Македонија
Аселборн: Не можам да дадам решение, само можам да сугерирам
Јас не сум овде да ви дадам решение, туку можам единствено да дадам сугестија.Ова денеска го истакна Министерот за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.
Јас не сум овде да ви дадам решение, туку можам единствено да дадам сугестија.
Ова денеска го истакна Министерот за надворешни работи на Големото Војводство Луксембург, Жан Аселборн.
„Јас она што сега можам да го кажам е дека во интерес на сите земји од регионот, во интерес на ЕУ, па и на НАТО е да се најде едно брзо решение за да можат и двете земји да продолжат кон добра насока“, рече Аселборн.
Според него разликите кои што постојат меѓу Грција и Македонија не се толку длабоки и големи.
„Потребно е да се има дух што е решителено свртен кон инднината, за да може и двете земји да направат напори и да дојдат до решение. Таквото решение нема да биде издиктирано во Луксембург, Париз, Берлин, ниту пак во Брисел“, потенцираше луксембуршкиот шеф на дипломатијата.
Македонскиот министер за надворешни работи Антонио Милошоски рече дека Македонија е подготвена да продолжи со сите реформи кои што се потребни за да ги увери сите земји – членки на ЕУ дека членството и почетокот на преговорите ќе оди рака под рака со кредибилитетот на ЕУ и идејата за обединета Европа.
„Медијаторот Нимиц ќе ја посети Република Македонија на 23 овој месец најверојатно после тоа ќе ја посети Грција и ние ќе се обидеме од наша страна на еден конструктивен начин дополнително да инвестираме во тој процес на билатерален дијалог со цел да оствариме напредок по однос на спорното прашање, потенцираше Милошоски.
На прашањето од страна на луксембуршките новинари дали Аселборн повторно му вети на Милошоски дека ќе поразговара со новата грчка влада затоа што припаѓаат на исто политичко семејство тој одговори дека ќе стори се што е во интерес на решавање на спорот.
„Без оглед дали некој припаѓа на одредено политичко семејство или не, факт е дека по изборот на новата грчка влада се појавија одредени позитивни сигнали. Така што доколку може да се искористи инструментот на политичко семејство зошто да не. Во сечиј интерес е да се пронајде решение за спорот. Се надевам дека во текот на ова шпанско претседателство ќе успееме да изнајдеме решение“, рече Аселборн.
Милошоски дополни дека важна е политичката припадност на одредено проидеолошко семејство во рамките на ЕУ, но уште поважно е дали самите политичари се проевропски ориентирани.
„Во нашите колеги од Луксембург гледаме проевропско ориентирани политичари и сметаме дека со тој дух и со тој капацитет може да се помогне“, рече Милошоски./крај/бд
Фото:Филип Поповски/Макфакс
Повеќе фотографии тука>>
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Видео) Мециновиќ: Владата води историски најопасна надворешна политика по државните интереси
На денешната седница за пратенички прашања, пратеникот од Левица Амар Мециновиќ даде критички осврт на надворешната политика која ја води владата на ВМРО-ДПМНЕ. Мециновиќ на почетокот се осврна на тоа зошто министерот Муцунски не е присутен на пратеничките прашања и праша дали можеби неговото отсуство е поврзано со градењето на новиот објект на покривот на Министерството за надворешни работи.
„Јас и претходно реагирав за едно многу контроверзно гласање во Генералното собрание на Обединетите Нации. Тоа е гласањето против обидот за носење на резолуција за прекин на огнот во Газа. Тогаш вие гласавте против, надвор од очекувањата на македонското општество и надвор од традицијата дипломатска која Македонија ја има”, истакна Мециновиќ.
Пратеникот од Левица дополни дека ова е првиот владин кабинет за надворешна политика кој гласал против кревањето на ембаргото на Куба. Ваквиот чекор според Мециновиќ претставува најгруб дисконтинуитет во традицијата на македонската дипломатија.
Тој се осврна и на односите со Кина, безвизниот режим и прашањето за Тајван, како и на поширокиот геополитички контекст на продлабочена криза во трансатлантските односи. Ја обвини Владата дека во момент кога САД стануваат сè понепредвидлив партнер, таа ја врзува Македонија исклучиво за американската линија, занемарувајќи ја европската траекторија.
„Албанија воведе безвизен режим со Кина и се приближува кон Европската Унија. Вие не воведувате безвизен режим и се оддалечувате од Европската унија. Моето пратеничко прашање е: каде оди овој брод?” – праша пратеникот од Левица.
Македонија
Министерство за правда: Собранието ја изгласа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет
Со мнозинство гласови пратениците ја изгласаа потребата од носење на Предлог законот за Судски совет. Законот се проследува на второ читање, информираат од Министерството за правда.
Министерот за правда Игор Филков во своето обраќање рече дека со овој закон во министерството е започната нова ера на работа и функционирање, во којашто секој битен и суштински закон за граѓаните на Република Македонија ќе се изготвува низ отворен, јавен и транспарентен процес.
,, Клучни новини кои се предвидени со Законот се:
Јавност во постапката за разрешување на претседател на Судскиот совет,
За прв пат прецизирање на критериумите за избор на „истакнат правник“.
Воведување јавна расправа при избор на кандидатите за не-судски членови со цел поголема транспарентност и одговорност,
Зајакнување на критериумите за избор, одговорност и разрешување на членови на Советот од редот на судиите,
Јасно прецизирање на постапката за дисциплинска одговорност на судиите, но и на членовите на судскиот совет,
Воспоставување обврска Судскиот совет да ги прецизира, индивидуализира и образложи одлуките за избор и утврдување одговорност на судиите,
Утврдување на рокови за преземање дејствија за дисциплинска одговорност на судиите, како и прецизирање на основите и постапката за жалба против одлуката на Судскиот совет, како и
бројни други решенија за унапредување на целокупната правна рамка согласно препораките на ЕУ”, рече Филков.
Тој изрази жалење што дел од опозицијата не беше присутна на седницата за носење на, како што оценува, исклучително важен закон кој е дел од Реформската агенда.
Македонија
Утре, во утринските часови наместа со појава на магла, во текот на денот сончево со умерена облачност
Утре во утринските часови наместа ќе има појава на магла, а во текот на денот сончево со умерена облачност и претежно тивко. Во северозападните делови повремено ќе има зголемена облачност со услови за слаб дожд.
Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 8 до 13 степени.
Во Скопје, претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла. Во текот на денот времето ќе биде умерено до значително облачно и претежно тивко.
Минималната температура ќе се спушти до -4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време. Во утринските и ноќните часови по одделни котлини ќе има појава на магла.

