Контакт

Општество

АХВ: Произволни и тенденциозни се наводите на СДСМ во врска бактеријата листерија

Објавено пред

Ни случајно, како што се истакнува во соопштението на СДСМ, не станува збор за нереагирање од страна на надлежните институции по утврдувањето на присуството на бактеријата листерија, реагираат од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), откако претходно во средата најголемата опозициска партија се огласи дека „остро реагира на начинот на кој се однесуваат државните институции“ во врска со појавата на бактеријата од која досега се забележани четири смртни случаи

dobivaj vesti na viber

„Невистинити и тенденциозни се тврдењата на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија со кои во средата преку соопштение до јавноста, по којзнае кој пат се обидоа да внесат вознемиреност и паника кај населението, по завчерашната официјална потврда од здравствените власти за појава на случаи на заболени лица од бактеријата листерија’“ се вели во писмената реакција на АХВ.

Од Агенцијата за храна и ветеринарство истакнуваат дека веднаш по добивањето на информацијата за евентуалната поврзаност на случаите на листериоза со храна, во петокот 18-ти јули, Агенцијата извршила увид во неколку фирми, кои беа наведени во епидемиолошката анкета, со цел утврдување на фактичката состојба и преземање на сите неопходни мерки. Со цел потврдување или отфрлање на поврзаноста, биле земени мостри за лабораториско испитување и извршена е контрола на активностите на фирмите, а следниот ден, во саботата 19-ти јули, биле извршени дополнителни контроли во наведените објекти.

„Со цел сведување на ризикот на минимум, од 21-ви јули, согласно препораките на Комисијата за заразни болести, Агенцијата спроведе опсежно земање на мостри и од другите производители на храна од животинско потекло (во моментот земени се повеќе од 200 мостри), и спроведе сеопфатни контроли во објектите“, истакнуваат од АХВ.

Финалните резултати а не шпекулациите, како што се посочува во соопштението, ќе дадат одговор на прашањето кој е изворот на заразата. Причината поради која во првиот круг контроли се опфатени домашните производители на месни и млечни производи, се заснова на епидемиолошките испитувања спроведени од здравствените власти, при што како потенцијални, но не и дефинитивно потврдени извори се посочени одредени производи од домашно потекло.

„Паушални се тврдењата изнесени во денешното соопштение на СДСМ дека не се врши мониторинг на безбедноста на храната во домашните производствени и преработувачки капацитети. Од аспект на спроведување на превентивен мониторинг на храна, Агенцијата за храна и ветеринарство секоја година спроведува Мониторинг на безбедност на храна на одредени параметри на репрезентативен број на примероци, при што во 2013 година и тековната 2014 година не се утврдени позитивни наоди на листерија. Мониторинг програмата е одобрена и од страна на Европската унија“, порачуваат од АХВ.

Исто така, согласно Законот за безбедност на храна, сите оператори со храна се должни сами да воспостават и спроведуваат внатрешни системи на безбедност на храна (HACCP) во рамкитe на кои се спроведува и задолжително лабораториско испитување за евентуално присуство на одредени микроорганизми, меѓу кои и листериозата. Задолжителното испитување на листериозата е пропишано во Правилникот за микробиолошките критериуми за храната (Сл. Весник бр. 100/2013), кој е во целост усогласен со Регулативата на ЕУ бр.2073/2005), а инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство вршат редовни контроли кај операторите од аспект на негово спроведување.

Што се однесува на увозот на храна, согласно Планот за контрола заснован на анализа на ризик, во текот на 2013 година Агенцијата има лабораториски испитано над 4.000 примероци за утврдување на микробиолошката исправност на храната и сите се со задоволителен резултат. Листеријата, нормално е составен дел на испитувањето.

