Македонија
Јанкулоска: Случајот со убиството на Мартин Нешковски нема политичка заднина
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска од Охрид уште еднаш повтори дека случајот со убиството на Мартин Нешковски нема политичка позадина.
Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска денеска од Охрид уште еднаш повтори дека случајот со убиството на Мартин Нешковски нема политичка позадина. Во врска со барањето на СДСМ за оставка, Јанкулоска вели дека СДСМ своите ставови треба да ги бранат низ институциите.„По однос на барањето на СДСМ и групата граѓани кои се придружија на нивното барање за оставка, ќе повторам дека се работи за настан кој нема никаква политичка позадина и дека се работи за еден настан кој е голема човечка трагедија, за изгубен човечки живот и навистина е нехумано некој да поентира и да се обидува да профитира од една ваква несреќа“ рече Јанкулоска.Според неа МВР ги завршило своите надлежности во овој случај и понатаму ќе постапуваат по насоките на јавниот обвинител.„Поднесена е кривична пријава за лицето што се сомничи за сторено кривично дело убиство и посебен извештај во кој се содржани исказите на сите очевидци кои биле на лице место и полициски службеници кои први дошле на местото и полициски службеници кои го евидентирале настанот. Овој посебен извештај ќе му биде предаден на обвинителот и зависно од насоките кои ќе ги добиеме, ако ги добиеме, ќе постапиме професионално“изјави Јанкуловска. На прашање дали ќе понесат одговорност и другите полицајци Јанкулоска рече дека кривичната одговорност ја утврдуваат судовите /крај/макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на неколку патни правци
Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 100 метри на патниот правец Страцин – Кратово, од 30 до 50 метри на патниот правец Скопје – Тетово, од 50 до 100 метри на патните правци Велес – Скопје, Скопје – Велес и Куманово – Скопје.
Сообраќајот на државните патишта се одвива по претежно влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Дел од Кисела Вода денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците на улица Христо Татарчев 14 према објект со куќен број 30. (општина Кисела Вода)
Македонија
Меџити: Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија
Во продолжение на официјалната посета во Скопје, градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити ја пречека Елиса Спиропали, министерка за Европа и надворешни работи на Република Албанија и во просториите на општина Чаир.
„Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што беа разгледани актуелните регионални случувања, улогата на албанската дипломатија во зајакнувањето на сеалбанските врски, како и значењето на продлабочувањето на меѓуинституционалната соработка во функција на заедничките интереси“, велат од општина Чаир.

„Присуството на Спиропали во Чаир испрати јасна порака на политичка блискост, институционална поддршка и директно внимание кон Албанците во Северна Македонија.

Оваа средба го потврди заедничкиот интерес за зајакнување на соработката и институционалната координација, со фокус на развојот, интеграцијата и зачувувањето на вредностите што нè поврзуваат како држави и како народ“, соопштуваат од општина Чаир.

