Контакт

Свет

Фирмите нудат изработка на пасоши по цени од 22 до 36 млн. евра

Објавено пред

МВР ги разгледува обемните понуди на десетте компании што учествуваат на тендерот за пасоши

dobivaj vesti na viber

МВР ги разгледува обемните понуди на десетте компании што учествуваат на тендерот за пасоши

Најевтината понуда од околу 22 милиона евра ја достави француската фирма “Франсоа Карл обертур”, а највисоката цена од 36,438 милиони евра пристигна од германската компанија “Бундесдрукерај интернешенел сервисис”

ДАНИЕЛА ТРПЧЕВСКА

Десетте фирми што влегоа во најтесниот круг за изработка на новите патни исправи и лични документи по ЕУ-стандардите нудат најразлични цени, кои се движат од 22 до 36,5 милиони евра. До Комисијата за набавки при Министерството за внатрешни работи најевтината понуда достави француската фирма “Франсоа Карл обертурри од околу 22 милиона евра. Највисоката цена од 36,438 милиони евра пристигна од компанијата “Бундесдрукерај интернешенел сервисиссс” од Берлин, Германија.

На јавното отворањето на вториот тендер за пасоши пред неколку недели понуди доставија десет фирми, од вкупно дванаесет, колку што ја поминаа претквалификациската постапка и добија понуди да учествуваат на тендерот за изработка на систем за нови пасоши. Американската фирма “Американ бенк ноут компаниии” и словенечката “Миражжж” не доставија понуди, со што ја изгубија можноста да учествуваат во трката за еден од “најпривлечнитеее” тендери во земјава.

Втората германска фирма од Минхен, “Гисеке енд Девриенттт” во тендерската понуда која ја достави до МВР, меѓу другото, наведува дека документите ќе може да ги изработи за 23,458 милиони евра, додека речиси еднаква понуда во цените е добиена од страна на француската фирма “Сажеммм” – 24,740 милиони евра и “Институто полиграфикооо” од Италија во износ од 24,884 милиони евра.

>“Сименс бизнис сервисиссс” од Австрија предлага изработка на новите документи за 25,788 милиони евра, а три милиони поскапа понуда има канадската “Канадиен бенкноут компаниии” – 28,950 милиони евра. Нашиот јужен сосед Грција, преку фирмата “Интраком Сааа”, влезе во тесниот круг за изработка на пасошите и е подготвена да го направи тоа за 29,512 милиони евра, додека швајцарската “Орел Фислиии”, која е носител на проектот кој планира да го спроведе заедно со македонската државна печатница “11 Октомвриии”, смета дека изработката на документите ќе чини 30,518 милиони евра. Словенечката “Цетиссс” нуди поскапа изработка на документите, по цена слична на онаа што ја нуди и берлинската, односно за 36,163 милиони евра.

Од Комисијата за набавки на МВР велат дека во тек е разгледувањето на обемната тендерска документација на десетте понудувачи. Документацијата која ја достави секоја фирма, содржи и по 10 илјади страници со конкретни одговори на прашањата поставени во тендерската документација од страна на МВР. Покрај процени за тоа колку би чинела изработката на патните исправи и дали имаат можности да ги изработат според ЕУ-стандардите, понудите содржат и мостри за изгледот на пасошот, личната карта и сообраќајната дозвола, примероци од заштитната хартија од која ќе бидат изработени и слично. Квалитетот и цената ќе бидат пресудните при изборот на најдобриот понудувач, велат надлежните, иако предвид ќе се земат и условите за плаќање, сервисот и одржувањето, како и компатибилноста со системот на МВР.

>“Цената не значи ништо, нас не интересира квалитетот на понудите, бидејќи тоа носи и најголем број бодовиии”, вели Живко Темелковски, претседател на Комисијата за јавни набавки во МВР.

Според Комисијата, моментално се вршат испитувања на добиените примероци во посебни лаборатории, каде што ќе се анализира квалитетот на понудите и заштитните мерки, како поликарбонатната основа и бесконтактниот чип во кој ќе се вметнуваат биометриските податоци со цел да се заштитаат од фалсификување. Податоците за носителот на исправата ќе се внесуваат на поликарбонатната основа со технологија на ласерско енгравирање. Чипот што треба да биде вграден во пасошот ќе содржи отпечатоци од сопственикот на исправата, негова фотографија, дигитален потпис, како и боја на ирисот на окото.

