Скопје
Општина Кисела Вода ги повикува граѓаните да ги исчистат оџаците
Општина Кисела Вода ги повикува сите жители на оваа територија кои за затоплување на своите објекти користат тврдо гориво, да ги исчистат оџаците.
„Нивната неисправност и нередовно чистење и одржување претставува сериозна опасност која може да има немерливи последици. Имено, неисчистениот оџак значи ризик од пожар, зголемена емисија на штетни гасови и до 20% поголема потрошувачка на енергија“, се вели во соопштението од Кисела Вода.
Чистењето на оџаците е задолжително и согласно Правилникот за исправна состојба на оџаците, домаќинствата се обврзани да ги одржуваат оџаците два пати низ зимскиот период и еднаш, надвор од сезоната. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
(Фото) Ѓорѓиевски: Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен
Соочени со зимските услови и снежните врнежи, Град Скопје навремено и одговорно ги презема сите неопходни мерки за обезбедување безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Екипите на Град Скопје уште од раните утрински часови се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на улиците и булеварите под градска надлежност, со 24-часовна активност и координација на кризниот штаб, известуваат од Град Скопје.
„Снегот не е изненадување во зима – подготвеноста е наша обврска!
Од раните утрински часови, екипите на Град Скопје се постојано на терен и интензивно работат на расчистување на снегот од улиците и булеварите што се под надлежност на градот.
Со цел навремена и ефикасна реакција, кризниот штаб е активиран 24 часа дневно, со континуирано следење и детектирање на сите клучни и критични точки.
Безбедноста на граѓаните е наш приоритет.
Затоа, апелираме до сите учесници во сообраќајот да возат внимателно, да ги почитуваат сообраќајните правила и да ја прилагодат брзината и начинот на возење на зимските услови.
Со одговорност, навремена акција и заедничка грижа – Скопје се движи безбедно и во зима“, напиша градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на социјални мрежи.
Македонија
Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари, велат од СДСМ
„Орце и ВМРО ги изненади снег во јануари. Градот е парализиран, сообраќајакот е во хаос. Службите не функционираат, не можат со малку снег да се справат. Сега скопјани треба да чекаат да се стопи снегот по улиците за да се движат нормално“, велат од СДСМ.
„Нема доволно возила за чистење, ама има за 161 тендер за ортаците на Орце и ВМРО.
Дали ова е „Safe city“?
Затоа СДСМ инсистира на закон кој, како и сè друго, нема да биде злоупотребен од страна на ВМРО.
Исто како што се злоупотребува и парите на граѓаните, кои преку тендери завршуваат во приватни џебови на ортаците на Мицкоски.
Како што изгледа градот денес, така ќе изгледа и цела Македонија – блокирана од сите, поради политиките што се водат. Црна точка во Европа“, соопшти СДСМ.
Македонија
(Видео) Снегот се натрупува, движењето по улиците низ Чаир и Бутел отежнато
Движењето на возилата по булевар „Христијан Тодоровски Карпош“ во Бутел е отежнато, а снегот се натрупува. Нема трага ниту од сол на патот, ниту од служби, велат жителите.

