Спорт
Откажани две трки во Светскиот куп во алпско скијање

Лошите временски услови кои денеска владеат во Европа, одложија две трки од Светскиот куп во алпско скијање.
Лошите временски услови кои денеска владеат во Европа, одложија две трки од Светскиот куп во алпско скијање.
Поради обилните снежни врнежи, организаторот на слаломската трка во женска конкуренција, која требаше да се вози во францускиот Куршевел, беше принуден да го откаже натпреварувањето.
Слаломот во Куршевел е вториот кој е откажан во досегашниот дел од сезоната, претходно не се одржа трката во финскиот Леви. Алпинките, досега од предвидените три извозеа само една слаломска трка, во Аспен победи Марлиз Шилд.
Утре, доколку тоа го дозволат временските услови, во Куршевел, дамите ќе возат велеслалом.
Слично, со откажување на трката, постапија и организаторите на машкиот спуст во италијанската Вал Гардена.
Трката започна, низ патеката се слуштија 21 натпреварувач, кога, организаторот поради силниот ветер, реши да направи пауза од половина час. По паузата на патеката излегоа уште тројца натпреварувачи по што конечно организаторите ја прекинаа трката.
Скијачите утре треба да возат велеслалом во Алта Бадиа. крај/мф/нц
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Синер му предаде на Алкараз, Шпанецот го освои Синсинати

Шпанецот Карлос Алкараз ја освои титулата на Мастерсот во Синсинати.
Во финалето, Алкараз славеше по само дваесет минути игра против најдобриот тенисер во светот и бранител на титулата Јаник Синер.
Синер го предаде натпреварот при водство на Алкараз 5:0 во првиот сет. Се уште не е познато за каква повреда станува збор.
Италијанецот се држеше во неколку наврати во пределот на стомакот, па може да станува збор и за вирус. Како и да е, тој донесе одлука дека е подобро да се предаде и да не го загрози својот настап на Отвореното првенство на САД.
Што се однесува до самиот натпревар, тие дваесетина минути минаа во целосна доминација на Алкараз.
За краток период, тој направи дури три брејка против противник кој, во најголем дел, само статираше на теренот.
Пред последниот гем во првиот сет, во кој Алкараз требаше да сервира, Синер седна на клупата и му рече на судијата Мохамед Лајани дека му е жал за навивачите, но дека не може да продолжи.
Тој исто така нагласи дека морал да се обиде, што имплицира дека здравствените проблеми се појавиле пред почетокот на мечот.
Foto/ X
Спорт
Интер сака да го врати Онана

Интер наводно повторно ја следи ситуацијата со својот поранешен голман Андреа Онана откако Манчестер јунајтед го изостави од составот за отворањето на сезоната во Премиер лигата.
Според „Сан“, италијанскиот клуб внимателно го следи неговиот статус бидејќи има сè повеќе шпекулации за иднината на Камерунецот на „Олд Трафорд“. Се додава дека Интер е заинтересиран за враќање на 29-годишникот, кој замина во Јунајтед во 2023 година.
Од неговото доаѓање, тој не ја оправда отштетата од 56 милиони евра, а со оглед на тоа што тренерот на Интер бара нов голман, додека Јан Сомер во моментов е прв избор, враќањето би можело да стане реална опција.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Лукаку ќе го пропушти првиот дел од сезоната

Тежок удар за Наполи пред почетокот на сезоната во Серија А во која ја бранат титулата. Ромелу Лукаку се повреди и го очекува подолга пауза.
Напаѓачот кој минатата сезона забележа дабл-дабл учинок од 14 гола и 11 асистенции го повреди квадрицепсниот мускул и ќе му биде потребна операција. Се очекува да отсуствува четири до пет месеци.
Огромен проблем за Конте и Наполи. Бидејќи сега Наполи како класичен напаѓач го има само Лоренцо Лука засилувањето од Удинезе.
Затоа е јасно дека Наполи ќе мора да се активира на пазарот. Според првите информации, целта е Расмус Хајлунд од Манчестер јунајтед. Идејата на Наполи е да го доведе на позајмица.
Сепак, Наполи не е единствениот што е заинтересиран за Данецот. Милан е во игра веќе некое време и преговара со „црвените ѓаволи“ и го сака Хојлунд во случај да не постигнат договор со Душан Влаховиќ. Како што стојат работите, Хојлунд е на добар пат да се врати во Серија А.