон крајот на април, беше објавено дека Виетнамката Н’гујен Ти Тру, којашто има 122 години, е потврдена како најстарата жена на светот, според директорот на Гинисовата книга на рекордите, со што таа официјално ја презема „титулата“ од Јапонката Мисао Окава којашто почина на 1-ви април на возраст од 117 години, а само седмица подоцна почина и Американската Гертруд Вивер, којашто со своите 116 години на кусо беше најстара жена и воено личност на планетата.
По деталното проверување Н’гујен Ти Тру од градот Хо Ши Мин, официјално на 20-ти април е прогласена за најстариот жител на планетата Земја. Родена 1893 година, Тру во своите 40-ти години го родила своето најмладо дете, синот кој неодамна починал на 72 години.
Според обичајот, највозрасното лице на светот за медиумите ја откри тајната на својата долговечност. За Виетнамката тоа се несебичноста во категоријата на етички вредности, а кашата од ориз во млеко, свинското и лесниот десерт во категоријата исхрана.
На 11-ти јуни 2014 година беше објавено дека Кармело Флорес, кој според боливиските власти беше најстариот човек на планетата, починал во 124 година од животот во болница во Ла Паз. Кармело Флорес, припадник на домородната индијанска заедница Аимара, официјално е роден на 16-ти јули 1890 година. Живеел на надморска височина од 4.000 метри во зафрленото селце Фраскиа, западно од Ла Паз, во близина на езерото Титикака, хранејќи се со житарките кои успеваат на Андите и пиејќи исклучиво изворска вода. Селскиот лекар, Адалберто Сегалес истакна тогаш дека старецот „боледувал од дијабетес”, како и дека последниот период му се влошила здравствената состојба. Зад себе остави син, 14 внуци и 39 правнуци.
Носител на титулата најстар човек на светот со 117 години верификувано од Гинисовата книга на рекордите, му припаѓаше претходно на Јапонецот Џироемон Кимура роден на 19-ти април 1897 година кој во јуни 2013 година почина од старост.
Најстарата личност, инаку, која кога и да е живеела на Земјата, официјално потврдено, е Французинката Жан Луиз Калман, која почина во 1997 година на возраст од 122 години.
Кон крајот на јули 2013 година, Јужноафриканската Република откри дека таму живее најстарата жена на светот, Н’кукутане Џохана Мазибуко којашто има 119 години, според фотокопијата од нејзината лична карта којашто на AFP му ја испратил новинар кој ја посетил во местото Клерксдорп, издадена 1986 година на која пишува дека е родена на 11-ти мај 1894 година.
Меѓутоа, кон средината на јануари 2013 година портпаролот на гувернерот на авганистанската покраина Вардак, и самиот внук на една старица, објави дека починала најстарата личност на планетата – Хасана којашто имала навршено 136 години од животот. Според другите роднини на починатата долговечна Авганистанка, претходно претставници на УНЕСКО ги земале личните информации за Хасана, но тоа не е резултирало со конкретни дејства или чекори за нејзино официјално прогласување за највозрасен жител на планетата. Шефот на администрацијата на округот Пачирагам каде што била погребана Хасана, Малик Мохамад Аслам за агенцијата Pazhvak потврди дека починатата имала навршено 136 години од животот.
Најголем број лица со надминати 100 години се регистрирани во Јапонија (околу 51 илјади) и во САД (околу 53 илјади)./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите: треба да побарате еден симбол

