Македонија
АЦВ ќе го тужи директорот на МАТ, Златко Петровски

Агенцијата за цивилно воздухопловство во преписката со МАТ и денеска тврди дека компанијата се обидела со застарени докази и одкументи да го регистрира авионот кој не бил испижан од јужноафриканскиот регистар
Агенцијата за цивилновоздухопловство (ACV) како целосно невистините ги отфрла вчерашаните обвинувањата на Златко Петровски претседател на одборот на директори на МАТ, дека Агенцијата тенденциозно не сака да го впише во регистарот на воздухоплови, вториот воздухоплов Boeing 737-500, произведен во 1991 г., со сегашна јужноафриканска регистарска ознака ZS-PKV. Како што вчера беше соопштено, МАТ до Агенцијата, во изминативе десет месеци има доставено четири барања со некомплетна документација, за впишување во македонски регистар на воздухоплови, на овој авион. Последното барање било доставено на 2 март 2009 г, кога АЦВ ја информирала авиокомпанијата дека барањето се темели на застарени докази и при прегледот на документацијата е констатирано дека постојат два различни договори за истиот авион, едниот од јули 2008, а другиот од ноември 2008 г.Покрај овие недостатоци, согласно чл. 95 од Законот за воздухопловство, утврдено е дека воздухопловот не е испишан од јужноафриканскиот регистар и МАТ нема добиено документ со кој се стекнува со право на сопственост над воздухопловот. Со оглед на фактот дека МАТ во период од 12 март до 1 парил годинава не ги отстранил недостатоците во документацијата, АЦВ на 2 априлсо Решение го одби барањето на компанијата за упис во македонскиот регистар. А од АЦВ велат деак по тоа Решение, не добиле жалба од МАТ.Во врска, пак, со наводите на Петровски дека авионот комплетно ги минал сите проверки на инспекторите на АЦВ, од самата агенција велат дека од податоците со кои тие располагаат и на овој авион рокот за замена, на ткн. носната нога е истечен во јануари 2009 г, со што практично и овој водухоплов не може да се стекне со Уверение за летање.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Запоставеноста на Чаир ќе стане минато и општината ќе добие нов лик како што заслужува, Ѓорѓиевски најави дека ќе го реши сообраќајниот хаос и ќе инвестира во јавната хигиена

Кандидатот за градоначалник на Град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Орце Ѓорѓиевски, на вечерашниот митинг во општина Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека ќе има големи промени во општина Чаир, без поделби врз основа на етничка, верска и политичка припадност со конкретни проекти, со модел на работа за решавање на актуелните проблеми и реален развој на општината.
„Нема да дозволам да се прават поделби по етничка верска или партиска основа. Да изградиме Скопје во кои сите ќе се чувствуваме достоинствено безбедно и пред се рамноправно. Општина Чаир беше заборавена последните години од градските власти, тоа ќе го промениме, ќе се посветиме на Чаир еднакво и рамномерно како кон сите општини во Скопје, тоа вечерва ви го ветувам на сите присутни чаирчани. Мојот збор во минатото е докажан со дела, она што го направивме во Кисела Вода со работа и чесност е мојата гаранција за сите вас. Тој модел на работа каде се слуша гласот на граѓаните, се решаваат реалните проблеми, сакам да го понудам за целото Скопје вклучително и овде во Чаир“, вели Ѓорѓиевски.
Кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски истакна дека запоставеноста на општина Чаир ќе стане минато и општината ќе добие нов лик како што заслужува, потенцирајќи дека ќе се реши најгорливиот проблем на чаирчани, а тоа е сообраќајниот хаос.
„Со години Чаир беше оставен настрана, но тоа време мора да заврши, со заедничка работа можеме да ги решиме сите наталожени проблеми. Ќе инвестираме во чистотата, во јавната хигиена и во комуналниот ред за Чаир да добие лик каков што заслужува една централна градска општина. Нашиот план предвидува конкретни, капитални проекти, конечно ќе го решиме најголемиот ваш проблем ,сообраќајниот хаос, ќе го изградиме булеварот Цветан Димов со шест ленти, со велосипедски патеки, со зеленило и модерно осветлување. Ова е реално ветување, ова е нова модерна порта кон центарот на нашиот град. А за да го решиме паркирањето, ќе изградиме монтажен паркинг кај Чаирчанка, но нашата визија не застанува, ќе го поврземе Чаир со сите делови од главниот град. Ќе ја завршиме клучката Момин Поток, ќе ги претвориме скопското Кале и старата чаршија во живи културни сцени“, рече Ѓорѓиевски.
Македонија
Мицкоски: Неформалната коалиција на Венко, Али и Димче има само една цел, да дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи

