Македонија
Тетовчанка продавала дипломи од ДУТ на студенти од Албанија
Тетовчанка во периодот од 2003 до 2008 година фалсификувала и преправала документи од Државниот тетовскиот универзитет (ДУТ) и ги продавала за 2.000 до 7.000 евра на студенти на универзитетот, државјани на Албанија.
Тетовчанка во периодот од 2003 до 2008 година фалсификувала и преправала документи од Државниот тетовскиот универзитет (ДУТ) и ги продавала за 2.000 до 7.000 евра на студенти на универзитетот, државјани на Албанија. Во периодот од 2003 година до 2008 година, 46-годишната Ѓ.С. имала пристап до просторите каде што бил сместен Тетовскиот универзитет, кои насилно ги запоседнала и неовластено ги користела прикажувајќи се како сопственик на „Тетово Табак“, со фалсификување на потписи на Деканот и Ректорот на Тетовскиот универзитет изготвувала лажни исправи. Таа со фалсификување на потписи на професори внесувала невистинити факти за положени испити во оригинални исправи (Индекси), што е констатирано од извршениот увид во книгите на Универзитетот. Со наредба од Истражен судија извршен е претрес во простории на Тетово Табак кои ги користела осомничената, при што се пронајдени и одземени поголем број исправи – Индекси, Уверенија, Дипломи, кои истата неовластено ги имала. Од извршеното вештачење е потврдено дека сите внесени и изменети податоци во исправите се фалсификувани. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од Центар денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 07:30 до 15:30 часот, дел од корисниците на улицата Новопроектирана 2, дел од локали и згради на булеварот, Партизнаски Одреди бр.15-17 и дел од локали и згради на булеварот Климент Охридски, општина Центар.
Македонија
Делови од Карпош и Бутел денеска без вода
Од ЈП водовод и Канализација известуваат дека поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Демир Трајко 51, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Демир Трајко и Партизанска крак 1,3,5,7,9 и 11, општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.
Од ЈП водовод и Канализација исто така известуваат дека поради дефект на огрлица ф-300 мм на улицата Хо Ши Мин 292, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица, општина Бутел. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 10:00 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст
Сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 12 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредниот период
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст. До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.

