Свет
Обама одобри 250 милиони долари за апстиненција од секс
Со новата здравствена реформа на претседателот на САД, Барак Обама, се предвидуваат 250 милиони долари за петгодишна програма за едукација на младите за апстиненција од секс
Здравствената реформа во САД што неодамна ја потпиша претседателот Обама, не се однесува само на здравственото н осигурување, туку предвидува и по 50 милиони долари за да се едуцираат младите, тинејџерите да избегнуваат секс со цел да се избегнат сексуално преносливи болести, пренесува Си-Ен-Ен.
Во програмата се предвидува да се научат младите дека „избегнување секс е единствениот сигурен начин да се избегнат сексуално преносливите болести“, како и дека „сексот пред брак, всушност го нарушува психичкото и физичкото здравје на поединецот“.
„Со ова се обидуваме да се осигураме дека на децата им е испратена пораката дека да апстиненција од секс и прерана бременост пред брак е најсигурниот , најздравиот и и најдобриот избор за младите“, вели Скот Фелпс, извршен директор на Партнерството за апстиненција и брачна едукација. Општествените училишта најмуваат едукатори од оваа организација за за ги подучуваат младите на апстиненција, за што ќе можат да се користат 250 милиони долари.
Според искуството на Фелпс, тој започнал со подучување на апстиненција во Чикаго, Илиноис, пред 10 години и вели дека децата ја прифаќаат пораката за апстиненција од секс, а ефект има дури и кај оние кои биле сексуално активни. Но, додава Фелпс, тие не се свесни дека можат да престанат.
„Фактот што ние фрламе пари во програми кои не се проверени дали имаат ефект не е никаков доказ дека имаме добро базирана здравствена програма“, вели Хедер Бунстра, од Институтот Гутмечер, непрофитна организација за репродуктивно и сексуално здравје.
Има бројни студии кои сугерираат дека не е лесно луѓето да практицираат апстиненција. Студија од 2007 година покажала дека ни една од четири програми за апстиненција не покажала значителни ефекти врз сексуалните навики кај младите. Дури, една програма од 2009 година, покажала дека религиозните деца потполно се противат на употребата на кондоми и контролата на раѓање кога стануваат сексуално активни, а имаат секс пред брак исто како и децата кои не се толку религиозни. Медицинските професионалци, исто така ја критикуваат апстиненцијалната програма врз етичко ниво, затоа што не вклучува потенцијални информации кои можат да спасат живот. Програмата на Фелпс не подучува дека сексот пред брак е погрешен, туку дека чекањето ќе оневозможи тинејџерите да добијат некоја сексуално пренослива болест или несакана бременост. Учениците знаат дека употребата на контрацептивни средства го намалува ризикот но не ги исклучува можностите за пренос на некоја болест или бременост, тврди Фелпс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Повеќе од илјада луѓе заробени во зоолошка градина во Мексико, меѓу нив има и деца
Повеќе од 1.000 луѓе, вклучувајќи деца, беа заробени преку ноќ во зоолошка градина во Гвадалахара и беа принудени да ја поминат ноќта во автобуси поради насилството во областа.
За потсетување, насилството се прошири низ Мексико синоќа откако еден од најбараните нарко-босови во Мексико, Ел Менчо, беше убиен.
Повеќе од 50 луѓе беа убиени во последователните судири меѓу картелите и државните сили, а улиците на градовите на западот од земјата се празни.
Директорот на зоолошката градина, Луис Сото Рендон, рече дека некои семејства од држави како Закатекас и Мичоакан биле блокирани речиси 24 часа.
„Одлучивме да им дозволиме на луѓето да останат во зоолошката градина за нивна безбедност“, рече Сото. „Меѓу нив има мали деца и постари лица.“
Сепак, утрово, мајки со мали деца беа видени како излегуваат од автобуси, додека полициски возила ја обезбедуваа областа околу зоолошката градина.
фото/ЕПА
Свет
Словачка го прекина снабдувањето со електрична енергија за Украина
Словачкиот премиер, Роберт Фицо, побара од операторот на електричната мрежа денес да го прекине снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку протокот на нафта низ нафтоводот „Дружба“ не продолжи.
„Од денес, доколку украинската страна се обрати до Словачка со барање за помош за стабилизирање на украинската енергетска мрежа, нема да добие таква помош“, рече Фицо во соопштението.
Фицо рече дека мерката ќе биде укината штом ќе продолжи транзитот на нафта во Словачка.
Украински беспилотни летала погодија руска пумпна станица што го опслужува клучниот нафтовод „Дружба“ за снабдување на Источна Европа со сурова нафта од Москва, изјави денес украински безбедносен службеник.
Нападот, најновиот во серијата украински напади на трасата, се заканува дополнително да ги ескалира тензиите меѓу Украина и нејзините соседи Унгарија и Словачка, кои го обвинија Киев дека се обидува да го блокира протокот на нафта преку цевководот до нивните рафинерии.
Испораките на руска нафта за Унгарија и Словачка се прекинати од 27 јануари, кога Киев објави дека руски напад со беспилотни летала ја погодил опремата на нафтоводот во западна Украина. И покрај речиси четиригодишната војна со Русија, Украина продолжи да го олеснува транзитот на руска нафта преку цевководи низ нејзината територија, иако го запре транзитот на руски гас на почетокот на минатата година.
Унгарија и Словачка се заканија дека ќе го прекинат снабдувањето со електрична енергија за Украина доколку протокот на нафта не продолжи. Електричната енергија од Унгарија и Словачка сочинува околу 70 проценти од увозот на Украина и е исклучително важна за земјата.
Свет
Во Италија пронајдени белешки на Мусолини од средба со Хитлер
Белешки од фашистичкиот диктатор Бенито Мусолини од средбата со Адолф Хитлер во 1944 година се пронајдени во Ииталија, објавија денес германските медиуми.
Хартијата со белешките, за кои е недвосмислено потврдено дека се на Мусолини, била запленета од специјален тим карабинери пред документот да биде понуден на аукција во Торино. Документот потоа бил префрлен во Државниот архив во Рим. Специјалистите ги окарактеризирале белешките како „документ од исклучително историско значење“.
Тоа е хартија со рачно напишани поглавја за „воени сили“, „политика“ и „економија и труд“, и е документот што Мусолини го користел за време на неговата средба со Адолф Хитлер на 22 април 1944 година, во замокот Клајсхајм во близина на Салцбург.
За потсетување, Бенито Мусолини беше премиер до капитулацијата на Италија во 1943 година. После тоа, Хитлер го назначи за шеф на марионетска фашистичка држава. Италијанските партизани го уапсија Бенито Мусолини во април 1945 година додека се обидуваше да избега во Швајцарија и го застрелаа.
фото/Википедија