Законот предвидува во рок од три месеци од отворањето на понудите да се изврши анализа и увид на опремата и посети кај набавувачите, по што ќе се избере најдобрата понуда, Бидејќи станува збор за меѓународен тендер, каде што е потребно да се прегледа обемна документација, да се направи увид и посета на фирмите, рокот може да се пролонгира. Според најавите, наесен треба да биде избран најдобриот понудувач, а граѓаните со првите дигитални пасоши ќе можат да патуваат во текот на 2006 година.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет

Поранешен советник на Пентагон: Време е Зеленски да избега во Израел

Објавено пред

Пензионираниот полковник на американската армија и поранешен советник на шефот на Пентагон, Даглас Мекгрегор, изјави дека дојде време украинскиот претседател Володимир Зеленски да „бега во Израел“, бидејќи, како што тврди, повеќе нема никаква политичка или безбедносна иднина. Коментарот беше објавен на платформата Икс.

dobivaj vesti na viber

„Време е Зеленски да ги запали моторите на својот личен авион и да одлета за Израел. Тој стана непотребен и нема иднина“, рече Мекгрегор.

Тој, исто така, оцени дека неодамнешната средба на Зеленски со британскиот премиер Кир Стармер, францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Фридрих Мерц била „бескорисна“, бидејќи украинскиот лидер, според него, не добил ништо освен „бесмислени гаранции“.

На 8 декември, Зеленски се сретна со тројцата европски лидери во Лондон, каде што, меѓу другото, разговараа за мировниот план на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на конфликтот во Украина. Според соопштението од Елисејската палата, разговорите ќе продолжат, а европските земји имаат намера да му обезбедат на Киев „сигурни безбедносни гаранции“ и да учествуваат во планирањето на обновата на земјата.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

Захарова: Нема ништо лошо во трговијата, но Зеленски се занимава со крваво пазарење

Објавено пред

Нема ништо лошо во трговијата, сè додека не се занимавате со некакво крваво пазарење, што го прави Владимир Зеленски, изјави претставничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

dobivaj vesti na viber

„Нема ништо лошо во трговијата, кога не станува збор за трговија на луѓе кои ви верувале и кои ве избрале да донесете мир во земјата, како што ветивте.

Но, кога станува збор за трговија со верата, довербата на луѓето, па дури и нивните животи – што вклучува трговија со органи, трговија со украински деца, труење на честа, совеста и иднината на Украина – тогаш тоа добива сосема друго значење“, рече Захарова, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп, пренесува Спутник.

„Навистина, она што го прави Зеленски е крвава трговија“, оцени Захарова. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно го нарече Зеленски трговец, и тоа не за прв пат, потсетуваат медиумите.

Фото: депозитфотос

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) „Спејс Икс“ лансираше ракета со тајна мисија за американската војска

Објавено пред

Ракета „Фалкон 9“ на „Спејс Екс“ што носи доверлив товар за Националната извидувачка канцеларија на САД (НРО) беше лансирана вчера од лансирната рампа 40 на вселенската станица Кејп Канаверал во Флорида. Тоа беше уште една класифицирана мисија за националната безбедност на САД.

dobivaj vesti na viber

„Фалкон 9“ полета во 14:16 часот по источноамериканско време, пробивајќи се низ облачното небо над вселенската станица Кејп Канаверал. Мисијата е означена како НРОЛ-77, а товарот е, како и обично со НРО, обвиен во тајност.

Националната извидувачка канцеларија, која работи во рамките на Министерството за одбрана на САД, е одговорна за управување со американската флота шпионски сателити. Во официјалната изјава на НРО само се наведува дека мисијата „носи товар за национална безбедност дизајниран, изграден и управуван од НРО“, без да се дадат дополнителни технички или оперативни детали.

Ова беше седмиот лет на „Фалкон 9“ во 2025 година, со ознака „NROL-“. Порано оваа година беа лансирани мисиите NROL-153, NROL-57, NROL-69, NROL-192, NROL-145 и NROL-48, кои траеја од јануари до септември.

Првата фаза на „Фалкон 9“ успешно се врати на Кејп Канаверал, дополнително демонстрирајќи ја посветеноста на „Спејс Екс“ за повторна употреба на ракетните системи, дури и на сложени и чувствителни мисии за американската воена и разузнавачка заедница.

фото: unsplash

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Одбраната на министерот Шабан Салиу, обвинет како поранешен директор на ДЗС ќе даде воведни зборови, ново судење за „Пулс“

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ од кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени продолжува денес во...

Македонија1 час

Уште 10 дена за аплицирање за ваучери за ИТ уреди, известува Министерството за дигитална трансформација

Министерството за дигитална трансформација известува дека остануваат уште 10 дена за аплицирање за студентски ваучери. Досега се доделени вкупно 42.606...