„Како одговорна институција за безбедноста на храната, Агенцијата за храна и ветеринарство и во наредниот период останува посветена на заложбите за темелно и со факти аргументирано расветлување на овој случај, со цел граѓаните да добијат вистинска слика за безбедноста на храната која ја консумираат“, се заклучуваа во реакцијата

Притоа се даваат податоци дека листериозата е голем здравствен проблем, пред сé во развиените земји (Европа, Америка и сл). Годишната инциденца на ова заболување во поголем број на земји од ЕУ просечно се движи од 2-10 пријавени случаи на 1.000.000 жители (0,3/100.000 жители). Во последните години, листериоза била пријавена во 23 земји-членки на ЕУ и била петта од најчестите зоонозни инфекции регистрирани во Европа, после Campylobacter, Salmonella, итн. Во 2012 година, бројот на пријавени потврдени случаи на листериоза во ЕУ членките бележи покачување за 10,5 отсто во однос на 2011 година./крај/мф

Извор: Макфакс

Македонија

Халкбанк со голема акција за пошумување во Делчево како дел од иницијативата „Еден милион садници за пет години“

Објавено пред

Халкбанк АД Скопје денес ја реализираше новата етапа од својата долгорочна зелена иницијатива „Еден милион садници за пет години“, со засадување багремови садници на површините од „HalkForest“ во Малешевијата, на локација во Делчево.

dobivaj vesti na viber

Акцијата беше спроведена во партнерство со ЈП Национални шуми и со учество на менаџментот на Банката, дел од вработените и стручни претставници од јавното претпријатие.

Ова пошумување е дел од најамбициозната еколошка програма на Халкбанк досега, иницијатива која што Банката ја започна минатата година, а е препознаена како системски придонес за борба против загадувањето, обновување на шумските екосистеми и подобрување на квалитетот на воздухот.

Со најновата акција, Халкбанк повторно ја потврди својата определба, одржливоста да биде трајна, а не декларативна обврска.

„За нас, одржливоста е дел од јасно поставена стратегија и подразбира постојана работа, планирање и вистински ангажман. Пошумувањето е активност со мерливи ефекти, го намалува загадувањето, ја подобрува еколошката рамнотежа и создава услови за поздрава средина. Со иницијативата ‘Еден милион садници за пет години’ покажуваме дека сме подготвени континуирано да инвестираме во решенија кои носат долгорочна вредност за сегашните и идните генерации,“ истакнаа од Халкбанк.

Акцијата во Делчево е дел од програмата што се реализира преку платформата ХалкЕко, преку која Банката во изминатите години засади над 100.000 садници, организираше спортски и еко настани, поддржува едукативни програми и придонесува кон уредување јавни простори низ државата.

Халкбанк останува посветена на исполнување на целта за засадување еден милион нови садници во период од пет години, со стратешки пристап и цврсто партнерство со институциите и локалните заедници.

(ПР)

Прикажи повеќе...

Македонија

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Објавено пред

Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.

dobivaj vesti na viber

– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.

Прикажи повеќе...

Македонија

Православните верници го слават Велигден

Објавено пред

Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.

dobivaj vesti na viber

Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

(Видео) Филипче и Заев сакале да му ја земат болницата на Жан Митрев, Обвинителството да истражи, порача Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, на денешната прес-конференција обвини дека поранешниот министер за здравство Венко Филипче и поранешниот премиер Зоран...

Македонија4 часа

Поради дефект без парно делови од Центар, Аеродром и Кисела Вода

Поради лоцирање на дефект на дистрибутивната мрежа во моментов има прекин во испораката на топлинска енергија кај потрошувачите од Центар,...

Македонија5 часа

Филипче го повика Жан Митрев да оди кај обвинител и да поднесе кривична, најави и тужби: „Ова не е политика, сега ќе ги тужам“

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција обвини дека ВМРО-ДПМНЕ спроведува, како што рече, јавен линч против него преку лаги,...

Македонија5 часа

Вандализиран паркот „Бановина“ во Аеродром – искршена урбаната опрема, оштетена фонтаната, а провалено е и во чуварската куќа

Општина Аеродром најостро го осуди вандалскиот чин што се случил синоќа во паркот Бановина, каде што била сериозно оштетена јавната...

