Македонија
ЕКРИ – Извештаи за непријателство кон Македонците во Бугарија
Загриженост од извештаите за непријателство кон Македонците во медиумите изразува Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) во
Загриженост од извештаите за непријателство кон Македонците во медиумите изразува Европската комисија против расизам и нетолеранција (ЕКРИ) во најновиот извештај за Бугарија.
ЕКРИ, која е формирана од на Советот на Европа наведува дека малку мерки се преземени да се одговори на поплаките од Македонците за ова или пак медиумите да сносат одговорност.
Бугарските власти да воспостават дијалог со претставниците на Македонците со цел изнаоѓање на решение за прашањата што ги засегаат претставниците на оваа група, препорачува ЕКРИ.
Исто така препорачува да се преземат чекори, со кои медиумите би понеле одговорност во врска со емитуваните информации за Македонците и да се спроведуваат законите кои ја регулираат оваа сфера.
Комисијата во последниот четврти извештај објавен вчера констатира дека ОМО Илинден, организацијата на Македонците во Бугарија се уште не е регистрирана.
Во третиот извештај ЕКРИ препорача бугарските власти да ги разгледаат внимателно
обвинувањата за дискриминација и нетолерантно однесување спрема Македонците, и доколку е потребно, да ги казнат сторителите. Исто така ги повика да воспостават дијалог со претставниците на Македонците за изнаоѓање на решение за тензиите што постојат меѓу оваа група од една, и властите и мнозинското население од друга страна./крај/амп/ил
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска Давкова: Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија
xtlvy1s x126k92a”>
„Разговаравме за состојбата на македонското малцинство и односот на албанските институции кон нив, при што укажаа дека се соочуваат со пропаганда и обиди за асимилација коишто го загрозуваат нивниот национален и културен идентитет“, напиша Давкова на својот профил на „Фејсбук“ и додаде:
„Потребен е стратешки пристап во решавањето на статусот и заштитата на правата на македонското малцинство во Албанија, согласно европските и меѓународните документи“.
Македонија
Приведен e поранешниот директор на СОЗР – Пеце Мирчески, вечерва на распит во полициска станица
Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески вечерва е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција отвори истрага за сторени кривични дела примање поткуп, фалсификување службена исправа, проневера во службата и несовесно работење во службата извршени за време додека бил директор.
Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.
– Првопријавениот П.М, во својство на службено лице – директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија, во периодот од 09.06.2021 година заклучно со 13.06.2024 година, свесно и со умисла, извршил службени дејствија кои што не смеел да ги изврши и потпишал пет договори за јавни набавки со правен субјект од Скопје, во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П, a притоа не го пријавил постоењето на судир на интереси, не се изземал од истите постапки за јавни набавки и во текот на целиот тој период, а и по престанувањето на функцијата директор, остварувал директна материјална корист за себе и за свое блиско лице од правниот субјект во сопственост и управуван од страна на второпријавениот Г.П. и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело примање поткуп по член 357 став 1 и став 3 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, а второпријавениот го сторил кривичното дело давање поткуп по член 358 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, се вели во соопштението од Управата за финансиска полиција.
Дополнително, првопријавениот П.М, свесно и со умисла во вкупно пет службени исправи – изјави за непостоење судир на интереси во постапките за претходно наведените јавни набавки, внесувал лажни и невистинити податоци и истите со свој потпис овозможил да бидат употребени како вистинити и со таквиот начин на постапување првопријавениот го сторил кривичното дело фалсификување службена исправа по член 361 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија.
– Првопријавениот П.М, во својство на директор на Службата за општи и заеднички работи, во период од 01.01.2022 заклучно со 13.06.2024 година, во повеќе наврати, прикажувајќи невистинити податоци дека се работи за службени патувања за службени потреби и цели, потпишувал барања за резервација на хотелско сместување, барања за резервација на авио билети, решенија за упатување на службен пат во странство и налози за службен пат во странство и со тоа овозможил лично за себе и за други лица вработени во Службата да се стекнат со имотна корист во вид на хотелски сместувања, авио билети за реализирани патувања, изнајмување на рент а кар возила за приватни потреби и цели како и исплатени дневници за службени патувања во вкупен износ од 1.792.859 денари, за кој износ го оштетил Буџетот на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Северна Македонија и го сторил кривичното дело проневера во службата по член 354 став 1 од Кривичниот Законик на Република Северна Македонија, посочуваат од финансиската полиција.
Македонија
Македонската полиција препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност, посочија од МВР
На покана на новиот Генерален Секретар на ИНТЕРПОЛ Валдеси Уркиза, делегација од БЈБ, предводена од Директорот Александар Јанев е во прва официјална посета во Лион, Р.Франција.
На средбата со Генералниот Секретар беа дискутирани стратешки и оперативни прашања кои се од особено значење за јакнење и модернизација на капацитетите на македонската полиција, огромниот придонес кој нашата држава во континуитет го пружа кон меѓународната полициска соработка и целокупното функционирање на ИНТЕРПОЛ како глобална полициска организација.
„Од страна на високото раководство на Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ, препознаени сме како кредибилен партнер за соработка, со партиципација во голем број на иницијативи, проекти и оперативни активности на ИНТЕРПОЛ, користење на алатките и сервисите кои се на располагање на нашите полициски служби во борбата против организираниот криминал, тероризмот и компјутерскиот криминал.
Од страна на претставници од ГС на ИНТЕРПОЛ беа презентирани иновациите за полициското работење, активностите на Извршниот Директорат за полициски сервиси во кој спаѓаат борбата против тероризмот, комјутерскиот криминал, организираниот криминал и оперативната поддршка и анализа. Беше реализирана и посета на Командниот и координативниот центар на ИНТЕРПОЛ, кој е надлежен за 24/7 оперативна поддршка на сите 196 држави членки на ИНТЕРПОЛ.
Во текот на посетата, нашата делегација имаше прилика да се запознае со активностите и придонесот на полицискиот службеник од МВР упатен на работа во Генералниот Секретаријат на ИНТЕРПОЛ во Лион.
Со професионален и посветен ангажман, македонската полиција е препознаена како силен партнер која секојдневно придонесува кон глобалната безбедност и безбедноста на нашите граѓани“, велат од МВР.