Спорт
Коби и Леброн водат во изборот за Ол стар екипата

Двете најголеми НБА ѕвезди на денешницата, Коби Брајант и Леброн Џејмс водат според бројот на гласови од навивачите во изборот за Ол стар екипата
Изборот на Ол стар се прави во пресрет на натпреварот кој треба да се одигра на 14 февруари на стадионот на Далас каубојс, кој има капацитет за 80 000 гледачи.Брајант до сега освои 1.380.383 гласови а Леброн се наоѓа на второто место со 1.351.292 гласа. Во првата петорка од западната конференција се наоѓаат и Стив Неш од Феникс санс, Кармело Ентони од Денвер ,Дирк Новитцки од Далас Маверикс и Амар Студемаер од Феникс Санс. А во првата петорка од источната конференција засега се: Кевин Гарнет од Бостон, Двејн Вејд од Мајами, Ален Ајверсон од Филаделфија и Двајт Хауард од Орландо.Гласањето за избор на кошаркари во Ол стар ќе трае до 18 јануари./кра/хрт/сл
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Аморим: Откако дојдов, најлоши сме во Англија

Фудбалерите на Манчестер јунајтед ќе го играат реванш натпреварот од полуфиналето на Лига Европа против Атлетик Билбао вечерва во 21:00 часот. Во првиот натпревар, „црвените ѓаволи“ победија со 0:3 и со една нога зачекорија во финалето.
Пред натпреварот, тренерот на Јунајтед, Рубен Аморим, се обрати на прес-конференцијата.
„Откако пристигнав, ние сме најлошиот тим во Премиер лигата во однос на резултатите. Мислам дека би можеле да бидеме најлошиот тим во Премиер лигата досега, кој освоил европски трофеј. Оваа сезона беше разочарување, најлошата во последните 50 години“, рече португалскиот тренер, а по него следеше неговиот играч Алехандро Гарначо.
„Знаеме дека не ја вршиме најдобрата работа во Премиер лигата. Ќе се однесуваме како да не сме победиле во првиот натпревар. Ако ја освоиме Лига Европа, ќе одиме директно во Лигата на шампионите и ќе можеме да ја започнеме следната сезона со подобар менталитет“, рече напаѓачот на Јунајтед, Гарначо.
И покрај тоа што имаат огромна предност, работата на „црвените ѓаволи“ дополнително ќе им биде олеснета бидејќи Атлетик има сериозни проблеми. Тренерот Ернесто Валверде за дуелот на „Олд Трафорд“ нема да смета на браќата Вилијамс, Инаки и Нико, односно Ојан Сансет.
Спорт
Педри: Ова не е прв пат Марчинијак да не оштети

Барселона и Интер во вторник вечерта го завршија еден од најдобрите двомечи во историјата на нокаут фазата од Лигата на шампионите. Откако двата натпревари завршија со идентичен резултат од 3:3, Интер успеа да постигне уште еден гол во продолжението и да се пласира во финалето.
Големо внимание покрај она што го прикажаа фудбалерите на двата тима, на стадионот „Џузепе Меаца“ привлече и полскиот судија Шимон Марчинијак.
Играчите, тренерот, навивачите и каталонските медиуми на Барселона се жалат на неговото судење.
Ѕвездата на Барселона, Педри, се огласи и ја повика УЕФА да го истражи овој натпревар.
„Ова не е прв пат овој судија да нè оштети. УЕФА треба да започне истрага. Секоја ситуација што беше 50-50 одеше во корист на Интер. Некои работи не ги разбирам и тешко ми е да ги објаснам“, рече Педри.
Неговите тврдења беа повторени во изјава за медиумите од тренерот на Барселона, Ханси Флик, но тој не побара истрага.
Но ништо нема да се промени. На 31 мај, Интер ќе го игра финалето на Лигата на шампионите во Минхен против ПСЖ.
Шпанскиот весник „Мундо Депортиво“ потсети дека односот меѓу полскиот судија Марцињак и Реал Мадрид е „пријателски“, а тие извлекоа и видео на кое тој има торба со логото на кралскиот клуб во соблекувалната.
Марчинијак го поништи пеналот на напаѓачот на Атлетико Мадрид, Хулијан Алварез, во осминафиналето од Лигата на шампионите оваа година за Реал.
Спорт
Венгер најавува ново правило кое од корен ќе го смени фудбалот

Фудбалот наскоро би можел да доживее вистинска револуција, а зад потенцијалната промена стои Арсен Венгер, легендарен тренер и сегашен раководител на одделот за глобален развој на фудбалот во ФИФА.
Неговата идеја би можела радикално да ги промени правилата на играта, а особено ќе ги израдува навивачите бидејќи, според најавите, би донела пофлуиден фудбал и би им ја олеснила работата на судиите.
Венгер се осврна на историјата на правилото за офсајд и објасни зошто дојде време за промена.
„Кога одлучивме, пред воведувањето на ВАР, дека повеќе нема офсајд ако сте во иста линија со дефанзивецот, тоа беше во 1990 година. По Светското првенство во Италија, немаше голови што беа признати ако сте биле во офсајд, дури и кога сте биле во иста линија со дефанзивецот. Во таа година, во 1990 година, беше одлучено дека играчот повеќе не е во офсајд ако е во иста линија со дефанзивецот“, објасни Венгер.
Повод за ваквото размислување е поништениот гол на Хенрик Мхитарија, во првиот полуфинален меч меѓу Барселона и Интер. Палецот на ногата беше во офсајд и поради тоа ВАР го поништи голот на Ерменецот.
„Кога се сомневате, предноста оди кај напаѓачот. Тоа значи дека кога има некаква минимална разлика, како што видовме сега, напаѓачот би имал предност порано. Со ВАР, таа предност исчезнува. И многу луѓе, мислам дека во Англија, изброија 37 поништени гола поради минимален офсајд. И тоа е фрустрирачко. Затоа предложив решение. Сè додека кој било дел од вашето тело е во линија со дефанзивецот, не сте во офсајд“, додаде легендарниот стручен коментатор.
Венгер појасни дека ќе го изнесе ово предлог пре надлежното тело (ИФАБ), а дека околу неговата примена ќе се разговара за една година.
🗣️ "That's why I proposed that as long as any part of your body is on the same line as the defender you're not offside. In one year the decision will be made by the IFAB."
Arsene Wenger provides an update on developments to the offside rule!#beINUCL #UCL pic.twitter.com/iTuHxCgqYW
— beIN SPORTS (@beINSPORTS_EN) May 6, 2025