Свет
Медведев: Украина да се приклучи во рускиот безбедносен блок

Рускиот претседател Димитриј Медведев ја повика Украина да се приклучи кон безбедносниот блок на поранешните Советски републики, чекор со кој Киев би бил подлабоко во руската прегратка, оценуваат аналитичарите.
Рускиот претседател Димитриј Медведев ја повика Украина да се приклучи кон безбедносниот блок на поранешните Советски републики, чекор со кој Киев би бил подлабоко во руската прегратка, оценуваат аналитичарите.
Украина ги зајакна односите со поранешниот Советски сојуз, по изборот на Виктор Јанукович за претседател во февруари.
Медведев кој се наоѓа во првата посета на Украина, изјави дека би бил среќен кога таа поранешна Советска република се приклучи кон Договорот на организациите за колективна безбедност(CSTO).
“CSTO не е Варшавски пакт, не ни треба конотација со НАТО или било кој друг воен блок”, порача Медведев.
Членови на CSTO, во кои доминира Русија, се и Ерменија, Белорусија, Казахстан, Киргистан, Таџикистан и Узбекистан./крај/хи/мт
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Телескоп на НАСА ја сними поларната светлина на Јупитер

Впечатливите поларни светлини на Јупитер се стотици пати посветли од оние на Земјата, откриваат нови слики од вселенскиот телескоп Џејмс Веб, објави Асошиејтед Прес.
На најголемата планета во Сончевиот систем, се гледа импресивен светлосен феномен како „танцува“ кога честички со висока енергија од вселената се судираат со атоми на гас во атмосферата во близина на магнетните полови на планетата.
Аурорите на северната и јужната светлина на Јупитер и Земјата (aurora borealis и aurora australis) се движат од истиот механизам – честички со висока енергија што Сонцето ги исфрла за време на сончевите бури. Но, аурорите на Јупитер се уште поинтензивни бидејќи силното магнетно поле на планетата, исто така, ги заробува честичките исфрлени во вселената од џиновските вулкани на нејзината месечина Ио.
Телескопот Веб претходно го сними сјајот на аурорите на Нептун со највисока резолуција досега, децении откако тие беа првпат слабо видливи за време на прелетот на Војаџер 2.
Телескопот го снимил феноменот на аурора користејќи специјална камера во близок инфрацрвен спектар. Набљудувањето на Јупитер беше спроведено на 25 декември 2023 година, а го водеше тим научници предводен од Џонатан Николс од Универзитетот во Лестер во Обединетото Кралство. Резултатите од истражувањето беа објавени денес во научното списание „Nature Communications“.
Свет
Хамас го ослободи последниот американски заложник од Газа

Палестинската милитантна група Хамас објави дека го ослободила израелско-американскиот заложник Едан Александар и го предала на Меѓународниот комитет на Црвениот крст.
Израел потврди дека 21-годишниот Александар е ослободен.
Александар бил член на воена единица стационирана на границата со Газа кога бил заробен од милитантите на Хамас за време на нападот врз јужен Израел на 7 октомври 2023 година.
Хамас изјави дека ослободувањето на Александар е „гест на добра волја“ насочен кон оживување на разговорите за ставање крај на 19-месечната војна меѓу Израел и Хамас.
Објавувањето доаѓа пред посетата на американскиот претседател Доналд Трамп на Блискиот Исток, која започнува утре.
Свет
„Имате рок до крајот на денот“: Европа ѝ постави ултиматум на Русија, пристигна експресен одговор од Москва

Европските земји се подготвуваат да воведат нови санкции кон Русија доколку Москва не почне да го почитува предложеното 30 дневно примирје во војната против Украина до крајот на денешниот ден, објави денес германската влада.
Портпаролот на германската влада на прес-конференција во Берлин изјави дека „часовникот отчукува“ за Русија и дека е време да се покаже сериозност во врска со мирот.
Заканата со санкции доаѓа во време на интензивирање на дипломатскиот притисок од Брисел, Берлин и Париз, а се очекува дека меѓу мерките би можело да биде и прекинувањето на гасоводот „Северен тек 2“, што го објави претходно денес претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, во разговор со германскиот канцелар Фридрих Мерц.
Сепак, од Москва брзо дојде остар одговор. Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека „јазикот на ултиматумот е неприфатлив за Русија“ и дека „не е можно да се разговара со Русија на тој начин“. Песков потсети дека ова е второ предупредување од Европа за само неколку дена, нарекувајќи го тонот на пораката „ултимативен и недипломатски“.
Во меѓувреме, рускиот претседател Владимир Путин предложи одржување директни преговори меѓу Русија и Украина во Истанбул на 15 мај, без претходни услови. Портпаролот Песков го опиша предлогот како „сериозен сигнал за мировна намера“, нагласувајќи дека целта на Москва останува да постигне траен мир и да ги реши „коренските причини за конфликтот“, а воедно да ги зачува интересите на Руската Федерација.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски одговори позитивно на предлогот на Путин, изразувајќи подготвеност лично да се сретне со рускиот лидер. Доколку средбата се одржи, тоа би бил нивниот прв состанок од декември 2019 година. Сепак, Кремљ сè уште официјално не одговорил на согласноста на Украина.
За време на нивната посета на Киев во саботата, лидерите на Франција, Германија, Велика Британија и Полска упатија заеднички повик до Русија за безусловно примирје, нагласувајќи дека мирот во Украина е од суштинско значење за стабилноста на Европа.
Сепак, на терен насилството не стивнува. Украинската војска соопшти дека во текот на претходниот ден, Русија извршила десетици напади по должината на источниот фронт, вклучувајќи повеќе од 100 напади со беспилотни летала преку ноќ.
И покрај предлогот за преговори, фактот дека Русија не се согласи на моментален прекин на огнот ги наведува европските лидери сè посериозно да разгледуваат дополнителни мерки за притисок. Брисел вели дека подготвеноста на Русија за компромис е клучна за избегнување на нов пакет санкции, што би можело дополнително да влијае на рускиот енергетски и финансиски сектор.