Спорт
Ерани пропушти четири меч топки

Во единствениот одигран меч од второто коло на ВТА турнирот во Њу Хевн, Сара Ерани имаше 5:4, свој сервис и 40:15 против втората носителка Саманта Стосур но загуби.
Во единствениот одигран меч од второто коло на ВТА турнирот во Њу Хевн, Сара Ерани имаше 5:4, свој сервис и 40:15 против втората носителка Саманта Стосур но загуби. Не ги доби двете врзани меч топки, и како и уште две за победа, па Австралијката израмни и го доби мечот во тај брек. Марија Кириленко со 6:1, 3:6, 6:1 ја елиминира во првото коло минатогодишната финалистка Елена Веснина, која пак мораше да игра три квалификациски меча за да се пласира на главниот турнир. Во преостанатите мечеви од првото коло на женскиот дел од турнирот постигнати следните резултати: Тимеа Башчински (Швц.) – Јанина Викмајер (Бел.) 6:3, 6:1, Олга Говорцова (Блр.) – Андреа Петковиќ (Гер.) 6:2, 6:2, Марион Бартоли (Фр.) – Алона Бондаренко (Укр.) 6:7, 7:6, 6:3, Флавиа Пенета (Ит.) – Алиса Клејбанова (Рус.) 6:4, 6:4 Анастасиа Родионова (Авс.) – Светлана Пиронкова (Буг.) 6:1, 7:5. На АТП турнирот во Њу Хевн се одиграа натпревари од второто коло: Королев (Каз.) – Берер (Гер.) 6:4, 7:5, Ханеску (Ром.) – Брандс (Гер.) 6:3, 6:4, Голубев (Каз.) – Гонзалес (Арг.) 6:3, 2:6, 6:2, Мајер (Гер.) – Хајек (Чех.) 6:3, 6:1, Истомин (Узб.) – Бекер (Гер.) 6:3, 6:1, Степанек (Чеш.) – Гонзалес (Чиле) 6:2, 6:4, Габашвили (Рус.) – Малис (Бел.) 4:2 предадена, Марченко (Укр.) – Бестер (Кан.) 6:3, 6:3, Чела (Арг.) – Јанг (САД) 5:7, 6:4, 6:0, Де Бакер (Хол.) – Кукушкин (Каз.) 6:1, 6:7, 6:4, Лацко (Свк.) – Белучи (Бра.) 6:4, 6:7, 6:0, Багдатис (Кип.) Андреев (Рус.) 6:2, 6:4, Робредо (Шп.) – Дент (САД) 5:7, 6:4, 6:4. .крај/ап/м.н.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Погребан Диого Жота, соиграчите од Ливерпул дојдоа со венци во форма на дресови

Погребот на португалскиот фудбалер Диого Жота и неговиот брат Андре Силва се одржа во Гондомар.
Членови на семејството, пријатели и колеги фудбалери присуствуваа на погребната церемонија.
Претставници на Ливерпул беа, меѓу другите, Вирџил ван Дајк и Енди Робертсон.
Едниот носеше букет цвеќе во форма на дрес со број 20 (бројот на Жота), а другиот со број 30 (бројот на Андре Силва).

Тука беа и португалските репрезентативци Бруно Фернандеш, Рубен Дијас, Жоао Феликс, Бернардо Силва, Руи Патрицио, а поранешниот соиграч Жоао Мутињо положи венец во име на Вулверхемптон.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER