Скопје
Скопје Сити Мол се подготвува за претстојниот Balkan Bike Festival
Macedonia X-Treme 2015: Balkan Bike Festival започнува во петок на платоата пред Скопје Сити Мол и пешачките зони долж Бул.Партизански Одреди и ул.МАНАПО, а подготовките течат во најдобар ред.
Претстојниот светски FMB сребрен настан се очекува да биде спектакуларно и адреналинско шоу кое ќе разбуди восхит кај сите возрасти.
За овој FMB Silver настан веќе се постави земјена патека, долга 150 метри со ширина од 10 метри, со почетна скокалница висока неверојатни 15 метри, а долга 30 метри и три помали скокалници со висина од 2,5 метри и четири вештачки ридови со висина од четири метри.
Богатата и разновидна понуда ветува многу, а во истата се вклучени разни егзибиции и акробации, како BMX натпреварот во склоп на кој ќе бидат распространети BMX рампи на простор од 500 м2 специјално за овој светски настап за првпат на Балканот, каде ќе настапат повеќе од 40 натпреварувачи од шест држави.
Англиската акробатска група од Лондон, Savage Skills, ќе има свои free style егзибици, а ќе присуствува и трократниот европски првак, Бен Савич од Англија, кој веќе е пристигнат во Скопје и ќе биде дел од овој несекојдневен настан. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Нова спортска сала во Ѓорче Петров
Започна изградбата на училишната спортска сала во подрачното училиште „Димитар Поп Георгиев – Беровски“-Хром. На вкупна површина од 476 м², со димензии 27,40 x 15,6 метри и максимална височина до 12,4 метри, денеска стартуваше со изградба училишната спортска сала во подрачното училиште во Хром „Димитар Поп Георгиев – Беровски“.
Почетокот на изградбата на салата го означија градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и министерот за образование и наука Весна Јаневска.
-Десет години по изградбата на училиштето, оваа локална власт конечно изнајде решение за долгогодишниот проблем на родителите и децата од Хром кои немаа соодветни услови за спортско образование. Оваа пространа сала ќе понуди соодветни услови за различни спортски активности. Изградбата ќе се спроведе со користење на енергетски ефикасни и еколошки материјали, што ја прави оваа сала не само функционална, туку и одржлива на долг рок, изјави Стојкоски.
Инвеститор на проектот е Општина Ѓорче Петров со вкупна инвестиција од 20.000.000,00 денари.
Предвидена е изградба и на паркинг-простор со 30 места за вработените и посетителите. Новата пешачка патека која исто така е во план за изградба ќе обезбеди лесен и безбеден пристап до училиштето и училишниот двор.
-Денеска е важен ден за учениците од Хром. Нашите заложби зa квалитетно образование остануваат наш приоритет. Сите училишта од Ѓорче Петров во текот на следната година ќе бидат опфатени со реконструтивни зафати, што значи решавање на децениски недостиг со капацитети за настава. Продолжуваме активно да работиме на подобрување на условите за настава, но и за физичко образование, рекреација и спортски активности, додаде Стојкоски.
Скопје
Пуштени во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во Бучинци
Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Деновиве беше пуштено во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки на детското игралиште поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи.
Дополнително во рамки на детското игралиште изградено е кошаркарско игралиште со бетонска подлога, кош и партерно уреден простор.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, истакна дека децата и младите од Бучинци добија ново катче каде можат да го поминуваат слоборното време во игра, забава и спортски дух.
Новото детско и кошаркарско игралиште претставува континуитет на успешните проекти на општина Илинден, нов уреден простор за рекреација и забава на најмладите во општината. Во наредниот период ќе бидат изградени нови и реконструирани постојните игралишта и во останатите населени места, велат од општината.
Скопје
Стефковски: Градиме нови фитнес-зони во Хиподром, Стајковци и во Инџиково
Во објава на својата официјална страна на фејсбук, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски информира за реализација на новиот проект за изградба на три фитнес зони.
Во објавата, градоначалникот Стефковски напиша:
„НОВИ ФИТНЕС ЗОНИ ВО ХИПОДРОМ, ИНЏИКОВО И СТАЈКОВЦИ! Во тек се градежни активности за изградба на три фитнес зони на територија на општина Гази Баба. Фитнес зони градиме во: Хиподром во рамки на спортскиот центар во Вера Јоциќ; Стајковци во рамки на спортскиот центар Иван Илиев; Инџиково кај спортскиот терен на вештачка трева. Со реализацијата на овој проект овозможуваме услови за спортување и рекреација на граѓаните. Во изминатиот период фитнес зони изградивме во Триангла, Колонија и Керамидница“, – пишува Стефковски.