Спорт
Контраофанзива против насилството на трибините

Mеѓународна конференција за спречување на насилството на трибините, под наслов „Да се почитуваме- стоп за насилството- безбедност на стадионите“, се одржа во вторник во Скопје
“Фудбалот денес според бројот на љубителите и навивачите е најмасовниот спорт. Исто така многу луѓе го гледаат како единствена можност за своја економска и социјална егзистенција. Фудбалот е и причина за дружење, а ако добро се сеќавам беше и повод за мала локална војна во Јужна Америка“, изјави претседателот на македонскиот парламент Трајко Велјановски, на конференција на која немаше претставници на ниту една од навивачките групи во Македонија.Свое излагање на конференцијата имаа Министерот за труд и социјала Џељаљ Бајрами, како и директорката на академијата за обука на судии и јавни обвинители Анета Арнаудова која потсети на можеби најголемата спортска катастрофа, инцидентот на стадионот Хејсел од 2 мај 1985 година, кога загинаа околу 40 луѓе во судир на навивачки групи.„Не се сеќавам кога последен пат еден чартер лет со студенти или тренери во било кој спорт ги однел на некое Светско или европско првенство“, изјави Деканот на Факултетот за физичка култура (ФФК) Гино Трезовски.Иван Анастасовски член на УО на Фудбалската федерација на Македонија пак потсети на примери за насилство на трибините и надвор од нив од 2002 година, палењето на англиското знаме на натпреварот против Англија во Скопје и расистичките коментари кон фудбалерите Емил Хески и Сол Кемпбел од страна на македонските навивачи, па се до последниот инцидент во Нерези во август 2009 година. Претставникот од ФАРЕ Нелко Нелковски, зборуваше за улогата на невладиниот сектор во спречување на насилството на фудбалските стадиони и како пример за тоа го посочи инцидентот од Брегот на слоновата коска каде навивачи го срушија стадионот за да можат да го видат омилениот играч Дидие Дрогба. Во инцидентот животот го загубија над 40 лица. На манифестацијата беше презентирана книгата „превенција и репресија на насилството на фудбалските стадиони“. Вториот дел од конференцијата вклучуваше три работилници: за правна акција против насилството во спортот, за придонесот на спортот за развивање на интер- културниот дијалог и за спречување на насилствата преку спортот.Конференцијата е во организација на ФФМ а под покровителство на собранието на Македонија и Агенцијата за млади и спорт. /крај/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Елшник ја напушта Црвена звезда, се сели во Турција

Репрезентативецот на Словенија, Тими Макс Елшник ја напушта Црвена звезда.
Играчот од редот за врска ќе ја продолжи кариерата во сè уште неименуваниот турски клуб, а српскиот шампион ќе заработи 4.000.000 евра од неговата продажба, објави „Моцарт Спорт“.
Продажбата на Елшнике првиот потег на раководството на клубот по елиминацијата од Пафос во плејофот за влез во Лигата на шампионите, а до крајот на преодниот рок се очекува уште некои играчи да ја напуштат „Маракана“.
Елшник дојде во Звезда минатото лето од Олимпија Љубљана за 1.500.000 евра, беше стандарден првотимец во тимот на тренерот Владан Милојевиќ и остави многу добар впечаток во црвено-белиот дрес.
Звезда уште порано ја најде замената на Елшник во ликот на Гамбиецот Махмуду Баѓо, кој дојде од словачката Дунајска Стреда за 3.500.000 евра, а тука се и младите играчи од клупската академија Васлије Костов и Јован Шљивиќ.
Од претходно беше познато дека напаѓачот Ндиаје за сума од 8 до 10.000.000 евра се сели во Обединетите Арапски Емирати, а десниот бек Сеол за 5.500.000 ќе замине во Шефилд Венздеј.
Спорт
Вардар во Струмица ќе му гостува на Шкупи

Натпреварот меѓу Шкупи и Вардар, во рамките на четвртото коло, во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) ќе се одигра утре, на стадионот „Младост“ во Струмица.
Шкупи ја избра Струмица како алтернативен терен за настап во четвртото коло, откако претходно ФФМ објави дека стадионот Чаир сѐ уште не ги задоволува стандардите за ВАР и за организација на натпревар од ПМФЛ.
„Комисијата за натпревари во рамки на Фудбалската федерација на Македонија ја информира јавноста дека натпреварот од 4. коло во Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Шкупи и ФК Вардар ќе се одигра на 29 август (петок) на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток во 16:30 часот“, објавија од ФФМ.
Спорт
Николас Џексон се сели во Минхен

Николас Џексон е на чекор до трансфер во Баерн Минхен. Германските медиуми тврдат дека преговорите што ги водат клубовите се во завршна фаза.
Џексон веќе се согласил да се пресели во Минхен, Баерн е подготвен да ја преземе целата плата на сенегалскиот напаѓач.
За да биде финализиран трансферот Баерн и Челзи треба да ја договорат сумата за која би играл на позајмица оваа сезона.
Џексон е под договор со Челзи до летото 2033 година, а „Трансфермаркт“ го проценува на 50.000.000 евра.
Во последната сезона, сенегалскиот репрезентативец постигна 10 гола и пет асистенции во 30 натпревари од Премиер лигата.