Свет
НАТО пресретна „непријателски“ танкер крај либискиот брег

Силите на НАТО го пресретнале во близина на брегот на Либија танкерот „Јупитер“, сомневајќи се дека го користат поддржувачи на Муамер ел-Гадафи за воени цели,
Силите на НАТО го пресретнале во близина на брегот на Либија танкерот „Јупитер“, сомневајќи се дека го користат поддржувачи на Муамер ел-Гадафи за воени цели, пренесува во петокот за Reuters повикувајќи се на извештаи на заменик-портпаролот на Алијансата, Кармен Ромеро. „Поморските сили на НАТО може да им попречат на бродовите при впловувањето или испловувањето од либиските пристаништа, доколку имаат веродостојни информации дека овие бродови или нивниот товар ќе биде директно или индиректно искористен за поддршка на нападите против цивили“, објасни портпаролката Кармен Ромеро
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Зеленски: Подготвени сме да разговараме за територија, но само под еден услов

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави денес дека Украина ќе биде подготвена да разговара за територијални прашања како дел од мировните преговори, но само откако Русија ќе се согласи на целосен и безусловен прекин на огнот.
„Целосно и безусловно примирје отвора можност да се разговара за сè“, изјави Зеленски пред новинарите во Киев.
Тој ја коментираше и изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој во интервју за „Тајм“ изјави дека „Крим ќе остане со Русија“.
„Она што го кажува претседателот Трамп е вистина. Се согласувам со него дека денес немаме доволно оружје за да ја вратиме контролата врз Кримскиот Полуостров“, рече Зеленски.
Да потсетиме дека украинските претставници претходно решително ја отфрлија можноста за какви било територијални отстапки во замена за мир со Русија.
Европа
(Видео) Кремљ: Украинците убија генерал со автомобил-бомба во Москва

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја обвини Украина за денешниот напад со автомобил-бомба во Москва, во кој беше убиен рускиот генерал Јарослав Москалик.
„Киевскиот режим уште еднаш ја покажа својата вистинска природа. Киевскиот режим продолжува да се вклучува во терористички активности во нашата земја“, рече Песков. „Ова уште еднаш покажува дека, и покрај мировните преговори, мора да останеме будни и да разбереме со каков режим си имаме работа“, додаде тој.
Video allegedly showing the moment Major General Yaroslav Moskalik, deputy chief of the Main Operations Directorate of the General Staff of the Russian Armed Forces, is killed by an IED planted in a VW car in a suburb of Moscow. pic.twitter.com/dg80a3CAwm
— Euan MacDonald (@Euan_MacDonald) April 25, 2025
Украинските власти сè уште не дадоа коментар за нападот. Претседателот Володимир Зеленски денес, по рускиот ракетен напад врз Киев во кој загинаа 12 цивили, повика на дополнителен притисок врз Москва.
Европа
Зеленски: Поголемиот број делови од севернокорејската ракета испукана кон Киев доаѓаат од САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес на социјалните мрежи објави дека ракетата употребена во вчерашниот напад врз Киев, во кој загинаа 12, а беа повредени повеќе од 90 лица, е произведена во Северна Кореја.
„Недостатокот на доволен притисок врз Русија им овозможува да увезуваат такви ракети и друго оружје и да ги користат тука во Европа. Недостатокот на доволен притисок врз Северна Кореја и нејзините поддржувачи овозможува производство на такви балистички ракети“, рече Зеленски.
Тој додаде дека ракетата што го погодила Киев содржела најмалку 116 компоненти од други земји. „За жал, повеќето од овие компоненти беа произведени во Соединетите Американски Држави“, рече Зеленски.
Тој, исто така, предупреди за поширокиот контекст на војната.
„Во денешниот свет, секоја војна може многу брзо да вклучи широк спектар на актери. Жртвата на агресија никогаш не се брани само од еден непријател, туку од цела група помагачи. Затоа е важно одбраната да се базира на колективни напори“, рече Зеленски.
Тој повторно повика на итен притисок врз Москва.