Македонија
СДСМ: Владата за форумот НАТО-ЕАПС потроши повеќе од три милиони евра
СДСМ денеска обвини дека Владата за организација на НАТО-ЕАПС форумот одржан во јуни 2007 година потрошила повеќе од три милиони евра.
СДСМ денеска обвини дека Владата за организација на НАТО-ЕАПС форумот одржан во јуни 2007 година потрошила повеќе од три милиони евра.Игор Ивановски од СДСМ обвини дека Владата потрошила 600 илјади евра за рента-кар, а за изнајмување опрема за симултан превод, 300.000 евра. За скенери и детектори се потрошени 350.000 евра, за опрема за видео надзор 120.000 евра, за мебел потрошиле 100.000 евра, за облека-нови 100.000, за јарболи 30.000, за чаршафи и завеси над 10.000 евра. За поклони, пенкала, нотеси, папки и други подароци се потрошени 100.000 евра.„Сега е јасно зошто ВМРО-ДПМНЕ се служи со лаги и манипулации за организацијата на други, многу поголеми и поважни настани,. За да ја исперат и покријат сопствената портокалова пералница на пари, за НАТО-ЕАПС состанокот“, рече Ивановски. /крај/со/бд
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Мицкоски е во паника, опозицијата освои двојно повеќе гласови од власта, велат од СДСМ
„Мицкоски мора да е во голема паника штом свика прес конференција да се пофали дека опозицијата освоила повеќе гласови од владејачките партии“, велат од СДСМ.
„Дури и со сите можни злоупотреби на институциите и притисоци, кандидатите за градоначалници од опозициските партии освоија двојно повеќе гласови од кандидатите на владејачките партии.
Опозицијата освои двојно повеќе гласови, 21.394 гласови а власта само 12.534 гласа. Заклучокот е едноставен, власта на ВМРО, ВЛЕН и ЗНАМ загуби вечерва и тоа убедливо“, соопшти СДСМ.
Македонија
Почувствуван земјотрес во Прилеп и околината
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, ноќеска во 01 часот и 14 минути регистрира земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Република Грција, на околу 116 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML2.9
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во Прилеп и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.
Македонија
Без вода денеска дел од Центар
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради поврзување од стара на нова водоводна мрежа со пречник од ф-200 мм на улицата Тодор Александров бб, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Тодор Александров, Партениј Зографски и Периша Савелиќ, општина Центар.

