Свет
Во САД уапсени десет руски шпиони
Десет лица се уапсени во Америка под обвинение дека биле тајни агенти на руската влада кои имале цел да продрат во политичките кругови на американската влада и да испраќаат разузнавачки извештаи, соопшти во понеделникот доцна попладне Министерството за правда на САД
Осум лица биле уапсени уште во неделата за наводно спроведување на долгорочна задача на т.н. „длабоко прикривање“ во САД во името на Руската Федерација. Двете дополнително уапсени лица биле откриени во неделата за наводно учество во истата руска шпионска програма во САД, се нагласува во соопштението на американското Министерство за правда што го пренесуваат американските медиуми. Руските медиуми во понеделник доцна навечер детално го пренесуваат обвинението и соопштението на американското Министерство за правда, но нема официјална реакција на руските власти.
Обвиенти за шпионажа и перење пари
Според пишувањата, американската влада пресретнала порака од разузнавачката централа во Москва за двајца од обвинетите по име Ричард и Синтија Марфи од Монтклер во Њу Џерси.„Испратени сте во САД во долгорчна служба. Вашето образование, банкарските сметки, автомобили, куќите и слично, се’ и’ служи на една цел – да се исполни вашата мисија, односно да барате и да развивате односи во политичките кругови во САД и да испраќате разузнавачки извештаи“, наводно пишувало во пораката од Москва која е цитирана од медиумите во САД.Вкупно има 11 обвинети, од кои десет се уапсени, и тие се товарат за две одвоени кривини тужби – за заговор со цел да дејствуваа како агенти на Русија во САД, за што може да добијат казни до пет години затвор. Федералниот закон забранува поединци да делуваат како агенти на странски влади на територијата на САД без за тоа претходно да го известат американското Министерство за правда. Покрај првите обвиненија, девет од уапсените се товарат и за учество во заговор за перење пари, за што следува казна од 20 години затвор. Обвинетите Ричард и Синтија Марфи кои агентите на FBI ги уапсиле во нивниот стан во Монтклер во сојузната држава Њу Џерси, требало да бидат изведени пред судот во Менхетен. Пред истиот суд ќе бидат изведени и Вики Пелаез, Хуан Лазаро уапсени во Јонкерс во државата Њујорк, како и Ен Чемпен уапсена на Мехентен.Обвинетите Мајкл Зотоли, Патрисиа Милс, Михаил Семенко уапсени во Арлингтон во Вирџинија ќе бидат изведени пред Сојузниот суд во Александрија. Доналд Хауард Хитфилд и Трејси Ен Ли Фоли уапсени во Бостон ќе бидат изведени пред тамошниот сојузен суд, додека обвинетиот Кристофер Метсос ќе се брани од слобода, соопштило американското Министерство за правда. За заговор за перење пари се обвинети сите, освен Чепмен и Семенко. Вмешани и руски дипломати во ЊујоркАпсењата дошле како резултат на повеќегодишна истрага за руската шпионска мрежа во САД што ја спроведувала FBI, државното обвинителство од јужниот њујоршки округ и службата за контрашпионажа, како и одделот за национална безбедност при Министерството за правда. За овие цели, според судските документи, шпионите добивале дипломи на универзитетите, да водат семеен живот, па дури и да имаат деца за да ги направат своите „животописи“ што поподобни…Во документите на обвинителството се тврди дека осомничените, на секој начин се обидувале да ја сокријат својата врска со Русија, но во неколку наврати биле видени при контакти со руски претставници. FBI тврди дека успеало да најде документи за суми за плати и за покривање на трошоците на обвинетите за шпионажа. Бирото тврди и дека има и видеозаписи од некои средби на уапсените со обвинетите.„Заговорниците користеле тајни методи на комуникација, како на пример стенографија и радиографија, односно заштитени информации запишани со таен код во посебни фајлови“, се наведува меѓу другото во документот од американското Министерство за правда што го пренесуваат и руските медиуми.Кај уапсените во Бостон биле запленети компјутери во кои наводно било откриено дека од нив се избришани некои датотеки. Според претпоставката на обвинителството, тоа биле, всушност, нацрт-документи префрлени во московскиот центар.„Во текот на една ваква средба, руски официјални претставници му дадоа на агентот Лазаро пари за неговата работа во полза на Русија“, стоело во извештајот на американското Федерално истражно биро (FBI). Исто така, кај уапсените биле најдени и лажни патни исправи за патувања во Русија и лажни идентитети. Од едно од тие патувања во Москва, Ричард Марфи, наводно, се вратил со сомнителен лаптоп кој потоа му го предал на Мајкл Зотоли за да може да комуницира со центарот во Москва.„Во јануари 2010 г. агенти од нациоаналната безбедност, постапувајќи во согласност со инструкциите, ја следеле Ен Чепмен, во различни делови на градот Њујорк. Таа десетина пати во периодот меѓу јануари и јуни 2010 г. била забележана во непосредна близина на руски функционер кој е често гледан дека влегува во зградата на Руската мисија при ОН во Менхетен“, се наведува во судските списи за овој случај, при што се забележува дека тие одржувале тајна комуникација преку приватна безжична мрежа.Русите не коментираатПостојаната мисија на Русија во Обединетите нации не го коментира соопштението на Министерството за правда на САД за апсењето на 11 осомничени за шпионажа во полза на Русија, од кои некои, според обвинителството, биле во контакт со претставниците на Руската мисија во ОН во Менхетен, изјавил за РИА Новости претставник на Руската Федерација при ОН во понеделникот навечер.„Не можеме да го коментираме ова соопштение. Немаме информации за овој случај“, изјавиле до постојаната Мисија на Русија во ОН.Во обвинителните документи на американското Министерство за правда се споменуваат „руски владини претставници“, кои „често биле забележувани надвор од зградата на Руската мисија во ОН на Менхетен“. Според визните податоци на FBI добиени од Стејт-департментот, било утврдено дека еден од нив е „вториот секретар на мисијата“, а друг е „третиот секретар на мисијата“, се наведува во споменатиот соопштение од американска страна.Според FBI, уште еден руски државен службеник бил идентификуван од страна на американски дипломат, како човек кој се претставил како член на персонал на руска амбасада во една јужноамериканска држава. Истргата на Федералното биро покажала дека контакти меѓу уапсените и руски владини претставници имало уште од 2004 г. до почетокот на 2010 г.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