Топ7 часа

Обвинение за помагачите во бегството на 18-годишникот што со автомобил усмрти жена на Народен фронт

Обвинителството поднесе обвинение против маж и жена кои како соизвршители се товарат за помагање, во случајот со 18-годишникот од Скопје...

Македонија9 часа

Предлог-законот за пушењето не е удар по угостителството, туку заштита на здравото работно место, велат од Министерството за здравство

Предлог-законот за заштита од пушењето, подготвен од Министерството за здравство, предвидува забрана за пушење во затворени јавни и работни простории,...

Свет11 часа

„Не го чепкајте Гренланд“: Масовни протести во Данска и Нуук против плановите на Трамп

Големи протести против најавите на американскиот претседател Доналд Трамп за преземање на Гренланд се очекуваат денеска во повеќе градови во...

Свет11 часа

Украинска делегација заминува во САД за појаснување на условите за можен мировен договор со Русија

Украинските преговарачи патуваат во Соединетите Американски Држави за да ги разјаснат условите за евентуален мировен договор со Русија, изјави претседателот...

Спорт21 час

Македонија со пораз од Данска го започна Европското првенство

Ракометната репрезентација на Македонија, со пораз го започна настапот на 17-то Европско првенство во Данска, Шведска и Норвешка. Во првото...

Свет1 ден

Италијански министер ги исмева европските сили во Гренланд: „15 Французи, 15 Германци – звучи како почеток на виц“

Италија одби да се придружи на европската мисија во Гренланд, а министерот за одбрана на земјата, Гвидо Кросето, отворено ја...

Свет1 ден

Трамп им се закани на сите земји кои нема да го поддржат за Гренланд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се закани дека ќе воведе царини на земјите кои не го поддржуваат неговиот план САД...

Македонија1 ден

МВР ќе ги тестира поставените камери: од 20 до 31 јануари на местата каде ќе се вршат активностите, нема да биде дозволен сообраќај

Министерството за внатрешни работи известува дека во рамки на проектот „Безбеден град“, во периодот од 20.01.(вторник) до 31.01.(сабота) ќе се...

Македонија1 ден

Ја удирал по главата и телото, ја давел за вратот и скршил ребро: скопјанец осомничен за физички напад и загрозување на сигурноста на жена

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 51-годишен скопјанец за кого постои основано сомнение дека сторил кривично...

Македонија1 ден

Mицкоски очекува добри вести во наредните денови од САД

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува наскоро добри вести за македонските граѓани од САД. Тој појасни дека суспендирањето на визите...

Македонија1 ден

Преку фирми и даночни измами биле извлечени 4,8 милиони евра од државата – Обвинителството гони 20 лица, вмешани службеници од УЈП

Под раководство на јавен обвинител од ОЈО ГОКК, истражителите од Истражниот центар при обвинителството, со асистенција на МВР, вчера до...

Свет1 ден

Планoт за брз влез на Украина во ЕУ предизвика загриженост во Брисел

Брисел разгледува можност за напуштање на досегашниот модел на проширување на Европската Унија и воведување т.н. двослоен модел на членство,...

Топ1 ден

Почината жена пронајдена во стан во Струга

Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското...

Европа1 ден

(Фото) Макрон се појави пред војниците со црвено и отечено око

Емануел Макрон се појави со црвено око за време на неговото годишно обраќање пред француските војници. Тој се пошегува, користејќи...

Свет1 ден

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман испратија предупредување до Трамп

Саудиска Арабија, Катар, Турција и Оман го повикаа американскиот претседател Доналд Трамп да не започнува воздушни напади врз Иран, стравувајќи...

Свет2 дена

(Видео) Кенеди за исхраната на Трамп: Не знам како е сè уште жив, јаде навистина лоша храна

Американскиот секретар за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, се осврна на навиките за јадење на Доналд Трамп,...