Секогаш проверувајте го кремот за сончање пред да го купите за подобро да се заштитите од штетните зраци што може да доведат до рак.
Изгореници, сончаница и дехидрација се само дел од ризиците од прекумерна изложеност на сонце без соодветна заштита. Престојот во сенка и пиењето многу вода може да помогне, но кремот за сончање со фактор за заштита од сонце, или СПФ, е сè уште најдобрата заштита, пишува „Мирор“.
Носењето СПФ е важно за заштита на вашата кожа од штетните УВ-зраци. Изложеноста на УВ-зраци без соодветна заштита од сонце може да доведе до изгореници од сонце, осип од топлина, предвремено стареење на кожата и хиперпигментација.
Во некои случаи, изложеноста на УВ-зраци го зголемува ризикот од развој на рак на кожата.
Кога купувате крем за сончање, секогаш треба да купите таков што го има симболот УВА или УВБ. Во кругот треба да има ѕвездички, а бројот на ѕвездички ќе ви го каже нивото на заштита.
Кремовите за сончање се оценуваат од една до пет ѕвездички врз основа на нивото на заштита што го нудат, при што пет, се разбира, се највисока заштита.
Што е СПФ?
СПФ е кратенка за степен на заштита од штетни зраци што предизвикуваат изгореници од сонце. Тој конкретно ја мери ефикасноста на производот во намалувањето на изгорениците од сонце на вашата кожа.
Што се УВА-зраци?
УВА-зраците се штетни и имаат способност да навлезат длабоко во дермисот, слојот на кожата што се наоѓа подлабоко во телото. Овие зраци се постојано присутни во текот на денот и, иако не се веднаш видливи, нивното влијание е значајно – може да продрат низ облаци, па дури и низ стакло.
Познато е дека УВА-зраците продираат подлабоко во кожата од УВБ-зраците, што доведува до долготрајни оштетувања, како што се разни форми на рак на кожата. Тие исто така може значително да придонесат за процесот на стареење, со тоа што предизвикуваат брчки и сончеви дамки.
Што се УВБ-зраци?
УВБ-зраците главно се апсорбираат од епидермисот и горните слоеви на дермисот на кожата. Овие зраци се одговорни за изгореници од сонце и црвенило на кожата. Иако не продираат толку длабоко како УВА-зраците, тие се еднакво штетни. УВБ-зраците значително придонесуваат за развој на рак на кожата, вклучувајќи меланом, а исто така го забрзуваат стареењето на кожата.
Важно е да се напомене дека перципираното ниво на заштита што го обезбедува еден производ може да биде погрешно. На пример, крем за сончање со низок СПФ може да има повеќе ѕвездички што укажуваат на високо ниво на УВА-заштита.
Сепак, ова не е толку точно како кремовите за сончање што имаат наведени и УВА и УВБ-фактори за заштита.
Забава
Нова летна диета: ги држи килограмите подалеку од вас и го зајакнува имунитетот

Летото нè потсетува дека претстојат многу топли денови, дека ќе носиме полесна облека и затоа е потребно нашите тела да бидат во добра форма.
Со новата летна диета ќе го изгубите вишокот килограми, ќе го зајакнете имунолошкиот систем и, најважно од сè, ќе заборавите на заморот. Оваа диета може да трае од една до три недели.
Се препорачува да пиете голема чаша вода наутро по станувањето и чаша млеко навечер пред спиење.
Летно диетално мени
Понеделник:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 интегрален тост со сирење
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост, 1 јаболко
Вечера: 1 варено јајце, 100 г сирење, 1 чаша зелен чај
Вторник:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост со лажичка мед
Ручек: салата од сезонски зеленчук, 2 варени компири
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г говедско месо, 200 г варен зеленчук
Среда:
Појадок: 1 чаша билен чај, тост
Ужина: 1 варено јајце
Ручек: 1 чаша крем супа од печурки
Ужина: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Вечера: салата од сезонски зеленчук, 1 чаша сок од портокал
Четврток:
Појадок: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 чаша јогурт со ниска масленост
Ручек: сезонска зеленчукова салата, 1 варено јајце
Ужина: 1 чаша зелен чај
Вечера: 300 г печена риба, 1 чаша сок од јаболка
Петок:
Појадок: 1 чаша билен чај, интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: сезонска зеленчукова салата
Ужина: 30 грама ореви
Вечера: 100 грама варен ориз, 200 грама печено пилешко
Сабота:
Појадок: 50 г сирење, 1 рендан морков
Ужина: 1 шолја зелен чај
Ручек: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед
Ужина: 1 јаболко
Вечера: 200 г варен зеленчук
Недела:
Појадок: 1 чаша билен чај, 1 интегрален тост со сирење
Ужина: 2 варени компири
Ручек: 300 г говедско месо, варено јајце
Ужина: 1 чаша сок од портокал
Вечера: сезонска овошна салата, јогурт со ниска масленост, овес и мед.
Забава
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, пробајте ја оваа зелена напивка

Состојките се многу евтини, а подготовката трае само 5 минути.
Ако не сте љубител на радикални диети и тренинзи, сè што треба да направите е да промените една навика, вашата утринска, за да го забрзате метаболизмот и да ослабете. Тоа е пијалок направен од само 2 состојки – магдонос и лимон.
Оваа течност ќе му помогне на вашето тело да се ослободи од вишокот вода, да ја елиминира надуеноста, да ги разгради масните клетки, да го стимулира мочниот меур да работи подобро и да ги исфрли токсините од вашето тело.
Состојки:
– 1 лимон
– 60 г магдонос
– 60 мл вода
Подготовка:
Исцедете го сокот од лимонот и исечкајте го магдоносот. Ставете ги во чаша и прелијте ги со вода.
Примена: Секогаш пијте го овој напиток на празен стомак. Консумирајте по една чаша дневно 6 дена, потоа направете пауза од 10 дена, а потоа можете да почнете одново.
Ќе забележите резултати по само еден месец.