Македонија
Угриновски и Димитров избрани за кум и здравичар на Бадник
Неврохирургот Јовица Угриновски и драматургот Братислав Димитров се избрани за кум и здравичар на еден од најголемите христијански празници, Бадник што секоја година се одржува на 6-ти јануари
Одборот за прослава на празникот свеченоста ќе ја започне на 27 декември за кога е закажано сечење на бадникови гранчиња, кои на ден пред Божик ќе се делат пред Соборниот храм Свети Климент Охридски.Новоизбраниот кум истакна дека е огромна чест и задоволство да се биде дел од традицијата на градот и православието воопшто. За Угриновски посебен момент е што ќе може да биде дел од еден од најголемите симболи на Господ-љубовта.Здравичарот Димитров рече дека останал затечен кога му соопштиле дека е избран за овогодишен здравичар. Според него станува збор за најубав православен празник а изреката „Каде и да си за Бадник за дома да си“, има голема духовна поента. Овогодинешното кумство на Јовица Угриновски и Братислав Димитров ќе им го предаде групата Синтезис која лани ја имаше честа да биде кум на оваа манифестација.Членовите на групата истакнаа дека кумството навистина носи успех и бериќет, а нивните успеси од минатата година се потврда за тоа.„Покрај успесите на професионално поле постигнати преку многуте успешни концерти, кумството носи среќа и бериќет и на приватно поле, а доказ за тоа се и двете членки на групата кои годинава станаа мајки”, рече Анета од групата Синтезис.Координаторот на бадниковиот одбор, Александар Пановски – Мац ги повика граѓаните, поглаварот на МПЦ, градоначалникот на Скопје, дипломатскиот кор како и сите поранешни кумови и здравичари и оваа година заедно да го одбележат еден од најголемите празници, на само ден пред Исусовото раѓање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