На овие локални избори се судруваат две дијаметрални различни понуди, едната понуда е од една неформална коалиција којашто ја сочинуваат СДСМ, ДУИ и политичката партија Левица и втората понуда е понудата којашто ја нуди ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата Твоја Македонија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот народен митинг во Чаир, во рамки на изборната кампањата со слоган „Вистинскиот избор! Со твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!“.
Мицкоски истакна дека во неформалната коалиција сочинета од Венко, Али и Димче има само една цел, а тоа е да се дојде на власт по било која цена, без вредности и било какви заеднички идеи.
„Во оваа неформална коалиција кадешто се здружиле Венко, Али и Димче можеме да забележиме две клучни работи, првата е дека се здружиле да дојдат на власт по било која цена, без вредности, без било каква идеја заедничка којашто ги поврзува, само да се дојде на власт“, рече Мицкоски и додаде:
„Втората е патолошката омраза кон ВМРО-ДПМНЕ, која мојот колега, универзитетски професор Венко Филипче ја надгради и тој рече дека мене тие во суштина и не ме мразеле, туку тоа било чекор над тоа, тие ме презирале и тоа следеше веднаш од како еден нивен перјаница, ми порача дека би било штосно во оваа кампања да го најделе моето распарчено тело спакувано во еден куфер, одприлика на ова се сведува кампањата на СДСМ на овие избори, додека овие вториве ДУИ, првите десет дена од кампањата не ме извадија од уста, Кристијан, Кристијан“, рече Мицкоски.
Објасни дека Левица се обидува да најде нов стопан кој најпрвин тоа беше Зоран Заев а сега е Али Ахмети од Зајас.
„На овие третиве тие коишто се претставуваат како чесни, тие се обидуваат само да си најдат нов стопан, ако најпрвин тоа беше Зоран Заев, но сега тој стопан е минато, сега си најдоа нов стопан, овој новиот стопан се вика Али од Зајас“, посочи Мицкоски.
Македонија
Ѓорѓиевска: СДСМ и Мартин Костовски во очајнички обид да се спасат од агонија, измислуваат физички напад

СДСМ и неговиот кандидат за градоначалник Мартин Костовски денеска се послужија со класична лага и инсинуација во обидот да добијат ситни политички поени, надевајќи се дека тоа нешто ќе им смени на 19 октомври на изборите. Го обвинија нашиот кандидат за советник Самет Салиевски дека, наводно, тој нападнал членови на еден од изборните штабови на Костовски во Куманово. Тоа е целосна лага од Костовски, ја демантираше изјавата на кандидатот за градоначалник на СДСМ – за наводен физички напад врз активисти на социјалдемократите, носеителката на советничка листа на Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, Ивана Ѓорѓиевска.
„Вистината е сосема поинаква. Нашиот кандидат за советник Салиевски бил сведок на меѓусебна вербална расправија на активисти на СДСМ во близина на неговиот дом каде што живее. Немало никаков физички контакт што може да се карактеризира како атак од него. Во меѓувреме веќе станал цел на вербални провокации и довикувања на кои реагирал смирено и воздржано.
Ова се очајнички обиди а СДСМ со лаги и манипулации на низок, дрзок и целосно некоректен обид да добијат ситни поени пред кумановци и јавноста. Таквите очајнички чекори се резултат на агонијата во која се наоѓаат како последица на анкетите направени во предизборието кои велат дека ги очекува убедлив пораз. Поточно, убедлива победа на Движењето ЗНАМ и кандидатот за градоначалник Максим Димитриевски“ потенцираше Ѓорѓиевска.
Ние, рече таа, немаме намера да се занимаваме со ваквите политикантски игри на некои истрошени политичари. „ЗНАМ и Максим Димитриевски во изминатиот период покажаа и докажаа како се сака Куманово, како се води најголемата општина во државата и како со труд, професионалност, посветеност и отчетност се создаваат услови секојдневно да се менува на подобро. А, граѓаните тоа го препознаваат. Затоа на 19 октомври Максим Димитриевски и ЗНАМ ќе освојат голема победа. Победа за Куманово да продолжи да се менува“, посочи Ивана Ѓорѓиевска.