Надворешна политика
Бесими: Проширувањето останува на агендата на ЕУ и е основен концепт
Проширувањето на Европската унија (ЕУ) останува на агендата на нејзините земји членки, бидејќи пред се е одраз на основниот концепт на Унијата, сите земји од европскиот континент да станат дел од неа, изјави вицепремиерот за евроинтерации Фатмир Бесими во понеделникот на седница на собраниската Комисија за европски прашања.
На седницата на дневен ред беше Извештајот за реализираните активности од Националната програма за усвојување на правото на ЕУ-ревизија 2014 година, за периодот 1 јануари до 31 март 2014 (прв квартал), запрашан дали е можно во постојните услови РМ да ја изгуби препораката за почнување на преговорите со ЕУ.
Изјавите на новиот претседател на Европската комисија (ЕК) Жан Клод Јункер и на еврокомесарот за проширување Штефан Филе дека во наредните пет години нема да има прием на нова членка во Унијата, според Бесими произлегуваат од досегашното искуство и преговорите што се водат гледано според тоа кои земји во која фаза се од преговорите.
„Проширувањето на ЕУ со Западен Балкан останува составен дел на агендата на ЕУ и тука нема дилема. И тоа не смее во никој случај да не демотивира или да биде изговор за неисполнување на одредени работи во однос на реформите и сите други прашања. Многу е важно од Македонија да дојде една единствена порака, без оглед дали од Влада, од опозиција, од Собрание или од граѓанин – а тоа е дека ние чувствуваме дека треба да бидеме дел од ЕУ и ние работиме на тоа да станеме дел од ЕУ, дека веруваме во европските демократски вредности кои носат стабилност и просперитет за сите граѓани и земји од регионот“, изјави Бесими.
Според вицепремиерот, за првите шест месеци од годинава, од 27 предвидени европски закони, усвоени се 11, пет се во владина постапка и три се во меѓуресорска дискусија, а вкупно за 2014 година треба да се усвојат 57 закони./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.