Свет2 часа

„Европа го подготвува својот крај“: Турски аналитичар предупредува на погрешни стратешки проценки од Брисел

Политиката на Брисел за „исцрпување“ на Русија не само што не ги даде очекуваните резултати, туку, доколку продолжи, може да...

Европа3 часа

ЕУ се согласи да ги намали емисиите за 90% до 2040 година

Европската Унија постигна правно обврзувачки договор за климата со кој емисиите на стакленички гасови ќе се намалат за 90 проценти...

Регион3 часа

Вучиќ сака Западен Балкан заедно да влезе во ЕУ; Црногорскиот премиер: Ќе ве чекаме таму

Премиерот на Црна Гора, Милојко Спајиќ, изрази делумна согласност со предлогот на српскиот претседател целиот Западен Балкан да се приклучи...

Европа3 часа

Шефот на украинската армија: Држиме дел од Покровск, но моравме да повлечеме дел од војската

Украинските трупи држат делови од опколениот град Покровск од средината на ноември, но на некои единици им е наредено да...

Свет4 часа

Папата го критикува Трамп за коментарите за Европа

Папата Лав вчера по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски им изјави на новинарите дека Европа мора да игра централна...

Македонија17 часа

(Видео) Владата го усвои предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски, соопшти Митева

На денешната редовна 134 владина седница беше усвоен предлогот за разрешување на Љупчо Коцевски од функцијата јавен обвинител со што...

Македонија18 часа

Премиерот слушна, но не сака да зборува за барањето за обесштетување за трагедијата во Кочани: Не би сакал за тоа да коментирам

Премиерот Христијан Мицкоски седнат во првиот ред во Собранието денес ги слушна барањата на родителите на загинатите и повредените во...

Македонија18 часа

Мицкоски: Додека јас сум премиер, нема да никне ниту еден шатор за илегални мигранти

Премиерот, Христијан Мицкоски, ги отфрла наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека во Македонија ќе бидат отворени кампови за...

Македонија19 часа

МОН воведува нови стипендии, конкурсите се веќе објавени

По воведувањето на стипендии за стимулирање на средношколци за упис на прв циклус на студии по македонски јазик за тековната...

Македонија20 часа

Василевска бара изземање на Апасиев од претседавање со Анкетната комисија за Кочани

Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ, Иванка Василевска, на денешната седница на анкетната комисија за заштита на слободите и правата на...

Свет20 часа

Мерц вели дека Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз, Кремљ му одговари

Кремљ денес соопшти дека европските тврдења дека рускиот претседател Владимир Путин сака да го обнови Советскиот Сојуз се погрешни и...

Македонија23 часа

(Видео) Филипче: Опасност од мигранти, проблем е Владата на ВМРО-ДПМНЕ и нејзините тајни разговори

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија пред повеќе месеци ја најави опасноста која што не очекува со мигрантите и таа опасност е...

Македонија1 ден

Беким Сали назначен за в.д. претседател на Алтернативата по оставката на Зеќирија Ибрахими

Вицепремиерот и иден министер за европски прашања Беким Сали е избран за вршител на должност претседател на Алтернатива, откако досегашниот...

Европа1 ден

Објавени нови мапи; Русите: Напредуваме на сите фронтови, Украинците се опколени

Рускиот генерал Валериј Герасимов изјави дека руските сили напредуваат по целата фронтова линија во Украина и ги напаѓаат опколените украински...

Свет1 ден

(Видео) „Ти си најнапорната новинарка овде“: Трамп повторно со навреди

Американскиот претседател Доналд Трамп продолжи со своите вербални напади врз новинарките, а откако ги навреди врз основа на нивниот изглед...

Европа1 ден

Украина не се откажува од еден услов, Зеленски подготвува одговор на Трамп

Украина подготвува нов мировен план што ќе го презентира пред Белата куќа, додека борбите на истокот од земјата продолжуваат. Клучниот...

Македонија1 ден

СДСМ со прашање за ВМРО-ДПМНЕ: Дали Британците лажат?

„Откако британските медиуми објавија нови информации со прецизни детали дека се договорени 20 илјади фунти по мигрант и дека Македонија...

Европа1 ден

(Видео) Нов масовен напад: руски беспилотни летала го бомбардираат украинскиот град Суми

Руски беспилотни летала го нападнаа северниот украински град Суми доцна синоќа, што е втор голем напад врз градот за 24...