Контакт

Македонија

Поднесени 65 приговори до ДИК

Објавено пред

Поднесени се 65 приговори до Државната изборна комисија (ДИК) во врска со првиот круг на претседателските и на локалните избори

dobivaj vesti na viber

Поднесени се 65 приговори до Државната изборна комисија (ДИК) во врска со првиот круг на претседателските и на локалните избори што се одржаа во неделата.

Според портпаролот на ДИК Зоран Таневски приговорите се однесуваат на постапката на гласањето и на утврдувањето на резултатите од гласањето.

Приговорите ќе бидат разгледувани на Седница на ДИК во законски рок од 48 часови од приемот.

Доколку подносителот на приговорот не е задоволен со решението има право на жалба до управниот суд во рок од 48 часа. /крај/мп



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Како тоа за ДКСК сертификатот на Христовски е валиден кога две директорки веќе се осудени за ист таков сертификат, прашуваат од СДСМ

Објавено пред

За СДСМ, скандалозна е одлуката на ДКСК во однос на случајот со диркеторот на АНБ Бојан Христовски и таа мора да биде повлечена.

dobivaj vesti na viber

Прашуваат, како е можно за ДКСК да биде валиден сертификатот на Христовски за ТОЕФЛ од Пловдив Бугарија кога Суд веќе осудил две директорки затоа што приложиле ист таков серификат кој е оценет за невалиден.

„Две директорки на јавни установи се осудени на условни казни затоа што приложиле ТОЕФЛ сертификат издаден од компанијата „Јулија ЦО ЛТД“ од Пловдив, Бугарија, односно од истото место и од истото правно лице од каде што е и серитфикатот на Христовски. Како ДКСК заклучила дека е валиден сертификатот кога суд одредеил во два случаи, од исто место и од исто правно лице дека е невалиден? Зошто ДКСК не ги земало предвид овие судски одлуки? Дали е тоа намерно? Ова е уште една причина зошто Државната комисија за спречување на корупција треба да ја повлече скандалозната одлука и да ја врати на повторно разгледување“, велат од партијата.

Според нив, оправдани се и сомнежите за конфликт на интерес кај членката на ДКСК којашто го водела случајот по претставката во којашто се оспорува диплома на директорот на АНБ, Бојан Христовски.

Додаваат дека има премногу сомнежи за нерегуларности, недоследности, нелогичности, за конфликти на интерес за скандалот со Христовски кој трае со месеци.

„Се добива впечаток дека не се важни закони, правила и прописи и по секоја цена Христовски власта го турка да остане на позицијата иако е доведено во прашање дали воопшто ги исполнува условите“, истакнуваат од партијата на Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Утре протест за чист воздух: „Повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи“

Објавено пред

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“ кој од Министерство за животна средина и просторно планирање, ќе продолжи преку Собранието, Владата и ќе заврши пред зградата на Град Скопје.

dobivaj vesti na viber

Oд „Шанса за Центар“ која стои зад протестот заедно со повеќе граѓански организации велат дека надлежните се’ уште не одговорија на барањата за чист воздух, по протестот што се одржа на 10 декември.

„Протестираме бидејќи секоја година повеќе од 3.800 луѓе во Македонија ги губат своите животи како директна последица на изложеноста на штетните честички PM2.5. Ова претставува 17,7 отсто од вкупната смртност во државата. Особено загрижувачки е фактот дека едно од девет починати деца под една година го губи животот поради загадениот воздух“, се наведува во повикот за протестот.

Од надлежните институции се бара итно и системско справување со загадувањето на воздухот преку имплементација на  ефикасни мерки кои ќе го заштитат здравјето на граѓаните и драстично ќе го намалат аерозагадувањето.

Протестот го поддржаа и „Зелен хуман град“, „Скопје смог аларм“, „Независни за Карпош“, „O2 Иницијатива“, „Зелените Од Гази Баба“, „Иницијатива за ослободување од еднократна пластика“, „НаТочак“, „Go Green – Биди Зелен“ и „Слобода на Говорот“.

Прикажи повеќе...

Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Додека од уста не ги извадија правата на Албанците, ДУИ и Артан Груби, си ги полнеа џебовите а СДСМ молчеше за криминалот

Објавено пред

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДС и ДУИ се едно исто. И двете партии, како што велат, ги користат најчувствителните теми во општеството за ситни политички поени и за лично богатење на поединци.

dobivaj vesti na viber

„СДС долго време се криеше зад флоскулата „едно општество за сите“, за од друга страна да ги направи најголемите и најдлабоките поделби во македонското општество. Додека го делеше македонското општествено ткиво, лицата на чело на СДС, како Зоран Заев и Венко Филипче и нивните браќа, правеа милиони. Исто и ДУИ додека се повикуваше на Албанците и себеси се промовираше како нивен најголем и единствен заштитник, Албанците од Македонија масовно се иселуваа. Додека од уста не ги извадија правата на Албанците, раководството на ДУИ меѓу кои Артан Груби, си ги полнеа џебовите. Артан Груби и ДУИ единствено што направија за Албанците е што ги злоупотребија за тие да се богатат. Додека Артан Груби крадеше, ДУИ ги убедуваше сограѓаните Албанци дека се бори за нив. А, секој изминат ден на ДУИ на власт беше причина повеќе Албанците, исто како и Македонците, да си заминуваат од државата“.

Според партијата на Мицкоски, Груби и ДУИ секогаш биле само за заштита на интересите и џебовите на поединци, а не за Албанците и најмалку за Македонците.

СДС, како што нагласуваат, знаеја за криминалот на Груби, на кој прво му дадоа одврзани раце да краде, па потоа му се приклучија и заеднички се богатеа на грбот на народот.

„И уште една причина поради која СДС молчеше за криминалот на Груби, е затоа што така се држеа на власт. И се така седум години народот осиромашуваше, државата се пљачкаше, а челниците на СДС и ДУИ се богатеа. Коалицијата на СДС и ДУИ, беше криминална коалиција од интерес за ограбување на Македонија, а за лично богатење на нивните луѓе. Затоа и се поддржуваа седум години. Но, СДС и ден денес одработува за Груби, кои наместо да се дистанцираат од него и да го повикаат да се врати да се соочи со правдата, тие држат прес-конференции смислувајќи разно разни приказни. Наместо уште да му служат на Артан Груби, СДС да им се извини на македонските граѓани за сервилноста и грабежот на Македонија“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Утре протест за чист воздух: „Повеќе од 3.800 луѓе годишно во Македонија ги губат своите животи“

Утре, сабота, почнува протестнинот марш „За чист воздух“ кој од Министерство за животна средина и просторно планирање, ќе продолжи преку...

Македонија38 минути

„Вреди“ за рокот од шест месеци за уставните измени: Не ги забораваме обврските, но решението не може да биде еднострано

Со оглед на шпекулациите и различните толкувања околу нашата позиција за рокот од шест месеци за уставните измени како чекор...

Свет53 минути

Медведев: Директен конфликт меѓу Русија и САД ќе доведе до светска нуклеарна војна

Доколку се случи директен конфликт меѓу Русија и САД, ќе ескалира во светска нуклеарна војна, смета заменик-претседателот на рускиот Совет...

Свет2 часа

(Видео) Украинците испратија десетици роботи во напад

Бригада на украинската национална гарда објави успешен напад во кој учествувале само роботи – од копнени роботи вооружени со митралези...

Свет3 часа

Зеленски: На Украина и’ треба повеќе оружје и силна позиција за дипломатија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека САД ја зголемуваат испораката на оружје за Киев. „Многу е важно што САД...

Свет4 часа

Путин: Словачка би можела да биде домаќин на мировни преговори со Украина

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија е отворена за словачкиот предлог да биде домаќин на мировните преговори со Украина...

Свет4 часа

Хамас: Најмалку 50 загинати во израелските воздушни напади врз Газа

Најмалку 50 лица загинаа во израелски воздушен напад врз зграда во северниот дел на Појасот Газа, соопштија доцна синоќа здравствените...

Свет4 часа

Почина поранешниот индиски премиер

Поранешниот индиски премиер Манмохан Синг почина на 92-годишна возраст, се вели во соопштението на Институтот за медицински науки во Индија...

Македонија18 часа

Кривична за Перпарим Бајрами и директорот на „Ритрон копи“ поради нови злоупотерби поврзани со „Државна лотарија“

Управата за финансиска полиција поднесе нова кривична пријава против екс директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами поради сомнителни тендери за...

Македонија19 часа

Минчев за злоупотребата на балансерот: Агрон и Фатмир беа регистрирани како македонски имиња, Ангеле и Стојан како албански

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на денешната собраниска седница за пратенички прашања му порача на пратеникот Блерим Беџети од...

Македонија19 часа

Мицкоски: Безбедносните служби лажно ме претставиле како организатор на параполициска воена формација и ме следеле физички

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека според Извештајот на работата на Агенција за национална безбедност, кој е декласифициран за јавноста, тогашните...

Македонија21 час

Мицкоски: Или сите да работат во недела со двојна или тројна дневница или никој

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, одговарајќи на прашање за тоа кој е ставот на Владата...

Македонија21 час

Собранието ќе одлучува за разрешување на членовите на Судскиот совет, Гаши вели како биле назначени така ќе бидат и разрешени

Негативниот извештај за работата на Судскиот совет значи дека Собранието на некој начин ги отповикува и дека може да почне...

Македонија21 час

Интерпелациите за Меџити, Тошковски, Стоилковиќ, Исеини и за Даути ќе бидат во јануари, Гаши потсетува дека тие немаат егзекутивна моќ

На почетокот на јануари на дневен ред во Собранието ќе бидат ставени сите досега поднесени интерпелации, најави денес претседателот на...

Македонија22 часа

Пратениците на „Влен“ би ги гласале уставните измени и денес, но потребни се политички договор и предвидливост во процесот, вели Гаши

Уставните измени за внесување на Бугарите ќе се случат тогаш кога владејачката коалиција ќе биде сигурна дека ќе има парламентарно...

Свет1 ден

Идентификувани првите жртви по авионската несреќа во Казахстан: Игор и Александар управувале со леталото

Од компанијата „Азербејџан ерлајнс“ се огласија по повод трагичниот настан кога патнички авион се урна вчераутро во близина на градот...

Македонија1 ден

Најладно во Крушево, најмногу снег на Попова Шапка

Најладно утрово било во Крушево каде што се измерени -3 степени, 0 степени биле измерени во Битола и Берово, 1...

Свет1 ден

(Видео) Преживеаните патници слушнале експлозија пред да се урне авионот во Казахстан: „И тогаш имаше нешто како шрапнел…“

Авион на „Азербејџан ерлајнс“ се урна рано во средата во казахстанскиот град Актау, при што загинаа 38 од 67 лица...

Свет1 ден

Бајден по масовните руски напади врз украинската енергетска инфраструктура: „Зголемете ја нашата испорака на оружје“

Американскиот претседател во заминување Џо Бајден му нареди на американското Министерство за одбрана да продолжи да ги зголемува испораките на...

Македонија1 ден

Забранет сообраќај за тешки товарни возила на Ѓавато и на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Од 07:00 часот се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на планинскиот премин Ѓавато. Активна забрана за сообраќај...