Свет
УНИЦЕФ сопре го сопре воздушниот мост за помош на Сомалија
Фондацијата за помош на децата при Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека го суспендира воздушниот мост за доставување помош во храна за со сушата погодените региони во Сомалија, поради „логистички“ проблеми
„Ние би сакале да продолжиме со испораката на помошта во храна преку воздушниот мост за Сомалија, но постојат логистичка попречувања со кои треба прво да се справиме за да можеме да го направиме тоа. Сочувствуваме со страдањето на децата, но во овој момент можеме да направиме малку за да им помогнеме“, изјави Оливија Јамби, претставник на светската организација за деца во кениската престолнина НајробиОваа реакција доаѓа откако десетина деца умреа од глад во бегалскиот камп Хувадаг во северниот дел од регионот на Могадишу, главниот град на Сомалија.Истовремено, некои од хуманитарните организации активни на ова подрачје се обидуваат да добијат и да достават итна помош во Сомалија, каде 10 милиони луѓе се во очајна ситуација и им е потребна итна помош поради недостигот од храна што се должи на незапаметената суша што го зафати овој регион. Хуманитарните здруженија проценуваат дека илјадници луѓе секојдневно се движат кон Могадишу но и оти во главниот град на Сомалија резервите од храна веќе се исцрпени. Поради тоа, како што се наведува од страна на хуманитарната организација на Обединетите нации, се создаваат големи немири и кражби на храната. Според тоа, најслабите и најчувствителните групи од погоденото население остануваат без основните животни продукти. Сушата на Рогот од Африка, најголемата во последните шест децении, веќе однесе десетици илјади животи и им се заканува на 12 милиони луѓе во Сомалија, Кенија, Етиопија, Џибути, Судан и Уганда.Особено е тешка ситуацијата во Сомалија, каде Обединетите нации прогласија глад во две покраини на југот од земјата, кои се под контрола на исламистичките бунтовници од движењето Ал Шебаб. Бунтовниците им го забрануваат пристапот на некои од хуманитарните организации кои се обидуваат да достават помош до тамошното население.Обединетите нации пред десет дена започнаа со воздушен дотур на помош во храна во региони под контрола на сомалиските бунтовници, а исламистите се согласија да им дозволат на хуманитарните работници слободен пристапПознавачите на состојбите на Рогот на Африка сметаат дека промената на односот на исламистичките бунтовници се должи на стравот дека ако продолжат со забраната ќе дојде до бунт против нив. Други, пак, тврдат дека се работи за големи суми дадени како поткуп на нивните лидери.Сомалија нема ефективна влада повеќе од две децении, со што состојбата во оваа пресиромашна африканска земја уште повеќе се влоши, особено откако сушите сé почесто напаѓаат. Исламистичките бунтовници, наречени Ал Шабааб, кој се во тесна врска со Ал Каеда, контролираат делови од престолнината Могадишу и огромни пространства од јужна и централна Сомалија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Мапа) Украина мора да се повлече 15 километри на Запад, Бердичи е опколен
Украина се подготвува да ги повлече војниците од Бердичи, јавуваат српските медиуми.
На вооружените сили на Украина во Бердичи им се заканува опкружување по неодамнешната загуба на Новобахмутовка и Соловјов, а според некои воени блогери се очекува повлекување до 15 километри на запад.
Ним им се заканува загуба и на Нетајлов, Карловка, Умански, Новокалинов, Керамик, Архангелски…
По падот на Авдијивка во февруари, Украина одржа линија на одбрана во близина на Бердичи. За време на безмилосните борби во претходните два и пол месеци на тој дел од линијата на фронтот, беа изгубени и неколку американски тенкови Абрамс, обидувајќи се да го запрат напредувањето на руските трупи.
Воениот блогер Рибар наведува дека руските војници напредуваат и кај Новокалинов.
– Напаѓачките групи ја пробија одбраната на украинските формации во центарот на селото во правец на Керамик. Моментално се консолидираат позициите во центарот на селото. Имајќи го предвид налетот од Очеретин во правец на Архангелск, не може да се исклучи дека во блиска иднина вооружените сили на Русија ќе можат целосно да го окупираат Керамик – вели Рибар.
Според него, Русите успеале да ги истуркаат противниците од Семјеновка.
– Остатоците од пешадијата на вооружените сили на Украина под оган на артилерија и беспилотни летала се повлекоа од северната периферија на селото на запад кон Новопокровски. Под контрола на вооружените сили на Русија делумно беа и шумските појаси кај Семјоновка. Борбите во моментов се водат на најзападната периферија на Бердици. Малку е веројатно дека непријателот ќе може долго да држи позиции поради неговото повлекување од Семјеновка. Следната линија на напад на Вооружените сили на Русија најверојатно ќе бидат шумските појаси на делницата Новопокровско – Новоселовка Перваја каде што сега украинските формации динамично градат одбрана – вели Рибар.
Украинскиот телеграмски канал DeepState потврди дека руските војници ги зазеле Семјоновка и Соловиев и дека се водат борби за Керамик.
Свет
Евакуација на аеродромот во Москва поради дојава за бомба
Еден од катовите на зградата на аеродромот Внуково во Москва е евакуиран поради закана за бомба, соопшти полицијата.
„Едниот кат е евакуиран. Во тек е проверка и контрола“, се наведува во соопштението и се додава дека евакуацијата не влијаела на функционирањето на аеродромот.
Евакуиран е седмиот кат од зградата на управата на аеродромот.
Неименуван извор изјавил за агенцијата ТАСС дека евакуацијата уследила по закана за бомба.
– Се проверуваат сите простории и канцеларии – изјавил овој извор.
Свет
Хутите истрелаа три проектили на два брода во Црвеното Море: оштетен британски танкер
Американската војска објави дека јеменските бунтовници Хути лансирале три противбродски балистички ракети врз два брода во Црвеното Море, при што лесно е оштетен британски танкер за нафта.
Американската централна команда (CENCOM) преку соопштение на платформата „Х“ соопшти дека е оштетен танкерот со нафта „МВ Андромеда Стар“, како и дека проектил паднал во близина на друг брод „МВ Маиша“, но не го оштетил.
Хутите од ноември минатата година напаѓаат комерцијални бродови во Црвеното Море и Аденскиот Залив со ракети и беспилотни летала како знак на, како што велат, поддршката на палестинската милитантна група Хамас во конфликтот со Израел во Појасот Газа.