Свет
Експлозии на крузерот „Коста Конкордија“, спасувачите трагаат по преживеани
Од насуканиот крузер „Коста Конкордија“ денеска се слушаат експлозии бидејќи нуркачите користат помали експлозии со кои си отвораат премини.
Од насуканиот крузер „Коста Конкордија“ денеска се слушаат експлозии бидејќи нуркачите користат помали експлозии со кои си отвораат премини.Меѓу 29 лица кои се водат како исчезнати по хаваријата на бродот „Коста Конкордија“, 14 се германски државјани, информираше портпаролот на крајбрежната стража Филипо Марини, додавајќи дека продолжува проверката на внатрешноста на бродот со употреба на помали експлозиви. Според информациите што ги објави крајбрежната стража, покрај 14 Германци, меѓу исчезнатите се и шестмина Италијанци, четворица француски државјани, двајца Американци, како и по еден унгарски, перуански и индиски државјанин.Спасувачите се надеваат дека би можеле да пронајдат уште преживеани, доколку патниците успеале да пронајдат воздушен џеб во некоја од кабините, некаков извор на топлина или храна. Локален експерт во цивилната заштита тврди дека при ваква температура на морето е невозможно долго да се преживее, дури и ако постојат евентуални воздушни џебови.Петер Бердовски, директор на холандската компанија која е задолжена за испумпување на горивото од „Коста Конкордија“, синоќа изјави дека испумпувањето на горивото би требало да трае најмалку три недели. Експертите би требало од бродот да извлечат околу 2.380 тони гориво.Италијанските власти се загрижени и заради потенцијалното загадување, во случај горивото да почне да истекува во море. /крај/хн/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
САД може да се повлечат од решавањето на војната во Украина, вели синот на Трамп
Американскиот претседател, Доналд Трамп, би можел да се повлече од решавањето на војната во Украина, изјави неговиот најстар син Доналд Трамп помладиот на конференција на Блискиот Исток.
Во долгиот говор против продолжувањето на борбите во Украина, Доналд Трамп помладиот, исто така, рече дека „корумпираните богати луѓе од Украина избегале од земјата, оставајќи го она што го сметале за селска класа да се бори во војната“.
Доналд Трамп помладиот нема официјална улога во администрацијата на Доналд Трамп, но е клучна фигура во движењето MAGA. Неговиот настап ја одразува антипатијата на некои членови на тимот на Трамп кон украинската влада и доаѓа во време кога преговарачкиот тим на Трамп врши притисок врз Киев да отстапи територија.
Доналд Трамп помладиот изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски ја продолжува војната бидејќи знае дека никогаш нема да победи на изборите ако војната заврши.
Тој, исто така, ја критикуваше шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калас, велејќи дека европските санкции не функционираат бидејќи само ја зголемиле цената на нафтата, од која Русија може да ја финансира војната. Тој го опиша европскиот план како „чекање Русија да банкротира“.
Трамп помладиот без докази тврдеше дека за време на еден ден во Монако ова лето, видел дека 50 проценти од автомобилите како Бугати и Ферари имале украински регистарски таблички.
– Дали мислите дека е заработено во Украина? – праша Доналд Трамп помладиот.
– Слушнавме гласини за тоа што се случува кога ќе видиме дека сите регистарски таблички во Монако се украински. Богатите избегаа и го напуштија она што го сметаа за селска класа за да се борат во овие војни. Немаше поттик да се запре војната бидејќи сè додека парите доаѓаа и крадеа, никој ништо не проверуваше, па затоа немаше причина за мир.
Кога го прашале дали е можно неговиот татко – кој водеше кампања дека може да донесе мир во Украина – едноставно да се откаже, Доналд Трамп помладиот рекол можеби, објаснувајќи дека неговиот татко е еден од најнепредвидливите луѓе во политиката.
Свет
(Видео) Див дабар виден во Велика Британија за првпат по 400 години
Во природниот резерват Пенсторп, Норфолк, за првпат по повеќе од 400 години е забележан див дабар. Животното е снимено на камера додека собира дрвја за своето живеалиште покрај речен брег, оставајќи ги експертите збунети за неговото потекло.
Менаџерот на резерватот, Ричард Споуџ, рече дека дабарот престојува во изолиран дел од резерватот околу еден месец и можеби патува кон соседните мочуришта во потрага по храна. Првите знаци за присуство биле карактеристични траги на дрвја, по што биле поставени камери.
Реинтродукцијата на дабарите во Англија започна во 2015 година, а диви популации се забележани и во Дорсет, Кент, Хемпшир, Сомерсет и Шкотска.
Потеклото на дабарот од Пенсторп останува мистерија.
„Од наша гледна точка, тоа е диво животно и има право да биде тука“, заклучи Споуџ.
Свет
Келог: Мировниот договор за Украина е „многу близу“, клучни остануваат Донбас и Запорожје
Специјалниот претставник на САД за Украина, Кит Келог, изјави дека договорот за прекин на војната во Украина е „навистина блиску“ и дека сега зависи од решавањето на две големи отворени прашања – иднината на украинскиот регион Донбас и нуклеарната централа Запорожје.
Келог, кој треба да се повлече од функцијата во јануари, кажа дека напорите за решавање на конфликтот влегле во „последните 10 метри“, што, како што забележа тој, е секогаш најтешкиот дел.
Двете главни нерешени прашања, рече Келог, се однесуваат на територијата – првенствено на иднината на Донбас – и иднината на украинската нуклеарна централа Запорожје, најголемата во Европа, која е под руска контрола.
„Ако ги решиме овие две прашања, мислам дека и останатите работи ќе бидат решени доста добро“, рече Келог.
Според првичните американски предлози, нуклеарната централа Запорожје би била рестартирана под надзор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), а произведената електрична енергија би била подеднакво поделена меѓу Русија и Украина.

